Мелани душо, никој не е живеал во тоа време за да знае како се тие титули добиени, не мора да значи дека само поради диктатурата се. Ако беше така, Реал после смртта на диктаторот Франко ќе исчезнеше и воопшто немаше да има некаков успех а камоли толку титули да освои. Значи не читате убаво, во 1975 починал Франко а види на Википедија дека после таа година Реал има добивано многу титули. Не знам стварно што ви е муабетот околу едно исто вртите, кога веќе е јасно дека тоа што го зборите нема логика. Или колку да кажете нешто. И ние не сме имале никаква судиска помош. Да имавме, немаше неколку години по ред да отпаѓаме од осмина - финале ЛШ. Ама поарно така поштено да испаѓаш отколку да се влечеш со пенали и цел свет да те вика Уефалона. Не, не се само навивачите на Реал, оди во темата ќе видиш колку фанови и на Милан, Челзи ве викаат така. Затоа што нема тим кој не го оштетивте. Ај доста, главата ми падна веќе, се едно исто зборам. Загубивте и крај, прифатете пораз.
Tranquilo,tranquilo!!!!! Зборовите на Роналдо упатени кон Уефалонските навивачи.Пораз си е пораз,прифатете си убаво си вика BlackSwan.Критики кон Реал Мадрид неам слушнато до сега..Но за Барса..многу! На Барса играчите не им е местото во фудбалот,мислам дека си ја утнале кариерата.Местото им е во Холивуд,зошто? Затоа што глумат бе братче глумат! А освен тоа што нечесно победуваат,тука се и судиите..неколку клуба се оштетени.. Да не биде дека мелам без аргументи..повелете http://www.youtube.com/watch?v=DhYU_znLSRk&feature=related Hala Madrid!
Леле им ја упропастивме темата, они арно срценца си пишуваа . Сега ние ќе ги реметеме . Абе тоа што се глумци е посебна приказна, ова кличево горе навистина така им изгледа тренингот. Не одрекувам дека имаше фер-судење на последниот натпревар ама уште не ми е јасно зошто Дани Алвеш не доби барем жолт кога го сопна двапати Роналдо а Алонсо доби жолт откако не го ни допре (мислам дека беше најдобриот глумец меѓу каталонците Бускец, не ме земајте за збор). Ама добро е што овој Маленко не паѓа на такви ефтини фори па немаше некоја судиска помош за Фарса.
Ах, ние паки за глава ќе се фатевме ако ни коментирате на темава, секој може да коментираа кај сака... иначе за диктатурата зборев за тоа време кога се дешавало за тоа, Реал секогаш имале добри играчи без разлика шо се дешавало, и сигурно поради играчите се здробиле со титули откако умрел тој... Тоа сакав да го кажам... Бтв: се молам на господ да поминат и Барса и Реал, па да има уште едно Ел Класико неможам да чекам до година да ви вратиме за она саботата
Јас лично прифаќам и пораз и се во фудбал. И понатаму ќе си пишувам срценца бидејќи љубовта кон Барселона е неизмерлива.
Добредојде,секој и секогаш е добредојден во нашиот клуб. Добредојдени се и оние кои не ја сакаат БарСа ! Ако нека си зборат напразно-тој што ја сака Барселона ќе ја сака до крај и без разлика на се. Еве едно топло ДОБРЕДОЈДЕ. !!
Навистина не сакам Пеп да си оди.. Го обожавам човеков. Денешниот натпревар беше многу емотивен Да се надеваме дека по една година пак ќе ни се врати