Се гледа дека прв пат слушаш за ова, дека не си се послужила со гугл па изнапиша еден куп глупости. Пред да донесеше субјективна констатација која е погрешна, ќе знаеше дека рибите не јадат, туку шмукаат. Тhe fish are tiddlers that simply suck up dead skin. Или прочита eat? Нема, а знаеш ли зошто? Кога јадеш, потребни ти се заби. Рибите НЕМААТ ЗАБИ. Не се увезени пирани со цел да полнат аквариуми со крв. Понатаму рибите не се тука за да ги ЦИЦААТ вашите кашкавали на нозе. За тоа е измислено педикир кој следува после третманот на оние кои имаат потреба од истото. Служат како алтернативна медицина за кожни болести. Луѓето уплаќаат повеќе третмани бидејќи им ја ублажува или отстранува болеста која ја имаат. Точно дека подобруваат циркулацијата, бидејќи при шмукање испуштаат посебен ензим и со шмукањето прават масажа на стопалото. После третманот кожата е обновена и мазна. Не пренесуваат болести Во Грција го работев истово, уште пред тука да се отвори. Сега сум во нашиот салон. Постои цела процедура на одржување на рибите. Кога работиш со луѓе мора да биде во најдобри хигиенски услови, заради здравје и заради заштита на бизнисот. Ако не е под такви услови, рибите веднаш умираат. И да скапи се. Затоа се забранува влегување со тетоважи и отворени рани.
Не за рибите дека би ми било језиво, ама само да помислам дека пред мене некоја си ги брцнала нејзините стапала со сите нејзини кокошињаци, веруки, шуги, атлетско стапало, инфицирани нокти(се што многу лесно се пренесува на друг) па плус пот и р'ѓа, ми иде вака Не дека рибите би ги пренесле овие инфекции, бактерии/габички, туку би самата вода и самиот сад. Сигурно нема после третман на некоја хлор да стават да дезинфицираат и да си истроват „инструментите„ или немој дека ќе ги ловат рибите една по една за во друг сад со вода за секој нареден муштерија. Тоа не само што би значело време и работа, што значи пари, не би било добро за одржување на рибите.
Водата се филтрира со посебен филтер на секои 15 минути. За да отвориш вакво нешто со два аквариуми потребни се минимум 15тина илјади евра. Плус секоја риба чини 3 евра, а во еден аквариум има 150. И да чини и време и пари ,посебна нега, одржување на температура од 25 и 30 степени, зашто се што е над или под таа температура е лошо за рибите, односно умираат. Епа секој нормален не би истрошил туку така толку пари за македонски услови ако планира да си игра мајтап. Денес е заебано со инспекции - санитарна, пазарна, трудова. Чекаат само момент,дупка за да напишат казна и да стаат пломба. Газдите ги чуваат рибите како деца. Затоа не се чудете ако пред вас имало муштерија и вие сакате да влезете веднаш по него, ќе ви речат нема додека не почекате 45 минути за водата во аквариумот да биде нова.
Еден третман трае најмалку 15 минути, најмногу 35. Зборам за нашиот салон. Додека вашите нозе се внатре водата се филтрира. Кога ќе излезете комплетно се менува. Затоа не може да се влезе веднаш ако некој бил пред вас. И да напоменам. Некој спомна погоре пот, рѓа, кал. Мислам дека се подразбира при секое влегување се мијат нозе со чиста вода во салон, за да се отсрани нечистотија, крема, песок итн. Не може некој однадвор да влезе со такви нозе во аквариум. Напротив се мијат и прегледуваат дали имаат рани.
Многу поделени мислења во врска со ова, но тоа што имам јас да кажам е дека секогаш кога ќе се појави нешто ново или нешто поинакво, толпата е поделена со критиките. Добро, мора така да биде. Не сме навикнати ние во Македонија на иновации во било кое поле. Не, го немам пробано ова, но би го пробала. И не знам речиси ништо освен дека има таков третман и затоа не би го критикувала или фалела ПРЕД да го пробам. Само мислам дека треба да се намали таа доза скептицизам со која пристапуваме кон новитети.
