Исто и јас ко Саја. Ама имам една што ја мањачам нонстоп зашо ми е многу убава и згодна иако објавува само баш вакви слики
Некои работи не да отидоа преку границата на нормалата, абе далеку дотуркаа! Кога ке видам колку се соблакаат за еден проклет лајк, ми се темни! Како што има еден статус: Што и фали на слика со 300 лајка? - Облека! Дефинитивно така си е За греота се жими се !
немам ама баш ништо против....на својот сопствен профил секој може да си поставува слики какви сака и не го сметам тоа за фејсбук проституција...никогаш не сум ставала и нема да ставам такви слики,ама не го сметам тоа за нешто најодвратно....сите од нас некогаш имаат ставено на фб слики од одмор по купаки....епа за мене е сосем исто да гледам некоја во долен веш и по купаќи Ч)
Да има премногу разголени девојки....кога тие сами не можат да се опаметат и сакаат како такви да бидат гледани, па подоцна можеби ќе им дојде умот ако се случи нешто полошо со тие слики и ако им прават лажни профили. Невкусно е зошто на фб има луѓе од различна возраст
Мизерија се,ги има многу,намерно ставаат "прости" слики за да привлечат внимание мислејки дека така ќе постигнат нешто ама тоа е имаш право пупи касно ќе биде коа ќе се опаметат. Имам помал брат реакцијата коа ќе види нормално сликана девојка и расоблечена е неверојатна веднаш врти теми као нечинат таквите за ништо не ги бива ова она ама сепак и става лајк и дава поддршка да види до кај ќе иде со тоа.. Они се бедни а машките уживаа во нивната глупавост..
Луге секаде го има тоа веке.Додека бев во Италија зборував со една сосетка на плоштад и тогаш дојде една девојка да се поздрави со мене и нејзе.Кога си замина почна да зборува за нејзе за нејзините слики на фејсбук. Мене не ми се веруваше па таа ми понуди да се уверам самата и се запрепастив од тоа што го видов. Сликана на танга гакички,на беби дол,полу гола.Ова е веке претеризам.Дали воопшто родителите знаат што ставаат своите деца на фејсбук?И јас имам слика на бикини ама само една и тоа сокриена. Фејсбукот е супер работа ама се си има свои граници.А пак и кога видам некој кога ставил слики од одмор и тоа од 200 нагоре се ежам од самата помисла на тоа.
Гадно стварно моја женска или сестра или нешо мое друго онака да се напучи на фејсбук да ја гледаат сите ќе ја откажам цел живот в очи нема да ја погледнам нити да и прозборам
Забележав дека на оваа тема само двајца искрени момци одговориле, и ми е многу мило. Знам дека и покрај тоа што е главно сајт, форум со женски теми, има и лица од спротивниот пол, што исто ми е мило. Многу ме интересира да чујам и нивни мислења. Затоа што на такви одвратотии кога гледам, читам коментари на момци, што у секојдневен живот се претставуваат како вистински мажи или андерграунд типови, а коментарите се од типот на срце си, многу си слатки4ка..срценца ѕвездички. Мислам, и се надевам уште повеќе дека тоа е се од сарказам и крајно зае*авање со цурите. Меѓутоа, нема само девојки кои се проституираат. Не знам како би го нарекле тоа, но исто се згрозувам од слики, мнооогу ефтини лоши слики, од момци, маж..деца, голи, со напумпани и напрчени бицепси, трицепси и слични бедни фотки. Ова го пишувам, затоа што видов двајца пријатели, од коишто никад не би очекувала нити профил да направат, занејќи ги одамна, доста паметни дечки, со разголени слики, не една две...сите !! Не знам за вас, мене ми екстремно лошо изгледа. Жално е, жално.
ставањто фотки на фб со долен веш или по купаќи воопшто не е проституцуја.....насловот е грешка Проституција е давање сексуални услуги за пари
Ставањето слики по купачи или веш мене лично мии е одвратно многу,не мора сите да те гледаат,особено ако имаш 1000 пријатели со кои всушност не си пријател.Па е на некој начин како реклама за проституција оти ми е мене ниско и глупа за Шо?за Лајк па то е патетично
па не за лајк...ја не сум 15 годишно девојче да ставам слики за лајк....ставам слики од лична сатисфакција...имам еден куп другарки кои ставаат слики по купаки од одмор..па да ти кажам воопшто не се глупи и ниски....Глупавоста е сосема друга работа
О за лична сатисфакција? Многу ќе ти биде голема сатисфакцијата кога не дај Боже некој ден нема да си свесна што те снашло зашто секакви манијаци и педофили зјапаат по фб профили на токму такви девојчиња кои се разголуваат и пишуваат на статус дури и кога одат да серат. Замисли ја ситуацијата... Имаш преку 1000 пријатели од кои реално само 100-200 познаваш. Имаш еден куп слики разголена, било да е од одмор или не, натртена и незнам веќе со градите до устата кренати... Пишуваш на статус дека одиш таму и таму, а во твоите фб пријателчиња има некој залутан манијак или педофил кој случајно си го прифатила или додала. Дали знаеш што се може тоа да ти донесе, како тебе така и на твоите другарки? Не ја предизвикувам судбината, но на денешницава какви се не расипани суштества постојат, а вие си поигрувате со тоа заради лична сатисфакција. Несакам ниту да звучам како баба ми, но само замисли си ја ситуацијата до која може да те доведе твојата лична сатисфакција. И воопшто не е вкусно, ниту секси туку е ефтино и просто, незнам како не помислувате дека можеби во токму овој момент некој си го тинка на вас.
