5-0 со Леванте во гости, 4-та недела, 4-та победа, и се уште 0 примени голови, никој не е како Барса, més que un club. Само викам, барем уште два гола да паднеа, да имавме подобар учинок од Реал и во колово , ама добро сега и јас многу барам ... Во Среда вонредно коло, со Малага.
. џст скорд јестердеј Тоа е тоа што произлезе вчера , 3 бода на табелата и 3-2 гол разлика по две кола ЛШ.
Меси излезе како најдобар стрелец во Ла Лигата со постигнатите голови,повеќе дури и од учителот Роналдињо шо постигнал кога играше за Барса во Ла Лигата.Но јас сепак ќе си кажам:Роналдињо
Не знам колку сте во тек, ама вчера Меси го постигна 69-от гол во Лигата на шампионите и со тоа му недостасуваат уште два за да го стигне рекордот на Раул како најдобар стрелец на вечната листа. Е сега, интересното е тоа што и Роналдо (Кики) има исто така 69 голови во ЛШ (тој па вечер игра, гоу Ливерпул), така да, овде допрва почнува доолга трка... Нормално, Messi all the way, нема зошто приматот во најјакото натпреварување да останува кај играч на Реал, ќе го земеме ние ... Ако во меѓувреме некој не ги престигне и двајцата овие години...
Ае бе пишете нешто, доста само слики. На Суарез утре му истекува суспензијата, леле едвај чекам да заигра на некој од наредниве натпревари, кој цар беше во Ливерпул... ако се уигра и овде така страв и трепет има да ни биде нападот, молњи и секавици, нека дојде кој сака ...
Тренерот го менуваше Меси но го замени Нејмар http://www.youtube.com/watch?v=c01LUn5VMj0 А бре Меси Меси да не претеруваш малку, се разочарав од ваквиот стил на мојот идол. Ова однесување не доликува на никого а не пак на еден светски познат човек. При крајот на утакмицата тренерот го викна за да го замени а тој си ја сврте главата и си замина па мораа да го заменат Нејмар. Инаку Меси си е Меси.
Абе шо сакам коga ќе заигра Суарез против Роналдо манекено...така само да му ги покажи забите и овој нека се тргне во балерина стајл па ете ти победува Барса
Luis Enrique confirmed at his press conference on Friday that the Uruguayan would be taking to the pitch at some point during the game. Luis Enrique: "Luis Suarez will certainly play some minutes tomorrow, but I don't know how many..." #fcblive #elclasico
^ На Спорт клуб ќе ја даваат. Составот Bravo; Alves, Piqué, Mascherano, Mathieu - Xavi, Busquets, Iniesta - Messi, Neymar, Suarez И Суарез стартер, ептен сум оптимист, па што биде.
Една работа за која си размислувам некое време, а сега ми текна да ја пишам... која е поентата Тер Штеген на оние години и неискуство да брани во ЛШ не ми е јасно... А за Класико... Јас многу го респектирам Лучо, секоја чест за годините кога беше играч, но се плашам и кај нас да не помине како во Рома. Со оној напад чуда се прават, само да имаш тактика. Нели креацијата од среден ред ќе преминуваше во нападот? А кога излезе Чави целата игра се раштима. Се уште ни е во транзиција тимот, не знам како ќе се извлечеме кога од јануари имаме дури и забрана за трансфери. Мене после овој натпревар ми се врати песимизмот од летото. Затоа што тогаш сметав дека управата направи страшни грешки и тоа ми се потврди сега. Не пронајдоа вистински решенија за одбраната и средниот ред кои полека можат да ни потонат во очај. Ракитиќ и Матје колку и да се трудат, колку и да изгледаат за пофалба, на најважниот натпревар откако почна сезонава не изгледаа како материјал за прв состав, а преплатени беа. Го дадовме Санчез во Арсенал (го купивме Суарез и покрај неговата ситуација, ама ок, тоа е посебна приказна), а од истиот тој Арсенал купивме повреден штопер, залежаниот Вермален, кој исто тера накај 30-ка, а не се знае ни кога, ни дали ќе заигра воопшто. Пике нека фаќа патот што побрзо, што и да направи не можам да го гледам повеќе. Јас никогаш не простувам пораз од Реал во Ла Лига, во Копа дел Реј може да помине некако, ама во Примера не. Сега ќе се јачаат и егото ќе им рипне до небо, а не дека се подобри, туку заради нашите грешки победија. Минатата сезона имавме доста киксови, ама барем Реал го млатевме како што заслужува и тоа ми беше доволна сатисфакција кога веќе не освоивме ништо. Мене ова ми е трагично, не смее да се повторува... и голот од Пепе... Хорор. Оставете Реал, ќе дојде противник како Атлетико Мадрид (Симеоне за мене е подобар тактичар од Анчелоти), ќе дојде Валенсија... и со нив ќе направиме пропуст? Ништо, ете, верувам во нив, ќе чекам да преземат нешто и да се средат, ама не можам да преминам преку тоа што излеговме поразени во Ел Класико, не можам едноставно.
Во некои делови се согласувам и јас со тебе,но сепак оти не му текнува на пример Штеген да го стават да брани?Можи навистина ќе бидне нешто од него.Абе јас велам ако Меси не игра,никој не игра.Ел класико,а Меси како да заспа едвај му ја видов фацата и многу малку слушнав името.Така се поминува со Реал?Така? Убаво би било кога би било да е поостра одбраната и уште мислам дека на Барса му треба Луис бразилецот де...според мене тој игра онака остро.Е такви му требаат на Барса...абре бидете тим,не само поединци да го красат тимот...не може секогаш да аплаудираме,мораме малце и шамари да ви даваме.Но сепак било шо било,нека се поправат шо побрзо оти вака не бидува.Многу не сакам кога некој мој омилен фудбалски или кошаркарски клуб да прави вакви грешки..тогаш се нервозирам бе..еми како..sad story bro