веќе долги години сум фан на оваа фирма и нивните апостолки најудобни се од стие што сум ги носела, а ове вторите МОРАМ ДА ГИ ИМАМ! ако треба и до Гејлада ( Солун ) ќе отидам! моментално имам вакви само црни но овие погоре се лудилоооо уште од лани ги меркам ама тажното е што кај нас не ги донесоа се надевам оваа година ќе ги има
ова ланче морам да го имам.. Спојлер и ке го имам, си го нарачав преку ebay а во врска со облеката некои поедноставни еднобојни маички, светли фармерки, чевли на плута со цветен дизајн и секакви фустанчиња
Ланчево беше маст-хев за претходнава година. Нема човек што го нема, а на попустите во Солун го имаше за помалку од 6 евра. И оваа година верувам дека бувовите ќе се носат многу, освен ланчиња, и како обетки
Јас имам цветни чевли од пред 6 години Ништо не е едносезонско баш НИШТО, а се што било некад модерно се враќа, затоа не фрлајте стари алишта и чевли. Дизајнериве, блогеркиве, списанијава не измислуваат ладна вода за тоа што ќе е модерно, се е старо само малку исфилувано на поинаков начин, ако се носеле долги сукњи сеа кратки, ако се носеле широки рамбовски сеа тесни, ако се носеле тесни фармерки сеа ѕвонасти итн. И за неколку години пак отпочеток сега не ѕвонасти, сеа тесни, сега не риги него точкици и така. Модата никој не треба слепо да ја следи, зашто модата вие си ја создавате, што вие ќе си искомбинирате, па дури и да не е модерно со години битно да е убаво искомбинирано и да зрачите кога ја носите облеката. Вие да ја носите облеката, не таа вас. За мене не беше модерно да имате чипкано фустанче кое ич не ви стои и ви е прекратко, помодерно е пред година две кога никој не носеше вие да носевте чипкано фустанче и сите да се потсетат на убавината и сексипилот што ја дава чипката. Оваа пролет и лето се носи и е модерно СЕ, се што сакате вие да носите, а не што ви наметнуваат Најдобра must have листа е листа на ваши сопствени желби за подновување, и посакувам се да си купите и да бидете најубави
Секогаш треба да се земе 'the best of both worlds'... И нешто што е модерно и нешто што би стои убаво.. Мојата Must Have листа за оваа пролет.... Boyfriend Jeans^^ Косата^
четвртата по ред нараквица ја имам видено во една од продавниците на многу е убаво ноо доста солено...
Јас никогаш не сум била слеп следбеник на модата. Немам ни некој посебно изграден стил, т.е. по секоја цена да носам само такви и такви алишта и сл. Купувам само тоа што ми е убаво и што ми стои. Еве за пример, дома немам шалвари, од проста причина што ептен ми се грди, па колку и да се во мода нема да ги облечам. Немам високи чизми до над колена - не ми се толку лоши, ама ете, мене не ми стоат, ме прават уште пониска отколку што сум. Немам трењерки кои доле на ногавиците се со ластик - од истата причина како и чизмите, ме прават пониска отколку што сум а и подебела. А гледам сега тие ги форсираат. Од новитетите за сезоната што следи, ми се допаѓаат некои работи, а некои не би ги носела никогаш. Еве на пример би носела фустани со цветен дизајн, баш ми се допаѓаат, ама само фустани, други додатоци со цветен дизајн не, заради тоа што не ми се допаѓа како изгледа цветниот дизајн во комбинација со други, еднобојни детали, панталони, маици...Хулахопките со цветен дизајн исто не би ги носела. Вчера видов едно девојче во град со такви хулахопки и ми изгледаше како да се спремила за струмичкиот карневал. Можеби заради тоа што не и беше убаво искомбинирано, ама што знам, не ми се допадна ич.
Влагам во бутик, се' цветно. Влагам во парфимерија, се' цветно. САмо уште пролетта да ни дојде Must have за мене ќе биде цветно фустанче и исти такви обетки кои си ги засвиѓав саботава. Потешкиот дел е мама да ја убедам.
Токму така! Абре девојки гледам погрешно сте ја разбрале темава, Must haves можда значи што би било актуелно сезоната што следи, НО јас пишав секој со свои мислење и стил да се изрази (ако сака) на темава, не значи дека ако мене ми се допаѓаат и за мене се Must haves цветни дезени оваа пролет (ко скоро и скоро секоја) дека и на друг треба тоа да му биде must haves! :geek: Се разбира дека не треба слепо да се следи модата ... секој со свој вкус, стил и мислење и ајде така нека продолжи темава (без иронии и глупости)... Мислам нема потреба, јас почитувам сечиј стил, така да постирајте си тоа што според вас е must haves
Пак јас. Се јавувам за да пријавам уште нешто што очајно сакам да го имам. Е, баш вакви сандалки, во бохо стил, со монситра. Мелем за око ми се!!
^ Oвие сум сигурна дека ги видов дал во наше, дал во солунско акцесорис, негде ги видов. Ама јас очи истерав по чизми и не ни гледав сандали. И мене многу ми се допаѓаат
Да, имаше во нашето accessorize ама беа три илјадарчиња. А тоа е тууу мач за мене и за едни сандалки што ќе ги влечкам!! Се надевам летово ќе има и нешто поефтино и слично.
Starfish ако не ти се даваат толку пари земи си обични вакви и после сама додади им монистри и се што ќе ти падне на памет Инаку за оваа сезона must have за мене се: 1. 2.Цревена и кремаста салонка 3.Некоја цветна суќна Сега за сега тоа е. Ќе надополнам деновиве
Јас во Белград ги видов абе сон се... Се надевам маалце барем ќе им падне цената додека им дојде времето за носење. Со оглед на тоа дека ние си имаме уште снег имам време додека им падне цената
Што би рекло секое модно списание како утеха затоа што не секој може да си приушти тоа што го набројале претходно - САМОДОВЕРБА! Мои маст хевс се стандардни,со тоа што додавам неутрална боја на чевли и здолништа со висок струк,лежерни кошули со ракави кои се завратуваат и закопчуваат,едноставни маички,со драматични обетки,убави очила за сонце,кои не се толку фешнбл колку што си ја исполнуваат првичната намена,заштита на очите (не пазарски или бижутериски),убав и едноставен часовник со кожно ремче,средни чанти,кои собираат се,а на прв поглед изгледаат малечки.И да...маст хев се убавите раце,во било која сезона.Од ноктите до рамениците.