Па девојки, мислам дека насловот на темата кажува доволно - Fashion Must haves за сезоната што следи... Мислам дека ќе биде интересно да дискутираме за тоа што е она што "мора" да се има, односно што ќе биде доста популарно, IN во сезоната што доаѓа... Кои бои? и не е битно дали е облека, чевли, аксесорис... Дали би си купиле нешто од овие must haves, или сепак ќе се држите до вашиот стил? Ајде секакви мислења се добредојдени И сепак подобро е ваши мислења, не од типот на слики што модните креатори избрале за must have, мислам нормално може и слики но пред се поубаво е според ваше мислење па макар и предходно било негде прочитано што би било хит за сезоната што следи Ај доста беа објаснувања , јас да се искажам што според мене е must have за пролет 2011 : 1. Принт хулапоки - цветови, енимал принт, со други принтови 2. Цветен дезен (ко и минатата пролет) - фустанчиња, маички, сукњи... 3. Nude color или боја слична на кожата (од најсветли до потемни нијанси) - палтенца, фустанчиња, па дури и чевли... 4. Широки панталончиња и сукњи, но со висок струк. 5. Доминантен накит - ланчиња со големи привезоци, или повеќе привезоци и слично, големи прстени... Па феминки кои се вашите must haves за оваа пролет? Спојлер Ако темава е дупла, слична или незнам што, канта кантица се разбира
Кафен тенок каиш ми е еден од фаворитите за оваа сезона што следи. Мислам дека секое парче кое ќе биде во тренд е возможно да се комбинира со тенко каифче. Од кошули до сукњи. Хеланки со цветен принт. Во комбинација со долг џемпер. Полн погодок за во секојдневието. Обични маички со некој специфичен и доминантен додаток. Во неутрални и неупадливи бои. Бисерите како додаток, неизбежен дел за да се постигне рамнотежа помеѓу урбаното и класичното. Нагласени усни со неутрални очи. Супер опција и за дневен и за вечерен изглед. -Чанти со Chanel дизајн, и оние построго дефинираните форми на чанти. -Кафени салонки, антилоп или кожа- сеедно, кафената салонка ќе биде вистински хит. -Лак за нокти во неутрални кафени бои, мат нијанси на истите. -Широки, вреќасти џемпери. -Накит кој изобилува со впечатливи форми. Сребро и старинарници. -Палто, без разлика на бојата. Оваа сезона е неизбежен хит. -Фустан со цветен принт -Скини фармерки за посериозни прилики, но и вреќасти во комбинација со топ и салонки. Во глобала тоа е тоа. Јас мислам дека овие парчиња ќе бидат неизбежни во сезонава што следи
Некако гледам светкиве трендови се ориентираа кон нежните пастелни нијанси на крем, сино, праска боја, а ние сега почнуваме тек ланскиот принт да го посакуваме цветовите пред се, медовата кафена, џинсот, пластичната реј бан цвикера, винтиџ накитот ... Девојките над мене кажаа што е општо маст хев а јас лично ќе си кажам што посакувам за летово и што јас морам да имам. Пред се зависи од џебот и зависи од изборот тука којшто е никаков 1. Крем панталони, хммм сакав оние до глужд со повисок струк ама откако пробав 10тина и видов дека поради мојата висина сум како кловн во нив ќе барам претпоставувам друг модел 2.Сандали на плута 3. Долга беж сукња, како на мојава цура на луклет 4. Moж и некое цветно фустанче 5. Сакам некоја блуза па и сукња може во бојава (корално црвена) 6. Сакам медово кафено кошулче 7. Ташна и блуза во бојава И секако од накит никогаш доста Е така овие парчиња за мене се маст хев, а би се радувала и на други девојки да ги видам. До летоска уште 12832997554 пати ќе ја дополнам листава
Овие се неколку работи кои мислам дека се Must Haves, но тоа не значи дека се Must Have за мене, него општо гледано што е акктуелно на модните писти и околу модните писти хахах Иако јас би умрирам по некои од овие работи, но .... хахах позз Must Haves 1. Штикли во неаутрални и пастелни нијанси 2. Облека во пастелни, неаутрални нијанси (кремаво, бело, светло кафено, светло розево, праска боја итн) 3. Messenger Bags (знам дека беа во мода уште од предходната година, и тоа ташните на Mulberry, но ова година многу дизајерни покажаа интересни модели) 4. Макси сукњи 5. Јакни, сукњи, фустанчиња од џинс (Vintage-style denim) 6. Прстени Плуц морнарски детали, фустанчиња со цветни дезени, шорцеви со висок струк, комбинезони (целосни пантолони или шорцеви) ....
Да да дефинитвно кожно тенко каивче Исто за мене must have за пролеттва се Stripes - маички, блузички, фустанчиња со линии А од модните писти доаѓаат must have cat - eyes наочари за сонце Мене ич не ми се допаѓаат, не би ги носела, како да ми ја менуваат фацата ми се
Оу не. Само ова не се надевам нема да стигнат до кај нај. Јас и оваа сезона ќе си останам верна на олд скул реј бан. А девојки ме интересира ваше мислење на бои на лакови за нокти за сезонава што следи....
Според мене Ин оваа пролет би биле по нежни бои на лакови, т.е колоритни, корални бои, но во понежна варијанта. Мислам на... Во план сум некои од боиве да ги купам во најбрз рок Сепак појаките бои би ги оставила за лето
Е што да ставам јас кога веќе сте ставиле се?! Се што имате постирано погоре ми се допаѓа, без исклучоци.
