Зависи каде ке одите ако одите на кафе можеш фармерчиња со некоја интересна кошулка капутче некој интересен детаљ како на пр.часовник,или некоја впечатлива алка ноктите обавезно средени,чизмички на штикла и некоја голема чанта;ако одите на пица или на вечера некое прикладно хаљинче да не биде премногу свечено сатени никако,некои чизмички или салонки,пак некој интересен детаљ,ако одите во диско тогаш можеш малце да се опуштиш и да облечеш нешто пократко некоја повпечатлива ноќна шминка да стаиш некое кратко капутче или во тој стил повисоки потпетици и некој појак парфен само да е биде премногу јак мала чанта,за дневно кафе или шетња можеш да си облечеш некој панталонки или фармерки,некое сукњиче до колена балонче или сл.некое џемперче плетено подебелко како за ова време чизмички без стикла до колена можеш да си облечеш,некоја чанта поголема ако има сонце очила за сонце,некој ситен детаљ не премногу шминка,може некоја дневна пудра малце руж сјај за усни и моливче или маскара.
Нешто средено но не пренападно..нешто вака Јас на мојот прв дејт отидов во кратки тексас шорцеви, бела рамбовка , кафеав каиш и такви кафеавки сандалки на плута..кај мене успеа
Jас пак мислам дека за првиот состанок не смее да се претера, да се накинџуриме како за на свадба... Напротив, мора изгледот да е лежерен, да не се добие впечаток дека сме се спремале цел ден за состанок, дека сме биде на фризер, па некои свечени штикли, црвен кармин... НОТ! Се да си биде на свое место, совршено лежерни. Партнерот мора да добие впечаток дека сме секојдневно така убави, природни, не дека сме се испотиле мислејќи како да се дотераме за тој да не засвиѓа... (посебно за дневни дејтови) типичен дејт
Нема правило за прв состанок. Тоа зависи од многу услови. Прво кој е типот. Второ каде ќе се оди. И која возраст се. Неможе некоја 15годишна да облече фустан свечен и да искочи со 15 годишно момченце така. Тој во спуштени фармерки оваа во фустан. Ајде бе Или сте се договориле попладне на кафе да се најдете, нормално ќе има дневен изглед, женското не треба да претерува со додатоци, штикли не мора високи, зашто големи се шансите машкото да е патика спортска фармерки, а женското се дотерало мислиш на писта во Милано оди. Фустани на дејт може само на повозрасна девојка која искача прв пат со момче т.е. тој е веќе муж, може да и парира на таа девојка. И никако да се носи прекусо на прв состанок. Секако освен ако не е целта да го легнеш уште одма Ни претерано шминка не треба, па треба да се познаете кога ќе се видите, а не да му искочи цура со кило пудра и 10 слоја сенка. Нежна шминка. И добро е да има секси детал некој, хулахопка добра, црвен детал тој пали мажи. И даааааааааа, секако косата да и е убава на женската исфенирана испеглана. Сепак да не се претерува. Зашто тоа е само прв состанок. Ако се претставиш добро ќе те гледа и понатаму. Неможе да облечеш сатенски фустан, црвени штикли, а понатаму искачаш се у патики и се запрашува што ти се десило на тој состанок. Иако мажите знаат дека жените претеруваат често при првите состаноци. И наместо да бидат тие што се тие се дотеруваат ко за свадби, имаат претерано многу шминка, носат највисоки штикли на кои едвај стојат, на 2 минути ставаат сјај, се гледаат во огледало на 1 минута... Така да сигурна сум мажите повеќе го сакаат вториот состанок него првиот
На фрст дејт девојката би требало да изгледа елегантно, секси ,убаво составени парчиња на облека кои одговараат со местото на “дејтот“,не премногу разголено, т.е ич разголено за да му овозможи на партнерот да си ја замислува малку во поинакво издание и за да ја покани пак на место поприкладно за разголување ,во поглед на карактерот најважно е да биде опуштена, да биде помистериозна да не ги кажува сите можни информации , да остави малку и тој да се потруди да и ги извлече , да не биде премногу нападна да не го загушува и да не го оптеретува со прашања наеднаш. Тоа се побитни информации што ми текнуваат во моментов ама овие ми текнаа прво на памет. А и важен е говорот на телото.
Јас мислам дека се си зависи од тоа каква е девојката и карактерот нејзин, па и како таа се чувствува најдобро и она што е. Некоја спортски тип девојка не може да ја натераш да се облече во штикли и поелегантно или обратно. А и некои девојки уживаат да се носат провокативно и намерно така се облекуваат, па до душа и на некои машки тоа и се допаѓа можеби. Така да најдобро е да се биде среден и изгледот да одговара на тоа каков си, а со тоа да се чувствуваш удобно и опуштено.
мислам дека зависи од типот на машкото .. ако тој се облекува поелегантно ( со сако нагоре ) и фармерки надолу ..периодов мислам дека тоа е тренд кај нив , тогаш би било соодветно и девојката да облеши фустан и штикли .. да смени нешто со косата , ако и е виткана да ја испегла а ако и е права да ја извитка со фигари или за подобар ефект со витлери .. ако машкото е спортски тип , може некое поспортско фустанче со пеглана коса ... женската може да биде многу секси во фармерки и топ
Облека за прв состанок. Посмело или...? И конечно и мене ми се насмевна среќата сингл девојка конечно ќе излезам со еден дечко..... Дајте ми некој предлог што да носам, како да се нашминкам фала ви однапред
Облека за прв состанок. Посмело или...? Облечи нешто што нема да биде многу нападно! Што поскромно толку поубаво-но тоа не значи да се затвориш од глава до пети Облечи го омиленото фустанче,или пак фармерки со некоја маичка,некоја суќничка,шминката нека ти биде понежна Со среќа,убав помин
Облека за прв состанок. Посмело или...? Облечи нешто во кое се чуствуваш добро и слободно да не биде многу напната облека а нашминкај се некако поедноставно(нежно) и убаво да си поминиш