Забележав дека во оваа категорија има теми како на пример, која е идеална модна комбинација или лоша комбинација на облека, чевли и накит, но мојава тема сметам дека ќе биде поразлична од истите, позабавна и ќе остави повеќе простор за дискусија...Секоја пост треба да содржи слика од комплетниот аутфит на некоја девојка (да се види облеката, чевлите, накитот, шминката и фризурата) и да се даде кратко образложение, т.е. модна критика, пример - неколку збора за облеката, фризурата и шминката...Ќе потенцирам дека критиката треба да е во кратки црти, бидејќи една слика понекогаш вреди илјадници зборови. Моделот кој ќе го постирате, може да е некоја од светските јавни личности(глумици, пејачки, манекенки, водителки...) или пак од нашите познати во Македонија...Сепак мислам дека најдобро би било девојката да не е celebrity, туку обичен модел...Во однос на стилот, нема ограничувања...Јас ќе постирам слика и ќе дадам мој коментар за целокупниот изглед на девојката, а наредната феминка што ќе сака да остави мислење има две опции - доколку се сложува со моите коментари и оценки за мојот модел, нека ми стави лајк на постот и продолжува со нова, нејзина слика и коментари, а доколку не се сложува со коментарите во мојот пост, нека ме цитира и нека даде свое мислење...Следната феминка после неа продолжува на ист начин... Доколку не е во ред оваа тема и не биде одобрена од модераторите, слободно заклучете ја или избришете ја. - облека; прекрасно мини фустанче за вечерни излегувања, со нежна боја и материјал од чиста свила, накитот одлично се вклопува во целиот стајлинг, оцена 10 - шминка ; дискретна и нежна, во неутрални бои, оцена 10 - фризура ; бојата на косата е одлична, но можело и подобра фризура да се изведе, оцена 8 Чевлите не се гледаат и нема чанта ( тој дел ќе го прескокнам)
Мене не ми се допаѓа баш фустанчето, ми делува како долна облека. Многу изразено деколте и многу откриени нозе не ми оди заедно. Шминка - ми се допаѓа, неутрална и нежна. Фризура - тука се согласувам со тебе. Накит: Убав е, ама обетките не ми одговараат на целосниот аутфит. Интересна тема
Ајде и јас да пробам. Облека : Интересно фустанче,за вечерни изглегувања,свечени настани. Исто така и накитот е добро искомбиниран,можеби само некои малку повпечатливи обетки фалат. Оцена: 10 Шминка : Не многу впечатлива,сосема доволна,со оглед на тоа што фустанчето паѓа во прв поглед. Оцена: 10 Фризура : Фризурата е совршена,но може да се направат и поелегантни фризури. Оцена : 10
Облека: Не ми е баш за вечерни излегувања фустанчето, повеќе за некој посвечен настан.. Оцена:8 Шминка: Малце да е потемен карминот, другото супер... Оцена : 10 Фризура: Крупни локни многу поубаво би стоеле Оцена: 8
Облека: Фустанчето е совршено...само многу лошо искомбинирано со алката Оцена:10 Шминка: Би направила Smokey eyes...Многу секси би иделе со фустанчево.. Оцена: 5 Фризура: И бојата и фрисурата се топ.... Оцена:10
Мислам дека Ким Кардашиан изгледа прекрасно на оваа слика. Облека: фустанчето е феноменално - и бојата и дезенот и должината мислам дека се совршени, а ременот го прави уште посекси да биде - оцена 10. Чевли: чизмите одат супер со ова фустанче - оцена 10. Накит: огрлицата соодветна на целиот стајлинг и нема додатни парчиња накит, кои би направиле кичесто да изгледа - оцена 10. Фризура и шминка : 10, посебно лајк за должината и бојата на косата. Smokey eyes би биле посекси.
Многу ми се допаѓа. Облека: Многу убави фармерки, блузичката опуштена и удобна, а со шеширчето прекрасно ми се вклопува целосниот стајлинг. Чевли: Обично не ми се допаѓаат груби чевли, но овие ми се преубави. Накит: Одлично вклопен. Посебно ми се допаѓа брошот со кој ја закопчала блузата. И долгото ланче, белегзијата и прстенот, се’ на свое место. Фризура: Убава негувана коса, шминка обична дневна. Можеби и нема воопшто шминка, шт е сосем во ред за дневниот стајлинг. Една десетка од мене
Облека:Прекрасна дуксерка, црни пантолони кои се добро искомбинирани со црна маичка Оценка: 10 Чевли:Убави се добро стојат на пантолоните Оценка: 10 Накит: Добро и стои ланчето бидејќи е кратко Оценка: 10 Фризура: епа сеа не и се гледа
Во однос на фармерките, блузата и маичката се согласувам со тебе, соодветни се за дневна варијанта...Но, чевлите се премногу груби и не ми се допаѓаат, а и шеширот и очилата исто така...Накитот и брошот се многу слатки, а и за фризурата една 10 од мене...
