се изнервирав кога видов дека натпреварот на алфа не го даваа ... говеда па ако земаш обврска да вршиш преноси од ла лига пренесувај ги сите иначе видов снимки од головите... Алексис цар амореее
хахаха колку си само смешна .. ние реал парче го правиме на секое за Гетафе на кого му е гајле хахаха патетика брат!
без навреда? а сигурни сте дека некого ќе го навредите или изнервирате па ќе ви контрира и ќе се препукнуваме... ама каталонки не подлегнувајте на вака ниски провокации...
Ќе видиш кој кого утре на Ел Класико Како и секогаш, одиме на продолжување на долгогодишната традиција! Обично, Реал е тој што плаче на тие средби.
^ Па по толку време, конечно еднаш и Реал да победи во 100 години, радувајте се додека можете, еднаш е!
^ Ако гледаме од праисторија каде Смајли добро спомна благодарение на диктаторот ваш кој се заканувал со убиства се добивани тие победи, да не ви бил тој не би била таква статистиката, и тоа е за срам, а ако гледаме од она што сме го виделе и фер-плеј, модерен фудбал, нема сомнеж дека Ел Класико е на Барса.
Абе вие сите станавте сведоци на тоа време, па со толкава сигурност тврдите некои работи кои немаат допирна точка со вистината. Диктаторот ,,наш,, умрел 1975 година, а по неговата смрт Реал има освојувано уште мнооооогу титули. Сигурно и од гроб им се заканувал на играчите на Барса Не ви држи вода муабетот за Франко. Или па можда и Франко е крив што Барса среде Каталонија пред некој ден ја изгуби титулата м
Грешка сте вие, Франко умрел пред три години . Леле читам и се смеам, не знам уште какви оправдувања каталонците нема да измислат за да го порекнат фактот што Реал е најтрофеен тим во Шпанија и што во сабота им ја грабна титулата на Камп Ноу. Абе сега ќе се спомнуваат истории, политики. А никој од вас поим нема што се случувало тогаш. Ама ајде, со нешто мора да се вадиме нели? И ќе ве молам навивачи на Барса само вие не го спомнувате зборот фер-плеј. Затоа што сте екипата со најголема судиска помош. За џабе цел свет не ве вика Фарселона и Уефалона. Ајде сега, продолжете со вашето мото. Бевме и ќе бидеме..........втори .
Никој не ви порекнува дека сте најтрофеен туку дека со диктатура сте ги земале трофеите тогаш. Мислам дека плавуша тоа сакаше да ви го каже. И да во право си никој ОД НАС нема поим што се дешавало тогаш. Немора да се вадиме за ништо, не успеавме годинава- здравје в година... Ако Барса не треба да збори за фер плеј, и вие исто така пошто не сте цвеќа за мирисање. Не само ние и вие имате судиска помош, па за вас никому ништо а за Барса 300 полемики кревате. Тоа цел свет за тебе се само навивачите на Реал? епа да тогаш така е, цел свет така не вика.. !