И јас мислам дека Фб не место за да се ставаат вакви разголени слики затоа што профилот е место кој може да го посети секаков манијак и не само тоа тука може да го гледаат и родители на твои другарки или пак твои возрасни роднини е па зошто да дозволите некој да ве озборува врз основа на тоа ? затоа што кога ке ги видат сликите на 13 годишно девојче кои се безобразни и разголени сигурно нема да кажат убави зборови за неа туку ќе почнат да ја осудуваат и да измислуваат муабети кои можеми и воопшто не се точни. Ајде еднаш засекогаш да престанеме фб да го правиме место каде можат да се наоѓаат проститутки
дечиња не ја мешајте проституцијата каде не и е местото......се кладам дека на 70 посто од вас на вашите профили имате ставено слики од одмор.
Па секако дека имаме ставено од одмор слики ама се си има свои граници на дозволеност.Како кажа Офи погоре така и јас ке се согласам со нејзе.Што е финтата да ставаш слики со бикини?(иако и јас имам една ама е сокриена)или пак со напрчени усти и натртен задник,или пак фотка во wc?онака разголена?мислиш дека сите тие што ти ставаат срценца кисчиња и такви коментари го мислаат тоа сериозно?Не драга,само те исмејуваат или како спомна Офи некој си го тинка на тебе? Ако тоа ти го дига егото слободно продолжи да се сликаш па ако треба и по танга за еден глуп лајк што не значи ништо. Лична сатисфакција?Објасни ми што значи за тебе лична сатисфакција?Што гледаш убаво во тоа да ставаш разголени фотки?И пак ке ја цитирам Офи...имаш преку 1000 пријатели од кои дали 200 или 300 ги познаваш а се кладам дека нема ни толку мегу нив се најде некој болен манијак кој те демне постојано?Па утре се жалете по тв ме пресретна манијак сакал да ме силува После педофилот бил виновен my ass.Како нема да му се присака кога има можност да гледа разголени девојки,минич до пич и така натака.МАшко е и тој си има потреби(Не дека ги оправдувам педофилите но кога ги предизвикувате)
Имам слики со бикини и топ ми стојат Што ми е гајле пола и више од пријателите ме имаат видено во бикини и во живо, останатите може само слики да гледаат, нека се ложи кој сака Имам 200 пријатели, сите ги познавам непознати немам Дали правам проституција на профилот? Па не би рекла, јас под темава подразбирам да имаш ставено провокативни слики и да си правиш бизнис со тоа, онака додаваш пријател он ти нуди средба ти му бараш пари и биднува работата. Штом до сеа никој не ми понудил такво нешто добра сум
Немам такви цуциња за пријателки на ФБ. Имам многу одбрана банда од 181. Сите нормални фала му на Господ и сите ги познавам. Имам додуша еден момак што се штрака во тесни, црвени боксерки, можеби во слободно време е некој бабоје*ач, не знам јас тоа, не му се мешам во интима. Да е само алармантна ситуацијата на ФБ, јас ќе частам. Не дека е нешто за фалење работава, ама барем ќе го запоседнуваат само виртуелниот свет, а не и кафичи, дискотеки, факултети, сите можни места. Секаде има миничи до гз, секаде усните им се напупени со сјајчиња чиј блесок око ќе ти истера, се тртат ко некои нимфоманки млади девојчиња, се нудат самите ... Резил. И катастрофа.
Фејсбукот ги задоволува двете основни човечки особини - да се биде виден и да се засити љубопитноста. Кога ќе ги споиш ете зошто има луѓе кои вечно ќе шараат со очињата по профилите, и луѓе кои сакаат да се пофалат макар и со сопственото гомце и го ставаат на Фејсбук. Голотии кај моите пријатели не гледам односно немам време да ги загледам искрено. Тоа што не ми се појавува во news feed за мене ко да не постои. Да не ми текнало сега да ги прегледам детално сите профили на сите? Абе ај Свесна сум дека постојат голотии и глупости, ама ако си сакаат јас викам - ако. Нека им стои. Иам слики у бикини - абре ова тело мора да се покаже негде нали? (задоволен човечкиот нагон да се покаже и истакне кога е задоволен самиот со себеси) И иам слика пред огледало у Веце. Носи наслов - да мочам или да се сликам за Фејсбук. (задоволен критериумот - не знам веќе каков, не ми текнува, ама секој мора да има ваква слика бе) Кој нема смисол за хумор, може да ме сфати секако. Ама моите пријатели на фејсбук се надевам дека го контаат мојот. И такој бе Уф заборавив да сменам relationship status бе па За чисто да се има вистинска слика за реалната Пирамид. Ум је!
еве на пр со дечко ми си бевме на одмор и тој и јас на фб имаме ставнео слики по купаќи...па ајде сега убијате ме зашто јас сум проститутка.... и бомбардирајте ме со осуди дека тоа не чини и е валкано ама се држи земјава не ми е чудно