1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Fish spa

Дискусија во 'Тело' започната од rossonerka, 18 мај 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Фиш спа е познат третман каде се прави педикир и маникир на стапала и раце со помош на рипките Gara Rufa.
    Рипките ја јадат мртвата кожа и ја подмладуваат, но добри се за циркулацијата на крвта и за нервниот систем. Воедно делуваат ефикасно на кожни заболувања и се препорачуваат од доктори овие третмани за лицата кои имаат проблеми.
    Третманот не боли туку напротив е како масажа и за релаксација.
    Дури има и фиш спа третман на целото тело, базени полни со риби.
    Сте посетиле фиш спа досега?
    Слушнав дека го отвориле и првиот салон во Скопје од ваков тип за стапала и раце.
    Дали би посетиле ваков тип на третман?
    Или страв ви е :D

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.336
    Имам слушнато и прочитано на нет за ова чудо (кога истражував за алергии и кожни заболувања).
    Немам посетено таков спа центар и мислам дека во блиска иднина дека нема да посетам. Незнам, језиво ми е :$ . Знам дека не страшно и болно и дека тоа не се ајкули кои ќе ме изедат :) ама неможам страв ми е. Кога ќе имам некој голем зор ваљда ќе се престрашам :wasntme: :D
    Фино што има отворено и во Мк ама да не зацепат цена ненормална па да неможе да си приушти секој што сака да проба а првенствено за кожни заболувања. Иако тука ќе треба висок степен на хигиена после секој третман сигурно имаат некој изводлив начин на пр. менување на вода после секој клиент....
    Како и да е убаво е и здраво, во тоа сум сигурна
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Би одела, ама ова којзнае колку голицка :D
    Каде има кај нас? :wasntme:
     
  4. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Јас искрено прв пат слушам за ова. Се чини интересно, но не знам дали некогаш би посетила ваков третман. Не дека би ми било страв, туку рибиве ќе ме скокоткаат. :$
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    http://www.facebook.com/pages/The-Natur ... 4275910854

    Пред се некако нехигиенски ми е од слики на интернет влегле 100 луѓе и им ги гризаат нозете. А вака во салони сам секој во аквариумче е многу подобро.
    И јас мислам дека скокотка, претпоставувам, ама многу ме интересира како е.
    Јес да стално бегам од риби на одмор во море и ако ме допре некоја дигам паника, а тука ќе плаќам за риби да ме јадат :D
     
  6. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Самиот назив ми створи некаква језа по цело тело, и си замислив некоја топла и загушлива просторија што мириса на риби и почнав да се гушам :tmi: :D

    Прв пат слушам за вакви спа третмани, ма да што се нема да измислат луѓево за пари така што не ме изненадува ова воопшто. Јас лично како нељубител на риби (како за јадење така и за било какви физички контакти, освен гледање во аквариум) не би се осудила да одам на ваков третман, освен нели ако не дај боже е нож до грло работава. На одмор кога одам се ежам цела едно рипче кога ќе ме пипне, а не па да седам мирна и цел куп да ми ја грицкаат мртвата кожа од стапалата.
     
  7. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Имам слушнато дека постојат вакви третмани, имам и на интернет читано. Првпат слушам дека отвориле во Македонија и мило ми е, ама истовремено и се плашам дека ќе лупнат цени до таван и тоа нема да може секој да си го дозволи :!: . Како и да е сега за сега не би одела, страв ми е ама и љубопитна сум, сакам да видам што е како е, ах пуста љубопитност :D
     
  8. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    И јас имам слушнато дека кај нас отвориле ама појма немам каде точно. Јас не би посетила фиш спа,не од страв туку повеќе од језиво што ми е. А и како што имам скокот ептен на стапалата,ни самата не можам да се допрам па камо ли некој, у случајов па ни рипчиња.
    Имам искусено нешто слично ( :D ) на еден одмор со вакви рипчиња што те грицкаат во вода и не ми беше воопшто пријатно. :tmi:
     