Ева Лонгориа на доделување на Оскари, 2011 Облека: мислам дека сувишно е да коментирам за фустанчево (раскошно и секси, во нејзин латино стил ) Чевли: ми се допаѓаат што се во неутрална боја и немаат по нив светки и циркони(иначе би делувала како новогодишен лампион...) За чевлите давам 7-8, зашто мислам дека повеќе би одговарала некоја добра сандала во неутрална боја и тенка штикла...Но сепак и овие се ок и одговараат со малата ташничка... Фризура: Една голема десетка, бојата на косата е прекрасна, формата исто и многу убаво е фенирана. Шминка: совршено се вклопува во целиот стајлинг... Накит: забележувам само прстен и обетки, што е сосема ок, зашто ова фустанче не трпи впечатлив накит... Се на се, Ева ми е тука топ...
Има некои парчиња наменети за секојдневно носење, но некои се тотална утка. Облека: Хм.. блузата убаво би прилегала ако носела црни панталони прилепени за нозете, а палтото ми е некако за посвечени пригоди, значи не се вклопува во целосниата комбинација. Алките се на место, а чантата е премногу гараметна за носење, не би одбрала кожа.Патиките се одлични како и очилата за сонце. Отцена:7 Коса: Убава боја и должина, но поубаво би стоело ако има шишки прави или на страна. Отцена:9 Шминка: По нежна и не тоолку нападна. Отцена:5
Облека: Иако не ми се допаѓа во пределот кај градите, кога ја погледнеш целокупно, блеска... Чевли И јас мислам дека подобро би и стоеле друг вид на чевли, во ни овие не се утка, сосема спротивно... Фризура: Немам зборови... прекрасна... Накит Сосема нежен накит кој одговара со фустанот и со чевлите и ташната... Ни премногу, ни премалку.... Прекрасна
Е многу сакам кога ќе видам некој облечен целосно во црно, а не изгледа здодевно. Облека: Многу ми се допаѓа изразот кај деколтето. И фустанот во целост, со се’ наметката. Иако не сум љубител на гломазни ремени, овде убаво се вклопува. Чевли: црни, класични, добри. Фризура: Средена. Многу ми се допаѓа нијансирањето. Добри очила. Со еден збор: Шик. Ќе и’ дадам 9 само поради каишот
Немам ниедна забелешка за оваа варијанта... Облеката, чантата, чизмите, фризурата, шминката...Се е совршено... 10 + од мене...
Облека: мене овој стил ми е совршен. Релаксирано и опуштено. Се’ си е на место. Од мене 10ка Чевли: Бојата на чевлите ми се допаѓа, но јас би се одлучила за друг модел. Можеби модел со врвци. За овие има оценка 7. Накит: Накитот е супер, едноставно и ненападно 10 Фризура и шминка: преубави и лежерни 10ка
Џенифер Лопез во модел на D&G... Нежен фустан, едноставен, но многу секси... Чантата и чевлите - одлично одговараат на се.... Фризурата е преубава, како и бојата на косата, иако на Џенифер поубаво и стои долга коса со локни... Шминката - складна, истакнати очи и дискретна боја на кармин... Накит - алка и обетки, кои на фустанот совршено прилегаат... Една голема 10 за целиот стајлинг на Џенифер... :up:
Бијонсе Фустанот ми се допаѓа се освен патентот назад затоа = 9.5 Штиклите и само по себе и заедно со фустанот се чиста десетка = 10 Шминката и накитот се добри = 10 НО, за косата имам замерка бидејки фустанот е како по симпл косата би требало да паѓа во очи, но таа има само коњско опавче = 7. Вкупно: 8.9
Кратките пантолчиња не ми се допаѓаат баш,маичката е интересна и одговара со пантолчињата.=8,9 Марамата не ми се допаѓа и никако не ми оди со оваа комбинација.=1 Ташната исто не одговара=1 Чизмите ,можеби се малце повеќе високи ама се добри=9 Косата е добра=10 Наочарите се вишок=1
Стил целовкупен: Нежен,префинет, гламурозен. Само за 10ка е . Здолниште: Ми се допаѓа материјалот, и прекрасниот балонест модел и тоа како и стои на девојкавa, која го носи баш тренди. 10 Кошула: Кошулава со принт, кој ја прави уште поромантична, полуоткопчана,вака е навистина идеално парче облека во целава приказна. Want it!! 8 Потпетици: Преубава боја, што се комбинира со скоро се.Ремчето ги прави уште пошик и потренди.Симпатични ми се. 7 Накит : Суптилен и ненападен, баш каков што и и прилегал на вака скоцкана комбинација.Trop belle 10