1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Final Destination (Судбина)

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од anastasija85, 4 декември 2010.

  1. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    Мотивација за темава ми даде филмот фајнл дестинејшн.

    Дали некогаш сте требало да бидете на некое место а поради икс причини не сте отишле и потоа дознавате дека таму се случило некоја трагедија и сите загинале а вие требаше да бидете таму.
    Или пак некој ве предомислил за нешто и тоа не сте го направиле а потоа дознавате дека ако сте постапиле така ќе сте биле два метри под земја.

    Значи ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ ЈА ИЗМАМИЛЕ СМРТТА ?
    Нешто ви поминало низ глава.. во последен момент се предомислувате и тоа ви го спасува животот ?

    Можете да пишете примери за вас , или пак за некои што ги познавате.

    најден материјал,цитирам:

    "Се случи пред неколку години ..се враќам од часови хемија со автобус бев.. беше вечер накај 20 часот зимо. Само што се симнав на автобуската кај што треба да се симнам имам уште едно 200 -300 метри до дома. Требаше да продолжам по текот на главната улица која продолжува една блага но непредвидлива кривина и обично колите возат со голема брзина. Но наеднаш ми светна во главата една идеа (и денеска се ежам кога ќе помислам на таа случка) да наминам до едно интернет кафе (кое денеска е затворено) кое се наоѓа на другата страна од улицата.. И место да продолжам по тротоарот накај дома чекам да нема коли за да поминам улица.. Од спротивната страна загледувам еден камион кој се движеше со многу голема брзина а од другата насока една кола му препречува пат (не го видел дека е кривина) и сече полна линија за да отиде на тротоарот. Камионот за да го одбегне сударот со таа кола врти во спротивната насока и се судира во друга кола .. странично и целиот се залепува заедно со колата качени на тротоарот за оградата .. 10 метри после мене каде што ЈАС ТРЕБАШЕ ДА БИДАМ СМАЧКАМ..

    на човекот во камионот не му беше ништо во колата имаше 4 души од кои еден помина со скршен врат другите со полесни повреди.

    Од тогаш наваму размислувам и го ценам животот повеќе бидејќи никогаш не се знае што може да ти се деси."

    -кое е вашето размислување на оваа тема,целата се наежив кога го најдов ова и верувам во вакви работи многу :?:
     
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Страшно!!! :o :o :o Не ми се случило и недај боже...Мил ми е животот колку и да е тежок!м :!: Ама имам слушнато некои луѓе дека избегнале смрт со предомислување во последен момент. Еднаш ми кажуваше дедо ми дека некој негов пријател кога работеле на терен требал да оди со воз на некое место но во последен момент се предомислил да оди со хеликоптер со некој негов пријател. А дедо ми го советувал да оди со воз зошто навечер во вагоните е покомфортно и ке стигне сабајлето точно на време ама овој не го послушал и тргнал со хеликоптерот кај планината Баба (така мислам) се урнале загинал а тој што управувал се спасил. И зад себе си оставил две дечиња и жена... ;( ;( ;( Дедо ми се кае што не успеал да го предомисли но тоа е...Понекогаш ти е така пишано едноставно. :|




    Од се можеш да бегаш ама смртта ти е сигурна работа..! :sweat:
     
  3. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Мене не, ама на татко и многу вакви работи му се имаат случено...Се ежам кога ќе помислам колку пати се има спасено од сигурна смрт...Херој е татко ми :) Не знам што е работата, ама како магнет е, како тој да ги привлекува опасните ситуации...
    А не се сложувам со тоа дека избегнувањето на смртта е избегнување на судбината, баш напротив, мислам дека судбината е таа што предизвикува некој да ја избегне смртта...Фактички, не му било време...Не требало да биде таму, па затоа се случува некоја ситуација која што ја спречува смртта.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Лелелее како ја видов темата морав да прокоментирам ... Баш синоќа сонував сон каде што јас бев главна улога и мораше да спречам многу смртни случаеви а воедно и тоа беше фајнл дестинејшн 4 дел :worried: .. Можеби изгледа смешно но сонот беше стварно страшен :worried: :worried: ... Кога станав бев многу уплашенаа ... Какви ужасни случки требаше да спречам :worried: :worried: :worried:
    (а не го гледав филмот незнам зошто тоа го сонував) :?:
     
  5. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Ми се нема вакво нешто случено мене или на некој што јас го познавам. Но имам слушнато разни прикаски на оваа тема. Не ми изгледа ова невозможно, напротив. Денес ги гледав првите два дела од филмот, не е страшен, туку претставува на некој начин некои необични случки. Би сакала да разговарам со некој на кој му се има случено вакво нешто. Со ова си ги поврзувам визиите. Според мене овие две работи се тесно поврзани. Верувате ли во нив и дали вас можеби ми се има ова случено?
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ми се нема десено нешто такво да можам да избегам од смртта. Верувам дека неможеш да избегаш од неа. Ако денес ти успее, утре не. Има многу филмови баш сега се сетив на еден филм кој одамна сум го гледала - као еден студент ја утврди теоријата и пресметуваше како таа доаѓа и кога му дојде редот на него успешно се спаси. Но, после неколку дена не ми текнува баш изгледа клавир му падна на глава :) .
    Сакам да кажам не се бега од судбина - смрт. Као што велат старите на третата вечер од животот што ти нарекле пророчиците тоа и ќе биде.
    Иако понекогаш и сам човекот си ја крои судбината. Дали свесно или несвесно зависи како ги перцепираме работите.
     
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Mи се има сличено неколку пати ,дури и самата си се чудам како сум уште жива .

    Според мене ,тоа не е измамување на смртта или дека требало да бидеш на друго место ,тоа е едноставно така ,затоа што така требало да биде .
    А не како што си размислуваме ние ,ПР . ако стоев под бандерата че ме убиеше кога паќаше или не знам што .

    Значи ,не сум стоела и не ме убила ,и не знам зошто толкава фама се крева околу тоа .
     
  8. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    25.329
    Пол:
    Женски
    Мене ми се нема случено....Но сум слушнала дека некои луѓе избегнале сигурна смрт....И мислам дека сепак судбината е таа која има улога во избегнување сигурна смрт....Таа предизвикува во последен момент да се премислиме и да заминеме на друго место.... :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Интересна тема. Ги прочитав примерите и мислам дека едноставно така требало да биде. Не дека станува збор за судбина или не знам што... Не сме биле на тоа место, во тоа време. Значи уште не ни дошло времето. Мене ми се има случено вакво нешто и многу се вознемирив. Не сакам да навлегувам во детали, но потоа бев испаничена и размислував-што ако закаснев неколку минути, што ќе се случеше со мене? Но не сум закаснела и не се случило. Затоа мислам дека не треба да се оптоваруваме многу со вакви работи. :)
     
  10. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно сум ја прелажала смртта...нема да објаснам во подробности бидејќи несакам да се потсетувам на тие моменти..се извинувам ! :o
     
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно сум ја прелажала смртта...нема да објаснам во подробности бидејќи несакам да се потсетувам на тие моменти..се извинувам ! :o
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.585
    Допаѓања:
    79.084
    Пол:
    Женски
    Досега не ми се случило такво нешто.
     
  13. Rosonerka

    Rosonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    4.479
    Пу пу до сега ништо вакво не ми се случило,но читав за несреќата во Србија кога се преврте автобусот поточно жената што загина седела на друго место и инсистирала да седне на местото каде што и подоцна загинала....