Облека за прв состанок. Посмело или...? Облечи некои фармерки, цефка, кошулче во некоја светла, летна боја, жолто, зелено, црвено, штикли и некое ланче долго кое ќе одговара на штиклите и можеш некој упадлив голем каиш... Не премногу нападно, зошто ќе делуваш на лесна девојка... Јас на првиот состанок со мојот сега веќе 2 годишен дечко, носев цефка фармерки, жолто кошулче голем црн каиш, црно ланче штикли и ташна, косата пеглана и сосема лежерно нашминкана, пудра, моливче, римел и лабело... И после откако стапивме во врска, тој ми кажа дека мн почитувал што сум се облекла така пристојно а не нападно и вулгарно, и на шала ми кажа Ние машките вулгарно облечени женски ги сакаме за една вечер, а пристојни за цел живот... Така да од искуство ти ја препорачувам комбинацијата... Гуд лак
Облека за прв состанок. Посмело или...? Добро ти рекол дечкоти па и прв пат ќе го видам не мислам нападно да се облечам
или мозеш да облечеш црно фустанче-црното е класика, ама да не биде премногу кратко или деколтирано, едноставно нормално, елегантно со некое интересно герданче црно сребресто, а од шминка мозеш да ставиш малку сјај, малку руз, маскара, и некој парфем по кој ке те запамети, и секако ноктите средени убав помин
Облечи нешто во кое што се чувствуваш удобно и убаво, а не да си стегната цело време. Големо деколте или ептен кратка сукњичка не е баш добар избор според мене, тоа не ти го препорачувам никако. Некое интересно фустанче е најдобар избор според мене, или пак фармерки со маичка. Шминката да не биде пренападна, биди си природна.
која фризура? значи вака. Пред неколку дена се договорив со еден кој одамна го свигам и он мене и за неколку дена конецно ке се сретнеме па незнам за коса за облека веке знам ке носам фустанче или сукна комбилизон па така Да ВЕ МОЛАМММММММ ЗА ПОМОС КАЗЕТЕ МИ КАКАВА ФРИЗУРА ДА НОСАМ ЈА СЕ КОЛЕБАМ МЕГУ ПРАВА ИЛИ ИЗВИТКАНА ми треба итно фала однапред
Мислам дека најдобро е да постираш слики да видиме како изгледаат тие парчиња на облека, секако најдобро би било да ги облечеш и да пратиш слики.. Па ќе ти дадеме совети дали да ја фатиш косата, да ја испеглаш или да ја извиткаш
^^ Каде ќе излегувате? Ако одите некаде на кафенце, најубаво ќе биде да облечеш некоја сукњичка и кошулка или маичка убава. Спојлер Само немој да претераш па да мисли дека со часови си се дотерувала само за него
Би можела да облечеш нешто привлечно,но со оглед на тоа да носиш штикли,да ја истакнеш својата надворешна убавина.Ако станува збор за шминката-не премногу нападно ниту пак натрупано,минимално а сепак да изгледа привлечно и симпатично
зависи каде одите, доколку е на кафе по едноставно фармерчиња, слатка маичка, балетанки..и малце шминка
Паа јас мислам дека доколку не се работи за дискотека или вечера..дефинитивно треба балетанки да се носат..јас не би облекла штикли на прв состанок доколку не е морално..иии без многу шминка
за денски состанок фармерки и патики и едноставна долга блуза и ташна или фармерки со балетанки или штикли(зависи возраста) со интересна блуза или еднобојна блуза со марама и сако или џемперче. за вечерен состанок може фустан(НЕ за на свадба) едноставен и не многу краток со некое ланче или прстен и штикли или балетанки. за косата и шминката нека биде што поприродно(не мислам да отидеш како што ке станеш од спиење) мислам на средена пуштена или брановидно извиткана коса и нежна шминка(моливче,римел,руменило,кремаста сенка) еве некои примери: Спојлер биди тоа што си.
Не е најубаво да се носи она што вас ви стои убаво и најудобно (океј не зборувам за пиџами), она што го одликува вашиот стил? Без разлика дали е денско кафе или вечерна журка (иако обично состаноците се прават на некое потивко место). Најважно од се‘ е да бидете чисти, испеглани, убаво да мирисате, да не ви е запоставена косата и да не претерувате со шминка. Јас на пример за мојот прв состанок со сегашниот си бев по старки, фармерки-хеланки, маичка и марама, мали убетки и прстен; од шминка - малце пудра, маскара и лабело. И се чувствував многу удобно и баш јас. Не сакав да глумам лудило со штикли и фустанчиња. А тоа него многу му се допадна. Па така, и вие бидете свои. Само без многу голотии..
фармерки, не многу високи потпетици да можете да одите комотно,кошулче или убава маичка некоја не многу нападна и не многу отворена кај деколтето,марама, аксесорис нешто не многу накитена едноставна,чанта и јакна ... тоа би било тоа во главно ќе постирам и слики коа ќе ми светне некоја комбинација..да не барам сега специјално
Прво и најважно е да бидете она што сте, да се облечете согласно со вашиот стил, да ви се допаѓа тоа што го носите и да ви е удобно, затоа што од тоа многу зависи како ќе се чувствувате во текот на состанокот. Најосновно нешто е да бидете чисти, со средена коса, убави намирисани и со средени нокти. Понатаму работите зависат од тоа дали состанокот е дневнен или ноќен. Дневен: кошула, фармерки, сандали/чизми, интересен и впечатлив накит да му го привлече вниманието на дечкото, секогаш се фаќаат за тие детали Ноќен: кратки панталончиња со кошула(не мислам на ултра кратки, но да ги покриваат бутовите), штикли или сандали на полна пета, нежна шминка на очите со кармин во појака боја. Секојдневно фустанче со поголема должина, некаде над колената. Јас го практикувам овој изглед, тоа е мојот стил, остава впечаток, и најважно не изгледа вулгарно.