Росоњерка како маркетарите велат дека е добро за габични инфекции,не значи дека навистина е добро за габични инфекции. Го прочитав целото,имам навика и да гуглам,па и тоа го направив. За воља на вистината,сличниот тој ензим го испуштаат и пијавиците. Во Америка веќе во неколку држави е забрането ко прво,а во Европа речиси и да не е застапено во салоните. Ако беше толку здраво немаше да наиде на контроверзни размислувања. За да биде сосема безбедно треба веќе *употребените* рипчиња да се пуштат пак на слобода,а чисто се сомневам во хуманиот дух на луѓето,особено пак во Македонија да ги вратат од онаму каде што ги земале,затоа што сигурно нема да виреат во Охридско, да им дадат рицинус за длабоко прочистување (се разбира иронија,да потенцирам пак да не не ме сфати некоја) или да се убијат и да се користат нови,а ти како љубител на животните не верувам дека ќе се согласиш со истото,што и ме чуди ако воопшто се согласуваш за користење на рипчињата за козметички третмани што сигурно не им е убаво и фино и не се осеќаат ко у природна средина. Сигурно дека не ги оставаат да гладуваат,додека се прочистат за да бидат безбедни,а и да го прават тоа,повторно е...нехумано и е човечка глупост. Се филтрира водата,за да таа вода биде безбедна треба да се употреби и хлор,зошто филтерот сам по себе не ги уништува бактериите,а ако се употреби силно средство за дезинфекција на водата,секако е измачувачки за кутрите рипки. Нелогичен е цел овој третман... Повеќе може да ти направи проблем,него ли да ти помогне,е поверојатно...па дури и да ти пренесе бактерија или вирус кој предизвикува кожно заболување. И луѓето со проблеми на стапалата сигурно дека нема да бараат чаре во козметичко студио и доколку се применува заради медицински причини, ќе се препишуваше на лекар и ќе се применуваше во ординации,а не во салони. Поим немам што ми се нафрли...ама ајде.
A може и ги чуваат гладни, за да бидат расположени да те грицкаат, нели гладно, па да јаде . Hе знам, свашта има денес, измет од славеј,креми од полжави, читам бекам сега некоја постелка од овци користи, ама јбг сестро, ти грда си се родила, таква и ќе си умреш ...Cвашта на овој бели свет
^ Jaс кажав дека сум резервирана и доколку сметам дека треба некогаш да го посетам ќе го посетам. Но не заради убавина да трпам, туку од здравстени причини, бидејки знам какви гадни тие можат да бидат габички, па знаеш во немајкаде и кога имаш некој проблем се би пробал. Инаку да љубител сум на животни, ама ако ете претпоставам дека на луѓето им помагаат рибиве тогаш зашто да не. Како што едно од омилените животни ми се делфините, а сепак ги подржувам оние третмани на делфини во заробеништво, каде им помагаат на болните дечиња, посебно мислам деца со парализа мислам дека беше таа програма, не сум сигурна. За козметички третмани повторив нема да го посетам јас лично. А некогаш и од токму препарати кои се добри се луѓето се прави профит. Рибиве сигурно се за профит повеќе, ама се е така, денес светот е околу парите. Луѓе умираат зашто неможат да купат некој лек, кој ќе им го продолжи или спаси животот. За жал. Но кој како сака, ако некој сака да проба нека си проба, ако некој несака, лично право. Ни едните ни другите не се ни празноглави ни ретардирани а ни генијалци. Човек се би пробал за убавина и за здравствен проблем. Дури и некои третмани кои ги читаме низ странициве и кои ги преминуваат границите на човековата лудост.
Имав за ова читано ама не мислев дека во скоро време ќе стигне и кај нас...ми делува како луксузна измишљотина, но читам дека има ефекти ако се практикува неколку пати неделно во рок од 3-4 месеци...А гледајќи по цената на еден третман, тоа би дошло...па...многу пари за поголемиот дел од нас. За проба, чисто од љубопитност може и би пробала, мада не верувам дека повеќе од минута ќе издржам...
Прво за оние кои мислат дека ова е малтретирање за рипките, овие видови на риби и во природата ја имаат истата функција, само што таму го чистат телото и устата на други риби. Така да од тој аспект нема потреба да ги жалите, освен што нормално се затворени, а тоа е нешто што јас најмногу мразам за било кое животинче, но тоа е веќе надвор од темава. Јас да имав вишок пари би отишла прво и основно затоа што ОБОЖАВАМ кога некој ми ги голицка нозете, така да за мене мислам дека тие 10-15 минути ќе бидат рајот Второ што ме кочи е тоа дека можело да се пренесе болест, што некако и не ми е толку логично дека самите рипки би пренеле најверојатно не им стои кожата во уста многу долго, но ако ништо друго не можеш да си 100 % сигурен дека водата е чиста, а јас сум бајаги подложна на габични инфекции по кожата така да не ми се ризикува од радозналост да закачам габична.. Но ако ВЕЌЕ имав габи на прстите на нозете ќе отидев.
