Не креваат девојките поголема фама околу модата и имиџот, туку сите оние кои следат и/или се занимаваат со мода. Полот е небитен. И како некој што работи во модната индустрија како што велиш, тоа треба да ти биде познато. И истите тие личности кои се занимаваат со мода на било кој начин, обично разбираат дека не сите следат исти модни трендови и стилови. А ако комбинацијата е убаво искомбинирана, безразлика дали парчињата се обични или контроверзни, супер океј е и секој нареден коментар е сувишно непотребен. Не треба да помислуваат колку тие се над или повеќе од некој спроти нив ради парчињата што ги носат и начинот на кој ги носат. Во случај да се опсесивни кон облеката, тогаш нека најдат некој како нив, погодна средина, и нема да има никаков проблем. Ама тоа се различни улоги во различни ситуации и треба да се разликуваат. И како што велиш, изгледот значи многу. Не денес, туку секогаш. Па така, место грозна штикла и нога која не знае да оди на истата, јас би одбрала соодветен модел на патика на пример. Место никаков крој на фустан, би одбарала фармерки и бела блуза. И место машко облечено во нешто што не му стои, и го носи за да е видливо истото, би одбарала да носи нешто што на него му лежи и тој да ја носи облеката, место таа да биде само носена. Се тоа во склоп прилагодено на пригодата. Ова е мислење на некој кој нема допирна точка со модните трендови, јер не ги смета за важни, ама се води според сопствена проценка за "убаво" и "не убаво". И го дава само кога некој ќе го побара, јер тогаш обраќа поголемо внимание на нешто толку секојдневно за него.
Јас одев на сигурно, облеков нешто што знаев дека добро ми стои, нешто во кое се чувствував убаво, но истовремено и удобно. Како што кажаа и пред мене, самодовербата зрачи убавина. И не згрешив, веднаш добив комплименти, но и да не беа изразени во зборови, пак се приметуваше од погледот
Јас би се појавила вака Зависи од пригодата, каде одиме, кое време од денот и како се чувствувам во моментот Добар аутфит и самодоверба се клуч за оставање на добар впечаток. Муабетот на страна, темата е за first date look И сакам дечкото да се појави соодветно среден, не сакам да отидам во некое убаво кафуле а типот се појави во тренерки или како да не вложил 5 мин да изгледа убаво
Зависи каде е дејтот, на колку години е девојката и кое годишно време е. Сега за есен на мои 30 години би се појавила со: капут , фармерки/панталони и кошула со тенок џемпер. Кошулата и панталоните да не се некои широки сепак да ја оцртуваат фигурата. Накит ништо или само обетки, а акцент би ставила на убав каиш што ќе одговара со капутот. Летно време минич ми е многу смело и невкусно за прв дејт, но фустани ми се баш ОК.
Му отидов на прв дејт дотерана у онака дневно, летно фустанче шо се комбинира со старки и нашминкана, со испеглана коса. Вака и сакам да се носам, не дека ради него специјално било. Лето тоа ми е омилен избор за тоа што би носела. Сред лето, денски бевме на кафе и огромна жештина беше надвор, ова ми личеше најидеално, мислам и не згрешив. Он дојде у долги фармерки и некое така блузиче-кошулче на кратки, знам се туфкаше колку му е жешко, па и денски дека бевме излезени, се свари. Следен дејт дојде у шорц. Се смееме ден денес за тоа у жештината шо дошол на долги али мислел така ќе остави посериозен впечаток. Мислам дека се зависи од временските услови, кога ќе се оди, дали денски или ноќе и на кое место. Сигурно нема за у кино со минич да се отиде.
Оддамна беше, ама ако добро се сеќавам носев црна суќња во фалти и фрна припиена маичка со средно длабок ве изрез. Суќњата си ја купив баш вака есенски период, ноември и беше многу убава, а се мислев дали да ја купам дека штедев за книги за на факултет, ама бевме со братучетка ми излезени и ме поттикна да ја купам. Ја изнаносив таа есен-пролет и дека во пролет ни беше првиот состанок ја облеков. Црна елеганција, косата природна, имав црвен кармин и смоуки нашминкани очи и местенцето каде што бевме договорени да се најдеме идеално ни се вклопуваше во приказната, преубаво си поминав Се надевам и тој исто
Јас не знаев каде одиме. Ми рече на пијачка. И се мислев каде се може да се оди на пијачка, па реков ај да не претерам да се средам а да изгледам добро каде и да одиме. Облеков црни панталони со висок струк кои може да се носат и секој ден и за излегувања, ставив бела маичка што е исто така добро да се носи и секој ден и со сако би изгледало супер. На нозете ставив старки, чантичка мала земав и во багажник си ставив сако и штикли за секој случај. Кога се јавив да прашам каде да одам ми кажа каде ќе ме чека, не бев сигурна дали ќе ми требаат штикли и сако. Се мислев да прашам, ама кога видов дека нема потреба не сменив ништо. Ако требаше да ги менувам старките за штикли изговор ќе ми беше дека не можам со штикли да возам, а сакото ќе го земев во случај подоцна да не ми застуди. Дечкото не знаеше дека го носам сето тоа со мене, а јас знаев дека не ми е промашена комбинацијата во никој случај бидејќи 4 часа поминав на FaceTime со другарка која е ептен навлезена во модниот свет. Еххх времиња, тоа беше пред неполни 2 години.. Ни корона ни враг.. Сега иди облечи нешто и оди негде да те видам.. Ќе заборавиме што и како треба...