  9. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Јас го имам посетено овој fish spa и можам да кажам дека не е така како што велат, дека после третманот нозете се поодморени, се осеќате по релаксирачки итн. Се е до психата, кога седиш 10 мин. или 15 бидејќи по толку мин.е еден третман си мислиш дека се шувствуваш поодморено некако, масажа на нозете не би рекла дека прават, скокоткаат и тоа баш многу, на почеток само што ги ставаш нозете во аквариумот пецкаат некако рибичките, ама после се привикнеш. Така да јас не сум нешто ептен задоволна, во секој случај убаво е кој не пробал може да проба, чисто од радозналост да види како е. Јас таму што бев платив 10 евра за 15 мин. и 7 евра беше за 10 мин.ако не се лажам :^)
     
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ме изненади што отворија Фиш СПА кај нас :D Јас би сакала да пробам, интересно ми изгледа и ме интересира резултатот по третманот.
     
  11. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Се обезбедив јас и ќе пробам па ќе ви кажам како е :D
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.893
    Допаѓања:
    152.858
    Појезиво,поглупаво,побизарно од ова не сум чула. А да не зборувам колку е ретардирано. Што фали на камен за пета бе човек?! Што е дужно некое нимо рипче да ми јаде од мртвиот епител зошто е живо гладно?!Или чекај,чекај,тоа и не е толку невино,коа би било поголемо би било ајкула на пример...
    Мислам втф?????? Ја читам понудава на групер и изгубив 10 единици на коефицинет на интелигенција.
    - Го чистат епидермисот а со тоа прават кожата да биде поеластична, поздрава и помека.
    Да,точно,што не значи дека не можеш да го постигнеш истото со некој конвенционален начин на стругање на пета,па исто да ти биде табанот Маро мори мед да лижеш.
    - Ја подобрува циркулацијата и го стимулира протокот на крв.
    Извини,ама се сомневам. Еден мини гриз,со суптилно чувство ќе го среди ова као?! Извини ама да си потопам пета у солена вода и да добијам масажа со масло (нежна и дозирана,не дозвољавам манијакално понашање со мое стапало,молим лепо!!)од која ќе оргазмирам ми е сто пути боље и плус и плус тоа може да го направи некој згоден тип...

    И оваа врвна глупост
    - Го регулира нервниот систем
    - Го отстранува стресот и го релаксира телото

    Хм...ако гледањето на рипки во аквариум релаксира,не ми се верува дека ќе ме релаксира гледањето на рипчиња кои полека,но сигурно ме јадат.Замисли да нема временско траење на третманот,па онда си одам без малиот прст,а?! Како тоа го регулира нервниот систем?! Ако е ова точно,сте пронашле револуционерно откритие. Патем,има посебна техника на масажа на стопала која де факто има ефект,па затоа не се пушта секој да ти фаќа стапало (еве јас на пример пуштам да ме масираат само на пета,мртва сериозна сум,пробајте,па ќе кажете што тоа ви се дешава...ах ах ах... окичките пеесденарки. А прееска...нагазив на игла од хефталка,о колку болеше,сега нешто неарно ми е ми се чини!!!). Ме релаксираат многу други,попаметни начини,а не... фиш спа бе! Ај фил лајк а фиш!!!

    Значи,не,нема да дозволам рипчиња да ме јадат.Мислам дека тука ако сака може и ПЕТА да се побуни (си уат ај дид дер!!!ха!!!).
    Ама судејќи по петите на нашиве лепотици,да ви кажам,рипчињава барем среќни се,ќе бидат најадени,дури и многу жртви ќе има од прејадување. Она 5 мм помало стапалото после третманот. Ама знаеш мене ми се склони кон пукање,а тоа...може првиот слој и е од 8мо одделение. Среќни рипчиња...Ќе си мислат корален гребен е,со пукнатини,ко што се ситни,ихааа...ќе почнат да се мрестат (ијууууу...).

    Значи,ова е најужасната глупост која е измислена. На сите присталици би им пуштила по една мини пирана да си играат руски рулет у легенот!
     