Цел живот сум го добивала „третманов“ бесплатно од вредните рипчиња во Преспанско, ем таму сигурно се повредни зошто убав живот си водат и не се во контролирана средина. Кога веќе е природен третман, немам намера пари да давам во некој фенсерајски салон.
Ијааа отвориле во Скопје? Cool! Само со оглед на тоа колку сум скокотлива тешка работа дека би пробала. Веќе сега ме тера да се чешкам Ама инаку ова е најнормална ствар и не е некојси новитет во светот. Сигурно сите имате пријатели кои шетаат низ светов, оние што биле во Азија, Тајланд, Виетнам и слично, сите испробале вакво нешто и споделиле искуство. Бар јас што ги имам неколку авантуристи кои патуваат сите ми зборуваат за овој третман или како да го наречам, дека стандардно го нудат насекаде. Наводно било ептен интересно. Другарка ми со дечко и беа на Канарските острови сега пред месец дена и си ги бутнале нозете во едно аквариумче кај што рипчиња им ги грицкаат стапалата Многу ми беа слатки и смешни, а ова рибиве јадат ли јадат Но како што викам, јас сум премногу скокотлива. И не би можела. А сум за секакви алтернативни и нови искуства у глобала ама ете, знам дека не би издржала. Јас и на педикир стискам заби, затоа сама си го правам по дома. И ај ај не претерувајте со правава на животните веќе, ништо не им е на рибите, имаат меморија од 45 секунди, нали Дори, брзо забораваат трауми. Дур да се истрауматизира си вика - еј, која сум? Шо праам тука? Ммммм нозееее!
Пирамидо,тоа зборувајќи во име на фактите,не само ко просто залагање на истото. А со истото тоа и колку е хигиенски издржано. Да не си мислите вие булимични ова рипкиве,па јадат,после повраќаат.
^^ Од кај знаеш, може и да се булимични! Еј, не сум разглабала до детали сеа, ова нали со доза на хумор треба да се сфати моево со рибиве, мислам, ме сфати де. Само поентата ми беше дека јас скокотлива сум и затоа јоктурн рипки у аквариум. Ама инаку не се замислувам до толку, зашто толку луѓе го практизираат сегде низ светот, па ваљда знаат што прават. Плус искуствата кои ми ги пренеле други кои биле, се дека е ептен cool, и да, дека голицка и дека е речиси неподносливо за скокотливи ко мене на почеток али после се навикнуваш, наводно. Рипчињава како што знам грицкаат изумрена кожа, нема да се деси Ајкула 4 дел
Глупост жива, фрлање пари, што да кажам Лилит веќе се кажала. Да било така луѓето во аквариумите по дома ќе си ги пикале нозете. Иуууу! Језиво. Не е за мене, а кој сака негово право си е.
Хмм прв пат слушам за вакво нешто, прво ми изгледаше интересно, ама сега после вашите постови не е башнеприфатливо за мене.Не би одела на ваков третман,а и многу било скапо :roll: ама како што велат за убавина се се трпи,па и џебот ке трпи. Сепак овде сеуште не е развиен правилно овај третман и од каде се знае дека правилно го прават кај нас,како и во другите земји
Абе ај не ме заебавај. По 23 години опстојување во светов,некако не ми делува како да знаеме што правиме,особено коа се работи за пари. Оно лекови за рак кријат за пари,не па рибиве. Овие може да ги бидува од тоа подрачје од каде што си потекнува практикава,па све тоа оди во некои природни базени,дрн,дрн,дрн,ипак мајка природа ко што ќе ти профилтрира,ништо друго на светов. Па си имаш цело езеро рипчиња и си ги ловиш и оп,оп,од природата у леген и назад. Не овие нашиве, истрауматизирани, увезени,може и од траума не ни сакаат да јадат, броени, едни та исти,жлапнати у аквариум и ајдееее, лапачка. Што толку се фатиле да се објаснуваат како тоа одржувано е фино и нема нечистотии,некаде лажат и очигледно имало проблем со тоа. Ко шо кажа Саја,ете и ги грицкале нозете рипчиња у Преспанско,ситни ако биле,ваљда биле плашици. Нек уловат плашици,плус поголемки се од овие,не пета,нокти ќе ти изгризе и гратис може и ќе те налакира,со добар тренинг се разбира. Откритие из Македоније! За некој е авантура риби да те јадат,за мене е што знам културно-уметнички одлики на земјата, параглајдерство, нуркање и не толку,ама нешто така...и јадење све што ти нуди Тајланд. Ах да... и џвакање на свеж лист на марихуана,кафе и мента...па бога питај дали ќе ти текне на рибиве. И више кога сакам козметички третман,пре би да земам дупла доза тајландска масажа со голоградеста тајланѓанка (е како е бе женско од тајландѓанец?! ). Ама ете тоа кого-како,Тајланд било,ама ова у салон у МАКЕДОНИЈА,па уште и ти вика регенерација на нервниот систем...овие ја јебат цела наука.
