1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

FCE испит

Дискусија во 'Образование' започната од jEwElRy, 12 јули 2013.

  1. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    244
    Дали некоја од вас го има полагано Cambridge English: First (First Certificate in English – FCE)? Ако да, можете ли да ми дадете повеќе информации за испитот? Колку време се подготвувавте и дали ја користевте книгата Gold (FCE) (ми кажуваа дека доста помага при усовршувањето на материјалот :?: )

    Благодарам однапред :)
     
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    За што побогу ти треба FCE во денешно време?
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194
    Јас го полагав пред 2 години.

    Испитот си има тежина што е нели нормално, но не е воопшто комплициран како што јас замислував. Претпоставувам дека имаш солидни познавања од јазикот, па верувам дека нема да ти биде многу тешко.
    Имаш многу вежби и тестови на интернет, а исто така информирај се и за пробните тестирања за испитите на Cambridge кои ги организира British Council Македонија. Ќе си ги пробаш силите и ќе видиш до каде си стасана и на што треба да обрнеш повеќе внимание.

    Мислам дека има два рока годишно за полагање (нека ме поправи некој ако грешам) :?:
    Јас го полагав во мајскиот рок. Сигурно си информирана дека испитот се состои од 5 дела: speaking, reading, grammar, writing & listening.
    Обично speaking е одделен, јас го полагав една недела пред писмениот дел.

    Јас се подготвував на курс. Имаше солидна заинтересираност тогаш и се оформи една група. Ја користевме книгата која ја имаш спомнато и можам да кажам дека доста ќе ти е од помош. Курсот траеше околу 6-7 месеци. Исто така можеш да провериш и во библиотека, таму исто има подготвителни материјали за овие испити. Не знам од кој град си, но во библиотеката во нашиот град имаше доста материјали. Не можеш да ги изнесуваш надвор од библиотеката, ниту да ги копираш (мислам кај нас беше така), но ќе си седнеш таму и ќе решаваш колку ќе можеш. Има и клучеви со секоја книга, па одма можеш да си ги воочиш грешките. Потруди се да не ти претставува проблем неколку пати неделно да одделиш време за во библиотека, целиот материјал во тие книги е собран од претходни FCE тестови. Не велам дека може да ти се падне некоја вежба од претходните тестови, тоа дефинитивно нема шанси, туку ќе ја почувствуваш тежината на испитот и ќе знаеш што да очекуваш.

    Тоа беше нешто накратко, ако имаш прашања слободно прати ми ЛП.
     
    На jEwElRy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. be.unique

    be.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Не ги давај парите залудно ако планираш да ги полагаш наредните како Advanced и Proficiency, од причина што FCE е првиот сертификат, на ниво на основно познавање, а не е баран на факултети и за работа бидејќи е пониско ниво од горенаведените и плус TOEFL I IELTS. Така да подобро заштеди си ги парите и доусоврши се, па инвестирај во нешто што ќе ти користи. Јас полагав FCE, и ама баш нигде не ми затреба, освен за лична сатисфакција :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    FCE денес има некоја вредност кај нас, за да покажеш дека знаеш англиски а да не биде стандард диплома од курс, меѓутоа за во странство не ти служи многу. Ако не планираш да полагаш некое повисоко ниво, тогаш океј ти е, ама нема нешто многу аир од него.

    Инаку, за книгата. Кај овие испити е карактеристично тоа што материјалот не можеш да седнеш и да го набубаш од книга. Поентата е дали ти го владееш јазикот, а не дали ќе им изрецитираш минато свршено време. Од книгите помага тоа што има различни типови на вежби кои ги даваат на полагањето, а тие дополнително можеш и на интернет да ги најдеш.

    Дали ќе го спремаш сама или на курс зависи од тебе. Според мене, најдобро е да најдеш некој тест на интернет за да видиш на кое ниво од јазикот си. FCE нема некој кој знае колку тежок вокабулар, но едноставно пробај да решиш некој тест и види како ќе ти оди.
     
    На jEwElRy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Џабе фрлани пари.
    Никој никаде не ми го побарал, додуша и со Ц добиено на FCE не е некој којзнае каков успех но сепак.
    Мене класната со средно ме убедуваше да не го полагам, ем пари ем време залудно потрошени.
    Тоефл е многу повеќе баран и вреден, но со тоа и многу потежок и попризнат не само во државава туку и во странство. Единствена мана е тоа што има рок на траење од две години, но отвара големи врати, т.е многу од големите комании го сметаат за предност ако е положен со висок процент.
     
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас колку што знам Тоефл го бараат најмногу во Америка, а нив Европава овие од Оксфорд се попризнати. Адванс е сосема доволно ниво за речиси било што.
     
  8. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Јас се имам спремано за ФЦЕ ама се откажав од идеата да полагам инаку ја поминав книгата Ready for FCE

    Иии девојки има ваква тема мислам дека темава е дупликат :?:
     
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Хм не знам баш, во скоро сите Холандски универизитети, како услов за запишување(и стипендија исто) бараат Тоефл положоен со над 80 поени, перцентили како и да беше, сум заборавила.
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Јас го полагав лани FCE, стандард и јас се припремав на курс, делот со граматика го имав повеќе од половина утнато, додека останатите ми беа положени со А. Знам дека нема значење низ факултетиве и подобро ќе беше парите да ги собирав, па директно на Аdvanced да одев, ама пуста простоќа - сите ќе полагале, па и јас, затоа што се имавме собрано прилично голема група. Вака се имам зезнато повеќе пати и не знам што ми е стварно проблемот....

    Препорачувам и јас ако планирате да одите на Адвансд и Профишнси, да го прескокнете делот со FCE. За кај нас се имам добро распрашано - нема апсолутно никаква вредност, за во странство не знам, ама претпоставувам истиот случај е.
     
  11. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Јас кога завршив на курс колку ме напнаа сите да го полагам...Сметав дека нема потреба, џабе фрлени пари. После кога аплицирав за постдипломски студии во конкурсот си бараа резултати од TOEFL, не постари од 2 години и тогаш си го полагав. Ќе си видите што ви треба, ако ви бараат IELTS, тоа ќе си го полагате, вака не давајте пари само за ништо.
     
  12. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    244
    Па, мислам дека проверив и дека нема таква тема!
    :!: Секако, доколку има слободно-канта
    Инаку, темава ја поставив зашто сакам да знам дали FCE дипломата е призната и дали вреди да полагам, а не за ништо да ги фрлам парите :*
     
  13. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    obrazovanie/sertifikati-t7963/

    чекам барем едно sorry за сите извичници што ми ги изнапиша ;) :hai:
     
  14. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    244
    упс, сори
    сори х100000 :lol:
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Мене ме интересира конкретно за делот на пишување гледам дека има некои есеи.. е сега прашањето ми е, дали имаш дозвола за празен лист покрај себе или јас претерувам? :D
     
  16. trixy

    trixy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Има некој полагано после 2014?