Не сум пробала но баш би сакала, обично сум језива и незнам како ќе го поднесам ама еднаш сигурно ќе пробам
Мислам дека не би сакала да пробам.Сум читала за ова и порано, иако не знаев дека има вакво нешто и кај нас.Не ми е страв, знам дека тоа се мали рипчиња и се безопасни,а сигурна сум дека и хигиената е на највисоко ниво.Но, сепак, некако језиво ми е да ме средуваат рипчињата
Комплетно се менува со тоа што се филтрира подолго време без ничии нозе внатре? Чувам риби и разбирам филтрирање, на база на силата на пумпата колку време треба да помине за да се рачуна дека целиот волумен на вода поминал низ филтер, но сепак таа е една иста вода. Не за џабе лани изби галама, за хив и хепатитис Ц дека може вака да се пренесе. Шансите се ептен мали но сепак постоеле. Плус јас чисто се сомневам дека некоја ќе каже искрено дека не ги бричела нозете пред помалку од 24 саата, или дека салонот ќе одбие третман на база дека се сомнева во тоа. Фактот дека каде јас живеам треба да се потпишеш дека не носиш инфекции наведени во мојот претходен пост, и е 18+ или со придружба на возрасен да потпише за тебе ако си под 18, не ми кажува дека е навистина баш толку безбедно. Да бидам фер тука, нели и солариумите се со ризик за рак на кожата, ама пак се користат наголемо. Така да, секој со своето.
Па, ако гледаме така на работите треба да живееме во комплетна изолација. Знаете ли дека емулгаторите што ги има во чипсот предизвикуваат канцерогени заболувања? Никогаш повеќе нема да јадете чипс сега кога знаете? Хм, I don't think so. И во многу други пренхранбени продукти има штетни емулгатори за кои ние не сме ни свесни, или сме, ама ги игнорираме. Зборувањето на телефон е штетно поради зрачењето и еден милион други примери.... Како човештвото оди понапред, така повеќе се доближува кон пропаст, така да не мислам дека треба толку да се критикува овој третман, бидејќи многу други измислици со далеку поголем ризик за заболувања се на големо прифатени од човекот.
Поентата ми беше дека се додека некој своеволно се изложува на нешто, треба да знае што е тоа на што се изложува. Затоа реков, секој со своето. Имаме доволно пушачи на форумов исто така, не е некој новитет па да разглабаме бенефиции и штета од пушење, и на секој пушач му е јасно како ден што прави, ама никој не ги тера со зор да пушат нели, или ги убедува дека е добро за нив оти ќе им помага да одржуваат килажа, на пример. Значи, не сакам некој да тврди дека третманов е сто посто безбеден кога не е. А кој сака да го испроба нека повели, никој не го сопира. Настрана можност од инфекции, мене лично ми е гадно, па кој сака нека ме убедува колку е чисто, јас не би го практикувала.
Споредуваш пушење на цигари со фиш спа? Какви бенефиции имаш од цигарите? Апсолутно никакви. Додека салонот го посетуваат луѓе заболени од псоријаза енгзема. Нив вистински им помага ваквата алтернативна медицина, додека другото е рекреативно. Никој не те убедува дека постои 100 процетна чистота, освен можда у НАСА. Меѓутоа условите во кои се работи се на високо ниво и се работи претпазливо. Тоа што во некое место некој несовесен газда откако напраил пари од бизнисов не го интересира дали му влегуваат луѓе со рани или без е негов проблем. Затоа луѓето заболеле.. А ако е македонски услови мора да е шунд? Во моја смена се враќале луѓе ако имаат отворени рани што не ти е јасно? Не се ризикува бизнис за 300-500 денари. Крајно дебилно размислување. Со 15-20 илјади евра се гради куќа на плац, а човеков инвестира во 10 квадрати исто толку пари и после нечинело?
За што таа алтернативна медицина? За кожни болести? Оти нели не примаат луѓе со вакви работи за да не се шират инфекции. Не реков никаде дека оти е во МК бизнисот. Генерално зборев за овој третман. Јас те разбирам дека си го рекламираш салонот, и ок тоа, да сама знаеш како се работи кај вас, оти си таму, си видела, сте вратиле народ со рани/инфекции, а од друга страна оставаш можност дека не секаде е така, несовесни газди. Епа сигурно и вас муштериите не ви се само блиски пријатели и роднини, за да можат да ви веруваат, како што не се и кај несовесниот газда нели. Како што реков, нека си знаат луѓето за ризици па сами нека си решаваат. И не, не го споредив пушењето да е исто со рибја спа, туку ја нагласив слободната волја на човекот да избере што сака да прави, макар и да знае дека има ризик.