Само јас пак морам да искоментирам малку на постот од Ла Чика Tие пастелни бои, тие лакови, тие светли комбинации јас тврдам дека догодина ќе се носат кај нас, иако од лани е актуелна кремастата, беж, бебешко сината, светло праска како и да се викаат боиве така да тие комбинации ќе се носат кај нас онака во мали количини како во светот лани, а овие новиве догодина дури ќе ги дочекаме! Значи ако лани беа модерни во странство принтовите, цветовите, кафената медова боја, гломазниот накит, кај нас тоа оваа година е маст хев! Ние сме испомешани, од причини што имаме недостаток на брендови за широка потрошувачка од спектарот на Зара, Бершка, Х&М, Пул&Беар кои иако и тие знаат да каснат малку сепак се повеќе во тек од овие кинезиве кои нас не преплавуваат Така да светските и нашите Маст хев се разликуваат
ми се допаднаа повеќе од претходните мислења па еве и јас да додадам нешто според мене MUST HAVES за следната сезона...
морам да го натепам гардероберот со цветни маички, маици со чудни апликации и во морнарски стил, особено овие со цветови фетиш ми се!
1. Според мене и црвено ќе е во мода 2. Мантилчиња - црвени или крем 3. црни цветни чипкани (или како да ги наречам) хулахопки 4. тексас кошула
Роси Зашто бе догодина? Нормално дека кај нас сме малце назад, ама ене го Солун за 3-4 саати и си купуваш се што е must haves оваа пролет (ма да има и кај нас нешто де, не сме толку сеа вкрај! ) И точно е дека овие бои беа актуелни и лани и цветен дезен и други работи, но и оваа година се актуелни и те како Јас темава ја отворив инспирирана од една блогерка, она имаше пост околу must haves for spring 2011 и многу од овие работи што ние ги имаме постирано ги имаше и она спомнато... остај ги ти продавнициве наши ако каснат со мода, не значи дека и нашиот сенс за фешн касни
Како и секоја сезона, така и оваа, мудро и со големо задоволство ќе ги одбегнам поголемиот must haves замки, зашто е многу просто и едноставно - не сакам да пливам во море со сите униформирани рипчиња (без навреди молам) и најважното, а сите го забораваат - не стои се' на секому бре луѓе. Зошто да се пикам во цветен дезен кога не ми доликува воопшто, ниту тоа сум јас? Или дезенот со риги, а.к.а браќата Далтони од Таличен Том. Многу мразам инаку девојки кои по секоја цена се пикаат во парчиња кои се ин и во мода, како фијаското наречено - И јас имам шалвари итн, итн... И еве, вакви маички во меки бои, со убав вез на рабовите, или сосем едноставни како белата, пријатни и удобни, понекоја нежна марама, имам на ум да си купам рамен качкет од чаршија, таков како на дедо ми по можност со интересен дезен... Во принцип јас сум сериозна кога велам дека на жената не и требаат повеќе од 3-4 чанти - за работа, која би собрала секакви ситници и папка со документи, за прошетка, плик чанта за вечерно излегување и уште една по желба. Добар пар фармерки секогаш е во мода. Добар пар црни панталони кои ќе ги најдете такви, да ви стојат совршено на сопствената фигура. Црниот фустан. Едни добри салонки и убави пониски или рамни чевли. Белата кошула и црното сако. Мантилче (црвено имам од лани) , сега ќе земам само едно во некој земјен тон. Must haves се секогаш убаво средени нокти, чисто лице со невидлива, но многу постоечка шминка, бели заби и насмевка, чиста и намирисана кожа... А за се друго, само превртувам очи, и баш ми е гајле ако некое парче се носело пред 4 сезони кога бре си го сакам и убаво ми стои. Ана Винтур секако нема да ми дојде пред врата со справа за мачење ако не облечам цветичи летово... или?
Гледам што се вашите must haves и морам да признаам дека вашите веќе одамна се наоѓаат во мојата гардероба, што значи ако треба да се раководам према некои модни трендови, кои патем не се тренд само оваа година туку одамна - веќе пред време сум била дел од толпата. Ама се радувам што ќе заштедам Оваа недела и онака планирам генералка на гардеробата, да прочепкам што каде ми е забутано, и воглавно моето must have би било, да најдам парчиња кои се носени едвај еднаш и да ги ставам повторно во употреба. Ете тоа. Останувам на истото, дека модата за мене е она во што јас се чуствувам убаво, самоуверено, и ми се допаѓа како ми стои. Биле тоа риги или цветни дезени, крем бои или црнила, vintage или new age. Единствено нешто што планирам е да си купам убава кожна јакна и зелени антилоп чевли на штикла
Ниту јас секогаш ја следам модата слепо. Како што кажа и Трендафилка кога нешто ќе стигне кај нас, сите се како клонирани, и тоа е страшно досадно. Еве оваа сезона на пример, ептен се работиве по мој вкус, иако не значи дека баш буквално се ќе носам и ќе одам се што ми фали да купам. А од работиве би сакала таква голема Мулбери чанта која уште одамна си ја меркам. Во Nude colors нема шанси цела да се облечам од глава до пети, или пак да комбинирам три исти парчиња во вакви бои.Буквално невидлива ќе бидам. Исто, никогаш нема да облечам од тие доглите сукњи, едноставно не ги сакам, а и не се сакам во нив. Ниту пак имам цветни хулахопки, а и не ми се по мерак. А прстени, бакарен накит и ланчиња од секогаш сум носела и ќе носам. Од маст-хев за сезоната што следи, еве ги работите што ги имам, со тоа што голем дел поседувам уште многу одамна, а само мал дел се потазе купени: