1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

FC Barcelona

Дискусија во 'Спорт' започната од sa4y, 15 февруари 2012.

  1. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Чави си заминува...
    Чави е дел од клубот подолго отколку што јас имам години, пораснав со идејата дека Чави е во Барса...
    За мене најдобриот фудбалер воопшто кој произлегол од шпанско тло. Стожерот на успесите во златното доба на Барселона и на репрезентацијата... Ќе недостига. Со среќа понатаму во кариерата во Катар и... еден ден, не така далечен задолжително да се врати во клубот. Здравје, јас очекувам од него во иднина добар тренер. Секогаш мислев дека Чави има потенцијал за таа работа. Исклучителна фудбалска интелигенција сите знаат дека поседува, мора да има и нешто стратешко тука... зошто да не стане врвен и во таа област како што беше и играч...
    Ама кога поминаа сите овие години :| Времето гази напред се пред себе, ништо и никого не поштедува...
    ***
    Од поведрата страна.
    Честито да ни е титулата шпански прваци уште еднаш, да ни се множат, за една деценија отсега да го имаме заземено и врвот по бројот на трофеи.
    Нормално, во случај да не се отцепи Каталонија дотогаш :D
    Како и да ја вртиме, Мадрид во загуба... тоа е.
    ***
    И дресовите за сезона 2015-2016
    [​IMG]
    Мала промена на хоризонтално. ОК е, не е лошо.
     
    Последна измена: 25 мај 2015
    На simonna.a, veren и do-re-mi им се допаѓа ова.
  2. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Честито да ни е и купот.
    [​IMG]
     
    На Oscar Lady, simonna.a и veren им се допаѓа ова.
  3. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    уште ова светсково таму светски прваци и туто комплето кампеонес
    Visca el BARCA!:inlove:
     
    На veren и sajonaramucaca им се допаѓа ова.
  4. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    Среќа е...
    11034113_997783280246540_197227338369260393_n.jpg
    ...кога Барса ќе го освои ЛШ и Чави и Алвеш на најубав можен начин си заминуваат од Барса:party::bow:
     
    На Oscar Lady, veren и sajonaramucaca им се допаѓа ова.
  5. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Дефинитивноо мојте Фавооорииитии :inlove::inlove::inlove::inlove::l::l::l::l::l:
     
  6. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Честито и ТИТУЛАТА ЕВРОПСКИ КЛУПСКИ ШАМПИОНИ, нека се множат, четврта во 9 години, па здравје, наредната година очекувам и 5/10 и Барса да стане првата екипа која успеала да одбрани европска титула откако е новиот формат. Исто очекувам и трета триплете во скоро време.
    Време беше да прекине паузата и неприкосновената Барса да ја врати доминацијата.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Кога ќе ми текне каков песимист бев и колку се нервирав на моменти од сезонава...
    Прво со трансферите. ОК, за Суарез не се бунев, баш напротив, на него се надевав...ама за Ракитиќ и Матје не сметав дека се доволно добра инвестиција, а излезе сосема обратното и ги повлекувам тие критики кон управата... Единствено донесувањето на Вермален не може никој да ме убеди дека беше потребен потег, ама не е важно :sun:
    Да бидеме искрени, можеби не бевме цело време убедливи како што знае Барса, ама на крај резултатите се оние кои се важат (сеа малку и ние по италијански, таму присобрал нешто Лучо :D). Тие изгубени бодови во Примера како на пример против Малага, Сосиедад и Севиља во суштина се нешто што секому му се случува, вообичаена работа (освен Селта што сериозно ме подзамисли за иднината на сезоната), ама во моментот кога ќе се изгубат присутен е стравот и нервозата и тие говорат од тебе кога критикуваш :D
    Инаку, посведочивме серија феноменални натпревари против солидни конкуренти, како во Шпанија, така и низ Европа. Замерки имам само за дуелите со Реал, ама добро, тука и психата си го прави своето...
    Луис Енрике лајк а босс што се вели :D, сите зборат, он си ја гледа работата, не ги нешто многу масира и разгалува ни играчите :D си дојде човекот до триплете со што се докажа дека успехот на Барса не бил само дело на Пеп, туку резултат на цела една фудбалска филозофија, една нова димензија во спортот, една посебна енергија која не се среќава на друго место...
    И колку да се знае, јас не бев среќна од гласините за промена на тренерот пред некој месец, дури и да не освоеше тројна ќе сметав дека треба да остане уште една година барем. Е, Лучо, во детството ми беше еден од омилените фудбалери, особено ми е мило за него што им ги затвори устите на сите кои се сомневаа во него до граници на хејтеризам.
    Меси, ауу Меси е приказна за себе, феноменална приказна. Не верував дека ќе ја подигне повторно формата, особено не после светското, мислев дека најдоброто од него веќе сме го виделе, ама ме демантираше на таков начин што не можам да се начудам колку е овој играч неверојатен и уште милион пати ќе го напишам истото ако треба. Да не беше Меси ќе немаше и тројна оваа година. Ја користам приликата и предвремено да му честитам златна топка.
    Дури и Пике и Алвеш имаа свои моменти оваа сезона, па што да се каже повеќе...
    Од голманите сум презадоволна, се плашев од неискуството на Тер Штеген, мислев дека е преризичен неговиот избор за прв голман во ЛШ, ама она е многу веројатно следен најдобар голман во Европа :)


    Убава вечер вчерашната, убав ден денешниот и убаво лето за сите навивачи на Барселона претпоставувам.
    И така, што би рекол Мурињо во времињата кога бил поискрен :D hoy, manhana i siempre con el Barca en el corazon :D
    [​IMG]
     
    Последна измена: 7 јуни 2015
    На Oscar Lady, CirezD, veren и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    Дани Алвеш останува до Барса до 2017!:party:(heidy)(heidy):emo:
     
    На CirezD и veren им се допаѓа ова.
  8. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    најдобриот десен бег уште година дена најмалку ке биде :)
     
  9. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    Море такво играчиште треба еми како
    најнајнајекстрахиперсуперхипернај
    А овој Видал не е оној мајмунот од Јувентус или друг Видал е?
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  10. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    од севиља е овој видал не е од јуве , тој од јуве нема бон тон за во Барцелона да игра :)
     
    На Lambada, simonna.a и CirezD им се допаѓа ова.
  11. CirezD

    CirezD Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски
    Честито титула Каталонци :D:muscle::l: Нека ни се множат
     
    На Lambada, simonna.a и veren им се допаѓа ова.
  12. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    ми се симна камен од душата:sweat:
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  13. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    Ми фали мене едно фудбалско дуо...не знам за вас...ама мене страшно ми недостига тоа дуо
    Најдобрите...учителот и ученикот...
    Роналдињо и Меси:bow:
    Иначе Роналдињо заминал од Керетаро...човече дојди биди претседател на Барса,ако треба јас ќе средам!
    И хепи брдеј Меси:emo:
    И честитки до Педро и Ракитич...стапнаа на лудиот камен8)
    И така...се чека да добијат светска титула..ае ќе биде:muscle:
     
  14. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Женски
    И мене ми фали Роналдињо..ѕвер човек :)
    Инаку Меси, (Денес му е роденден) ми е најомилен и најсакан! :l:
    Visca el Barca, Visca el Catalunya :l: Forever :l:
     
    На veren и simonna.a им се допаѓа ова.
  15. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    Беше едно време кога Роналдињо беше учителот ама после толку години Меси е и учител и ученик и ректор и декан :D да не ме сватете грешка ама Роналдињо играше 3 сезони 100% а Меси игра 10 сезони 100% така да нема споредба ни во талент ни во титули ни во шоумен во ништо и самиот Роналдињо тоа го потврдува
    VISCA BARCA !!!!!!! :D :D :D :D
     
  16. Lambada

    Lambada Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2015
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    59
    Роналдињо имаше секаков потенцијал да стане легенда на новово време, ама се презасити и изгуби интерес. И општо бразилските фудбалери се склони кон таков пад во кариерата, откако ќе заработат доволно, губат мотивација.
    Аргентинците се попредани играчи, изгледа дека сепак повеќе се дише за фудбал во Аргентина отколку во Бразил. Барем мојот впечаток е таков.

    Туку, не бев во тек со летните трансфери, вчера слушнав на вести и се изненадив... вистина е она дека Барса била заинтересирана за Ди Марија? Тешка мисија, ај нека запнат да го реализираат трансферов, леле кој ќеиф ќе ми се оствари, многу сакам да го донесат.
    А за Погба... не знам колку е паметно да се вложи во него, мислам дека ќе има мака да се спушти на земја.
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lambada

    Lambada Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2015
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    59
    Читам денес и Арда Туран на листата можни засилувања. Фино. Преговарал и со Челзи, ама кој не би сакал да живее во Барселона сеа па... Ќе биде интересно лето според шпекулациите, баш ме интересира што ќе се реализира.
    Настрана трансфери, јас веќе си ја сметам Примера 2015/2016 за 24-та титула. Eпа, слабо конкуренција некако, што да очекувам друго.

    Y siempre. Морам да се поправам, се нервирам кога ќе си прочитам некоја глупа грешка што не знам како воопшто ја имам напишано.
     
  18. Lambada

    Lambada Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2015
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    59
    Роналдињо и Ето заедно во Анталијаспор.
     
  19. Lambada

    Lambada Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2015
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    59
    О, тоа чекав јас! И официјално
    [​IMG]
    Со среќа нека е. Борец е Арда, вакви ни требаат во клуб... не се сомневам дека ќе вложува труд и во Барса. Само не знам сега како ќе биде, нема да смее да игра првите месеци...

    Сакам уште некоја трансфер-бомба летово... ама не верувам...
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lambada

    Lambada Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2015
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    59
    Во Сабота има нови избори за претседател на клубот, се одлучува помеѓу останување на Бартомеу или враќање на Лапорта.
    Искрено и не ме интересира кој ќе ги добие, важни ми се победите и титулите.