    На LittlePinky, JoxyTheFreak, zhap4e и 7 други им се допаѓа ова.
  14. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Малку подоцна реагирав за да се информирам, но откако прочитав неколку факти тотално го променив мислењето oд тоа дека е интересно да се проба и нема да го пробам. Сега колку е точно и што е точно не можам да тврдам бидејќи не знам, ама постои подлога за сомнеж.
    Викаат дека водата е нова за секој следен клиент тоа не е така бидејќи водата не се менува постојано со нова, туку истата се филтрира и дезинфицира. Сепак постојаната дезинфекција била штетна за рибите, но и не дава гаранција дека рибите се "чисти" и може да пренесат болести на луѓе :( Некаде е забранет третманот поради тоа и поради причина што не е дозволено да се искористуваат животни за козметолошки третмани и треба да е така. Постојано се принудени да грицкаат кожа плус уште којзнае што друго што не е соодветно за нив и отровно (лак за нокти на пример :worried: ).
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    за што сака нека е корисно
    нема шанси ова чудо да го пробам, додека ги читав постовите се наежив а не пак да пробам ппп скраја да е.
     
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Лилит ни си пробала ни ништо а навредуваш како крај на светот да е ако луѓето одат на фиш спа.
    Ни јас не сум била, ни знам какво е, ама добро е да имаш некогаш резервиран став.
    Има луѓе со габички и слични други инфекции на стапалата кои со години ги лепат и ништо не ги спасува, а фиш спато е препорачано од доктори низ светот. Така да да имам проблем и те како би пробала.
    Кажа зборови како да ќе чекаш пред салонот со табла јајца и ќе ги маваш безмозочните жени кои одат на фиш спа. Претеруваш со критики без притоа да имаш вистинска причина за таа критика.
    Има растенија и животни кои и те како се добри за човечкиот организам. Па подобро некои риби нека ме гризаат кои тврдат докторите дека се здрави и кои даваат и те како добри резултати низ светот, него да се мачкам со некои препарати создадени во фабрики со 100тина хемикалии од сомнително потекло во нив, а речиси воопшто не се ефикасни.
    Не е ова како африкански племенски изум, па ај отровни змии да лазат по телото па тоа е добро за кожата бла бла па да преувеличуваме.
    Ова е една нормална работа во светот со само еден вид на риби.
    Не го сваќам навредувањето за нешто што не е ни прочитано доволно, не е ни пробано, ај да си била и да имаш негативно искуство, некој твој близок имал негативно искуство и слично, а ти од твоја претпоставка некоја си плукаш во прекумерни граници.
    Уживај земи си го каменот и рибај се, и јас си се мазнам со камен. Ама не дај боже еден ден да имаш проблем со габички па скришно да влегуваш во фиш спа.
     
    На babymama, Peppermint и CrazyStupidLove им се допаѓа ова.
  17. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ок, човекот напредува на секое поле... па така и на ова. Се откриваат нови и нови начини за отстранување на мртви клетки, риби, вулкански камења, глина од не знам ти кај.... дрн, дрн јариња.

    Јас лично не би пробала. Стварно ми е језиво....
    Не би да им давам на рибите да грицкаат од мојата кожа- а претходно грицкале друга. Сепак, има секакви преносливи инфекции и болести. Причина плус, ми е тоа што, како што кажувате, некои луѓе имаат габични инфекции кои не може да се отстранат на обичен начин (со камен за пета).

    Не сум некоја гадливка, ама ете, едноставно мене не ми се допаѓа да се користат животните за некоја госпожа да каже дека риб4иња и ги отстраниле мртвите клетки од нозете.

    Тие што имаат габични инфекции кои се отстрануваат само на ваков начин- бујрум, другите - ми нема смисла.
     
  18. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Не знам колку е сигурно дека рипчињава нема да ја пренесат габичната инфекција или недајбоже нешто друго поопасно на некој што ќе го грицкаат после третман на некој заболен?
    Од тоа што го прочитав во една статија пишуваше дека и хепатит и хив можеле да пренесат.. :worried:
    Може и лак од нокти да шмукнат, а тоа сигурно не е убаво за рибите.
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    Hе верувам дека можат да пренесат инфекција...
    A тие пустите знаат ли што јадат? :D
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    E oва е веќе сериозно навистина, каде прочита? Ај сподели ако го пронајдеш.
    Само имам читано дека има болници на запад за кожни болести каде во самите болници ги има овие рипки, од докторите се тврди дека е многу здраво.
    За убавина не би го трпела треманов, но мислев дека здравствено е сигурен, бидејки институциите го препорачуваат и го користат.