Абе види, они сакаат да заработат, да профитираат, а ипак се нуди ова на пазар не баш запознаен со ова, нели и скепса се јавува и нормално дека ќе ти удрат реклама, малку ќе ја надуваат, ќе убацат здравствени проблеми, и маркетинг за 10 поени. Ќе се сложиме ваљда. Мислам дека повеќе им е до тоа да удрат јака реклама, за луѓето да не се плашат да го испробаат. Така да ги разбирам тука со теорииве кои ги разглабаат колку е здраво, фино, и не знам ти какво и ги доведуваат донекаде до крајност. И нормално рекламата како таква привлекува, ехеее да не ти кажувам примери за мои постари роднини на какви глупости не се наговориле со минимална реклама, та за едни риби За изтрауматизирани риби не знам да ти кажам, можда ги гаѓа у психа грицкањево А за Тајланѓанките, пази, за ова ми збореле другари, после грицкање нозе следела масажа, екхм, да де масажа де, мислиш се сеќаваат они на грицкањево. Ти викаат - леле едни рипчиња шо ме грицкаа (а мисли на лејдибојот кој му се погодил за масажа) и топ ми беше, така да Како и да е, сакав да кажам уствари дека it's not a big deal третманов. Се правело и ќе се прави, и муштерии секогаш ќе има. Можеби е и навистина здраво. Не сум пробала и не знам. Тие што биле, здрави и живи фала богу без инфекции, пу пу. Али јас не, благодарам. Зошто ич не сакам гили гили. Ми текнува ко дете кога правевме „базенчиња“ во езеро и собиравме риби, само шо ќе ме пецнеа вриштев и искачав од вода, не па да ме гризат саат време. Сега чекам од Азија свежо крцкав инсект на скара кога ќе донесат. Кај Жабарот може и таква шема да убацат или супа од птичји гнезда, ма топ! Ама тоа е друга тема.
Абе најди си згоден дечко со фит фетиш,ќе ти ги изгриза за без пари. И онака,колку што имаш поштовање за рибиве,толку ќе имаш поштовање за него,не мора да го сакаш и да го имаш за сериозно,ама у вишеструки добитак си!
Ако е риба у хороскоп, БИНГО! Еј а чудово колку чини? Знае некој? Групер ме бомбардира со секс играчки и попуст на пилешки прсти, а фиш третман камо?
Или идете летово на Закинтос на одмор. Рибите касаат ко луди, не само по стапала, туку по цели нозе. Којзнае, може на бутките ќе ве грицкаат, па јок целулит. Од моево искуство лани на одмор, боли, а не голицка. Онака, фино штипе по кожата и е доста непријатно. Гледајте го Mirror Mirror да видите какви све налудничави третмани не употребува Џулија Робертс. Ова е баш на ниво со ставање гомца од гулаб на лице, пијавици на кожата за подмладување и слично. Не би одела на третманов. Можда да имам потреба би го разгледала како опција, инаку не. Нема шанси. Едит: Пирамида, купонот е за 299 денари, намалено од 700 денари.
Да ама другите видови на риби имаат заби, затоа пецка, додуше не пецка, боли бре. Мене крв ми пуштале рибини во егејон, не се нормални. Гара Руфа рибите немаат заби, со жлебините каснуваат. Затоа само овој вид риби се користи за третманиве.
Епа затоа моево искуство е повеќе трауматично, него ли пријатно. Шала на страна, стварно боли кога касаат. Овие се понежни рибички изгледа, ама мене ми е језивко да ми ги јадат стапалата. Али кој нема проблем со тоа, нека пробува, why not.
Eве го текстот поврзан со тој ризик. http://www.dailymail.co.uk/health/artic ... tis-C.html А овде има доста поопширни детали околу го интересира може да прочита поопширно. Дека е забранет третманот во 14 држави во USA и Канада, дека и покрај тоа што водата се филтрира не може да го исчистат епидермисот што го јадат рибите, дека Garra rufa eat dead skin but only small amounts и се хранат со вообичаена храна која ја јадат и другите риби во природната средина итн. http://www.peopleforanimalsindia.org/ar ... icure.html
Забрана за рибниот педикир Во т.н. "риби доктори" се пронајдени бактерии кои во допир со рани предизвикуваат инфекции на кожата, а особено се опасни за луѓето со слаб имунитет и дијабетес. Педикирот со риби кои веќе неколку години е вистински хит помеѓу славните личности, всушност е опасен за здравјето, тврдат од американскиот Центар за животна средина, рибарство и аквакултура. Т.н. риби доктори или "garra rufa" делуваат така што ги грицкаат мртвите клетки на кожата на нозете, а особено се опасни за сите оние кои имаат рани затоа што истите би можеле да се инфицираат со бактерии кои се отпорни на поголемиот број на лекови, пишува "OurVanity". Во рибите научниците пронашле бактерии кои предизвикуваат најразлични кожни инфекции и инфекции во дигестивниот систем. Особено загрозени се луѓето со дијабетес, оние кои имаат проблеми со јетрата и слаб имунитет. Поради опасноста по здравјето, овој третман е забранет во 14 американски држави.