1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Farsali Farah - масло за лице

Дискусија во 'Лице' започната од buba4e89, 5 октомври 2017.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Меѓу бјути блогерките се појави ново масло за лице Farsali.
    Неговата моќ е да нуди хидратација на вашата кожа, да го спречи стареење, да ги "нахрани" вашите суви кремови за лице, коректори итн.
    Исто така може да се користи и за усни, го спречува нивното сушење а најдобра нега се добива кога се користи како основа за мат кармини.
    Основата на овој луксузен еликсир е маслото од семето од шипинка. Семето од шипинка е составено од 77% масни киселини - со линолеви и линоленски киселини, витамин Ц и витамин А (ретинол) - од суштинско значење за здравјето на кожата. Откриени се шипинки кои го регенерираат ткивото и го намалуваат изгледот на фини линии, хиперпигментација и стрии.

    Постојат три типа на масла за лице тоа се: Rose Gold Elixir кој чини 54 долари 30мл на официјалната страна на Фарсали потоа Farsali Volcanic Elixir кој чини 37 долари исто на официјалната страна на Фарсали и Unicorn Essence кој чини 54 долари.
    Сите три се за сите типови на кожа без хемикалии и без парабени.
    [​IMG]

    Со оглед на тоа дека брзо се проширија во светот, се појавија и фејк елексири кои имаат опасно дејство на кожата. Неколкумина купувачи велат дека по нанесувањето се чувствувало како да гори кожата, ниската цена на Фарсали ги намамила купувачите повеќето се млади девојчиња.
    Untitled.png
    На сликата е составот на лажниот розе голд фарсали.

    Сакав да ве прашам дали некој од вас го нарачала овој волшебен еликсир, го има на бјутибај по цена од 50тина евра.
    Што мислите?
     
  2. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Каде може да се купи маслото? (мислам на оригиналното)
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    На бјутибeј ( beautybay.com)
    Доколку го нарачаш и го пробаш, драго би ни било да споделиш мислење.
     
  4. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Тешко. . . Немам стандард јас, за толку скапа козметика.