Изгуглав јас одамна и моето гуглање извади резултати кои не ми се допаднаа, а ги изнесов 2 страни поназад во темава. Затоа и реков ако некој има доказ со спротивно тврдење слободно нека го постира. Спојлер Бизнис е за да се заработуваат пари ама не е тоа целта на дискусијава.
Сакав да одам на вакви третмани чисто онака интересно ми изгледаше. Ама решив да се распрашам малку што и како е работата. Во Америка фиш спа третманите се забранети исто како и во половина Европа. Причината е кожно заболување што рибата може да го пренесе. Тоа прво , а второ може да дојде човек со хепатит, тој нема видливи рани на нозете,ама рибата во текот на третманот може да направи минимални повреди на кожата кои се доволни и таа да стане преносител на вирусот на друг човек. Хепатитот е само пример, еден куп болести што се пренесуваат преку крв можат да се добијат со фиш спа. Превентивни мерки нема. За тоа дали се корисни или не не навлегувам, некако фиш спа ми е многу играње лото со здравјето. А, прво нека добие некој хепатит,сида и сл. па нека го бара газдата да го тужи. Глупости.
На тв баш слушав одговор на прашањето зошто се забранети во Америка и одговорот беше дека не поради причина 'пренос на болести', туку поради забрана за користење на животни за козметички цели. Ама мојов гугл не се согласува во целост Инаку и мене на почетокот ми изгледаше интересно и сакав да пробам.
Слушнав дека било многу штетно тоа иако изгледа современо и модерно но се пренесуваат болести преку мртвите клетки на нозете за прв пат го видов ова во Грција годинава.
Лично јас го користам овој третман веќе еден месец.Имам проблеми со кожата на нозете. Со овој третман моите стапала станаа меки и мазни.Рипките ги отстрануваат мртвите клетки од епидермисот-надворесниот слој од кожата,без да го допрат дермисот-внатрешниот слој од кожата.Во процесот на отстранување на мртвите клетки рипчињата гара руфа генерираат ензем кој има регенеративен ефект на кожата да расте,така да мртвата кожа е отстранета а новата е поздрава,посјајна и помека од претходната. Бенифитите кои ги осетив од овој третман,освен помека и поздрава кожа на стапалата,подобра циркулација,регулирање на нервниот систем и се чуствувам порелаксирано и по опуштено.
Старо е мислењево, но во кој салон го правеше овој третман? Сакам да одам, но да е на проверено место не било каде.