Ми се допаднаа некои работи наменети за сезонава што следи низ нашиве продавнички па во план сум оваа сезона да се подновам со следниве работи Ниски патичиња со цветен дезен, слично нешто вакво (цитирам форумџика некој пост над мене ) Подолги кошулки во интересни дезени и еднобојни, кремаста и сива Високи потпетици што мора да ги имам сезонава се следниве: Мантилче во корална боја, сако во темно плава морска боја Вакви очила за сонце ^ Кратко сиво јакниче од превртена кожа, го видов и ептен ми влезе во глава морам да го имам. А и да, ќе си го надополнам списоков
Ете сега налетав на една статија во која пишува дека за пролет/лето 2011 тренд ќе бидат точките. Ви текнува дека беа модерни пред 3 години ако не се лажам? Епа сега пак ќе се носат!! Еве нешто од модните писти: Giles: Moschino: Fendi : Maxmara: Што мислите? Ќе бидете ли вие дел од овој тренд?
Па малку сум скептик, не ги обожавам точките мн мн, не ги ни носев многу кога излегоа ппред 3-4 год, кога цело Скопје имаше црвен фустан со бели тАчкици , али штознам.. имав балетанки црни со бели точкички, би ги носела така или некоја интересна маичка, марама или некој друг детал.. друго не би носела, ама не се знае може да донесат низ продавнициве нешто интересно
Oбожавам пругасто со линии, ама не и со точкици, не ми се допаѓа тој дезен. Може некој акцесорис, ама не и блуза, фустан или сукња. Имам неколку маички со риги, кои ми се модерни секогаш, а ќе се носат многу и сезонава Цветниот принт полека но сигурно го зафаќа градов, епидемија има од цветни фустани и блузи. А со тоа ќе биде прескокнат од моја страна, со исклучок имам мерак за цветна марама, е таа ми е маст хев мене и сеа се мислам која нијанса да си ја земам И маст хев ми е медовата боја, денес сестра ми ме испокара зашто сум била досадна и се сум купувала со гомце боја Денес видов зеленкасти сандали со цветен дезен и се мислам дали да си ги купам или да почекам рано е. Јес да ми се случувало да не купам нешто зашто е рано, за на крај да се вратам и да е купен мојот број па да си гризнам од газот Така да се надевам утре/задутре ќе се мои. Не за друго имам тиркизна ташна па супер комбинација ќе ми се. Ах да и црните сакоа ми се и повеќе од досадни Али супер ми се оние во поживи бои, бар засега
И јас сакам пругасто, ама чудно, не е баш во трендовите за сезоната пролет/лето годинава. Сепак јас ќе си ги носам маичките што ги имам, зошто ми се убави и лесни за комбинирање. Цветниот дезен не го ни спомнувам, многу очигледно веќе. Што се однесува до точкастиот тренд, никогаш не сум била нешто голем фан. Не ги љубам точките од глава до пети, и црвено-белите комбинации, ама понекогаш убаво изгледаат да се размрда аутфитот. Немам ништо точкасто, освен можеби некоја маичка залутана и последниот пар панталони од лесен точкест материјал. Е тие стварно ми прават мерак, а многу се штосни!! Спојлер Од статиите што ги читкав, Upcoming Fashion Trends 2011 се: -Сликарски, уметнички принтови во пастелни бои, отпечатоци од водени бои и неагресивни анимал принтови -Чипка, ама чипка во детали. Не чипкан фустан, туку мали интересни детали. -Црвена, која веќе ја имаме спомнато. Коралната, лубенесто црвена и темна боровинка црвена. -Jumpsuits, споени панталони, ги знаете де... -color blocking, не знам како да го преведам, мешање на големи површини од различни бои. Нешто вака:
Алиса и мене ептен ми се свиѓаат уметничките принтови. Еве неколку интересни фустани: Леле, убавини се! Сите сакам да ги имам, поготово овој последниов, мерак му фрлив ептен!
Уф многу се шарени фустаните од Страфиш, некако јас сум за поумерено. Овој пример ми е фаворит Или овој го сакам Jaс сакам блузи со такви принтови и доле фармерчиња ТОП
Да не знае некој каде можам да најдам вакви патичиња или слични? Уште подобро некој ако знае каде ги има во Велес и дали ги има
Оффи јас не сум шетала нешто многу во последно време , бев во недела во Рамстор и во Спрингфилд ги видов за 1000 , 1000 и нешто .. не беа преку 2 и баш ми се видоа интересни
1000 и нешто? Болни ли се?! Видов кај нас во Кинескиот во Велес такви само не беа цветни туку сиви и беа 300 денари! Многу се прецениле, што дури ме одвраќа и ми станува грдо, не за друго, туку дека не вреди до толку.
Па со оглед на тоа дека не можеш да ги носиш преку цела година и многу се да . Јас и за тоа не сакам многу такви сезонски работи . Ако може подолго време да се носи зимам , ако не тогаш не е убаво
патики слични како на сликата имам завидено во матстар ама во ср беа околу 300 - 350 ден провери си ако таква продавница во велес или скопје
a zasto mene slikite na starfish ne mi gi pokazuva ajde kazete sto ima na slikite [mod-kirilica:31aep8rh][/mod-kirilica:31aep8rh]
Кога носев долга сукња, сукња со висок струк, цветни сандали, фустан или патичиња, кога носев сандали на плута, кога носев балетанки пред 2, 3, 4 години кога сето ова не беше модерно сите ме гледаа вака Никогаш не ја следам слепо модата, го носам она што мене ми се допаѓа. Се разбира купувам некои парчиња кои се ИН оваа сезона, но си ги носам во мој стил. Мои Must Haves се: - балетанки со тигарски дезен, бели и сини - црвено мантилче - 2,3 кошули во црвена, сина и крем боја - исцели панталони (ако ми стојат) Точкици не ми се допаѓаат многу, но имам една сукња со висок струк од пред 2 години жолта со црни точки, па значи две лета сум се спремала за сегашнава мода