1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Famous in Love (2017)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од badgirl2, 27 април 2017.

  1. badgirl2

    badgirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Гледам по фејзбуков ми излегуваат трејлери од оваа серија.Режирана е од режисерот на слатки мали лажливки.Мислам дека сеуште ја нема ставено онлајн.Што мислите вие за оваа серија?

    https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1481930818518336&id=932628506781906
     
  2. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Јас ја изгледав и искрено оваа ми спаѓа во серии кои што не ги препорачувам.
    Ја гледав заедно со другарка по нејзина желба и што се однесуваше до мене, после првата епизода ќе ја прекинев.
    Прво серијава е од Марлин Кинг, а сите кои ја гледале Pretty Little Liars можат да претпостават дека серијава си има доста мани и недостатоци.
    Прво не ми се допадна, кога се снимаат серии од ваков тип, односно кога се работи за Холивуд нели, зашто во серијава се збори за познати актери(номинирани за Златен Глобус патем) тогаш тоа нека биде и реализирано така. Ми недостигаше сиот оној гламур,па и сетовите каде се снимаше филмот, ништо не беше правилно претставено. Многу евтино ми делуваа сцените и самите ефетки што ги користеле беа ужасни. Значи кога немаш буџет за да направиш нешто како треба, тогаш не ни прави.
    Познати актери, никој од нив нема обезбедување што ми беше многу комично, така си се шетаат сами кај ќе им текне, па папараци, фанови едно друго ништо немаше од тоа. Одат на премиера на филм, двајца без тројца застанати со камерите и со микрофоните демек интервју бараат.:D
    За ликовиве, ниту еден не ми беше нешто многу допадлив.
    Бела Торн ми е антипатична, едноставно нема глумачки способности и тоа е тоа. Заљубена во другарот, после во актеров, ни сама не знае што сака. Тој другарот нејзин исто ми беше еден од поантипатичните ликови. Себичен, според мене само си ја искористи и неа и таа Алексис за да си се пробие самиот и на крај убаво го зафркнаа. Единствено Рејнер ми се допадна, барем од сите ликови и релативно непознати глумци он ми се издвојуваше.
    Тој другар му другиот глумец, прво актерот врска си нема од глума, сите 10 епизоди имаше една фаца wanna be bad boy, па уште кога кажаа демек бил номиниран за Златен Глобус си се изнасмеав.:D
    И не триаголници љубовни, четириаголници. Секој со секого. Една де е геј, де е стрејт, со 4 беше во тек на 3 епизоди. Мајка му на Рејнер исто, со другарот на син и, што е 30 години помлад од неа, опсесивно љубоморна што смешно ми дојде. Па драми од типот на не ти овој татко, овој ти е.
    Уште многу би пишувала за тоа колку е лоша серијава, така да ви препорачувам да не си трошите време, затоа што стварно не ја бива.
     
  3. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    значи не постои серија што ја немаш гледано ахахахха ко тиви шоу апликацијана си :D
     
  4. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Кога имаш малку повеќе слободно време и го користиш гледајќи серии. :D
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. badgirl2

    badgirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски

    Ја има вака онлајн да ја гледаш без да ја симнуваш.Ако ја има и ако не ти е тешко да ми пратиш линк.
     
  6. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Мене пак интересна ми е оти е онака chill, на шпанските серии ме потсетува. Не е некоја wow серија со којзнае каква тематика, повеќе ми е кога нема што да правиш летото да има што да гледаш. :D
    Не ја сакам Бела ама тука ми е симпатична.
     
  7. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    1.080
    Пол:
    Женски
    Ја има цела прва сезона, 10 епизоди.

    http://watchseries.cr/series/famous-in-love/season/1

    Инаку мене не ми е ништо посебна, изгледав веќе 7 епизоди. Ликовите ама ич не ми се свиѓаат, таа главната посебно како во глава целата да е и не ми глуми убаво |(
     
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    29.209
    Пол:
    Женски
    Ја имаше сестра ми симнато серијава, и почнав да ја гледам. Не знаев дека е од Марлене Кинг, ама од првата епизода одма познав. Ги изгледав сите епизоди, ради реда, у главно зошто немав што да гледам дур бев без интернет. Мене Бела Торн ми е интересна како личност, али не како глумица. Боље би била ко модел на пример, пошо реално не ја бива за глумење :D

    Приказната малку глупичка, од толку девојки што беа на аудицијата, па и оние што веќе беа познати актерки во Холивуд, баш неа најдоа да ја одберат. Нереални моменти еден куп, посебно тоа кога си шетаат секаде без да ги бркаат папараци, па дури и на факултет оди и на предавање типкава, и никој ништо не реагира од останатите студенти, а она е демек најпозната млада нова актерка. Yeah rightttt. Ако сакале реално да покажат како функционира Холивуд со серијава, fail-нале гадно. Реална серија од тој тип е на пример Unreal, e таму е покажано како продуцентите и снимањата стварно функционираат.

    Џејк и Касандра, испаднаа крајно љубоморни и користољубливи, а цело време беа околу тоа friends forever, blah blah. Многу фејк. Рејнер крајно одвратен глуп лик. Од лигавите линии што ги кажуваше превртував очи цело време.

    Не знам дали е прекината серијава или не, али не верувам дека ќе продолжам да ја гледам, освен ако не сум принудена :D
     
  9. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.171
    Допаѓања:
    23.079
    Пол:
    Женски
    Дали некој знај дали ќе има 2 сезона? :)