Да расчистиме нешто, салонот не е мој. Ниту сум должна и платена некој да рекламирам. Тоа е тоа. Исто сум работела во странство, сега го работам и тука. Може утре ќе работам по струка во банка. Но поентата е што се шират невистини од луѓе кои не биле, не виделе, не пробале или не чуле нечие искуство, а се сметаат себеси компетентни за коментирање. Се примаат луѓе со инфекции, НЕ СЕ ПРИМААТ ЛУЃЕ СО ОТВОРЕНИ КРВАВИ РАНИ. Дури и човекот да е здрав. Никако не смее рибата да дојде во допир со крв од муштерија. Затоа ги враќаме ако имаат РАНИ. Јас сум влегла еднаш во аквариум да видам како е, иако секојдневно сум го работела. Зошто? Бидејќи сум скокотлива и ме скокоткаат. Во ред е тоа. Сум слушнала дека луѓе не сакаат риби, дека им е језиво и не се осмелуваат да пробаат, што е нормално и немам ништо против. Меѓутоа рекла казала од типот имаат заби, боли и што уште не е смешно и жално ако се размисли дека некои имаат потреба од ваков третман. Јас можам да ги презентирам условите во кои се работи. Нигде не пишува дека е забрането да дојде и да се види по кој принцип се работи оваа работа. Уште подобро е кога има муштерија па луѓето гледаат и слушаат со сопствени очи и уши.
Calypso a каква гаранција давате дека рибите нема да пренесат габични инфекции? И те како тие се распространети и присутни кај нозете и ноктите на многу луѓе и секако се преносливи.
За отварање на ваков бизнис, нов на македонскиот пазар се потребни многу дозволи, особено од санитарни институции. Сега како што е затегнато, врски не поминуваат. Чинам газдата имаше проблем за регистрирање на нова дејност, затоа што претходно немало слична регистрирано. Па имаше тегнење, трчање, меѓутоа се среди. Луѓето не знае како да ја запишат. Оправдано. Од правен аспект има дозвола да работи. Верувам дека ако побара муштерија ќе ја добие како вид на гаранција дека рибите не се заболени и не пренесуваат болест. За тоа ќе се обратите во салон, директно кај него. Јас како вработена, можам да кажам од мое работно искуство. Редовно имаме муштерија, жена која има болест на нокти. Прави фиш спа, а подоцна прави педикир. Имаме и други муштерии со други кожни болести. Просечно дневно имаме околу 3-4. Салонот работи од мај, што е веќе крај на втори месец, почеток на трет. Ако се пренеле ваквите болести, верувам дека досега луѓето немаа да држат затворени усти. Напротив уште во првиот месец ќе се дознаеше и видеше дали и каков негативен ефект имаат рибите.
Требаше да прашам дали би потпишале документ дека нема никакви шанси да пренесат некоја зараза или би побарале да клиентот потпише дека на своја одговорност го прави третманот
Ти како незадоволен муштерија можеш да ги тужиш во секое време, ако се воспостави дека болеста која си ја добила е од рибите. Затоа постои санитарна инспекција која ако наиде на пропусти во работата, става пломба. Ако се цепидлачиме до тој степен, тогаш барајте од секој козметички салон кога правите маникир и педикир дека нивните турпии им се стерилизирани и нема шанси да фатите болест преку нив. И тоа да потпишете.
Со овој одговор паѓа во вода муабетот дека не можат да пренесат болест, бидејќи никој не застанува цврсто зад тоа тврдење (бар до сега не наидов на таков одговор, па ако има би сакала да го прочитам дури и ако е странска статија). Мислењето ќе го променам во оној момент кога ќе има научно поткрепен доказ дека сето тоа е безбедно. Кај нас не верувам дека некој би се замарал со такви испитувања, па дури и некој да фати болест тешко дека ќе истера некоја таква процедура зошто попрво ќе се излечи. Патем не правам никаде педикир освен дома, не се изложувам на нестерилни услови. Ако некој нуди гарнтирана стерилност, нема да има причина зошто да не го потврди тоа.
Имаш гугл гуглај. Самиот газда штом отворил таков бизнис и вложил толку многу, сигурно не би ризикувал да си игра мајтап кога е во прашање здравје на народ. Кажав под кои услови можат рибите да се заразат и такви околности се избегнуваат максимално. За подетални информации и гаранции ќе се обратите кај него во салон, јас не сум компететна да одговарам. Не отворив јас бизнис. Друго, испитувањата не се наша работа, има луѓе кои се професионални во тоа. Вршат увид, испитуваат и ако констатираат проблем го затвараат бизнисот. Не е тешко, а не сме ни Зимбабве да не можеме да испитуваме риба дали е или не е заразена. Едноставна процедура е. Пола државна болница е во нехигиенски услови, па никој не мрда со прст. Наспроти приватните кои работат во одлични хигиенски услови. Јбг во Македонија секогаш приватното е подобро зошто некој давал пари од сопствен џеб и не му е сеедно ако утре го затворат. Јас напишав од мое работно искуство, тоа што сум го работела и видела. Друго за кое исто заборавив да спомнам дека третманите се вршат со стерилизирани ракавици кои веднаш по завршувањето се фрлаат.