Случајно видов во рамстор горе,флормар козметика,има пудри,сенки,маскари,лакови се..убави ми изгледаа јас лакче си купив и преубаво е и многу трајно.Ги имате ли користено и колку сте задоволни?
Единствено нешто што имам користено од оваа козметика е едно бело моливче и можам да кажам е чиста катастрофа..ужас..а и општо не сум некој фан на флормар незнам зошто, не ме привлекува некако..не дека се ефтини..ете и голден роуз се ефтини па ми се допагаат..
Го користам рното моливче за очи и незаменливо ми е ,исто и лакови имам земано и ок ми се.руменилата ми ги пофали колешка-убави биле исто
Имам користено повеќе производи од ФлорМар. Најзадоволна бев од стик пудрата која покриваше ама баш СЕ и не се познаваше воопшто дека имаш ставено пудра. Малку мака мачев со маскарата бидејќи мораше 2 слоја да ставам за да го добијам посакуваниот изглед на трепките. Лаковите-немам коментар-одлични се, трајни, не се лупат. Сјаевите некако ми имаа лош вкус (не сите). Оние водените сенки кои потоа се сушат ми се допаѓаа, но од нив очите ме печеа, па престанав да ги користам. Моливчињата за усни и кармините - исто презадоволна сум, по цел ден ми стоеше карминот на уста и не се бришеше. Руменилото го бев згрешила (земав малце портокалова нијанса) и не го користев како руменило, туку како сенка , а потоа не ми се даваа пак пари за руменило (крадев од мама ). Инаку презадоволна сум. Сенките ги користев само тестерите не си бев купила никогаш ( не знам ни јас зошто), а трајни се. Хмммм... друго не ми текнува што сум користела од ФлорМар. Кога сме веќе кај ФМ, дали во Космо ги имаат?
Oдлично Шатци треба веќе да се отвориле овде, само не сум поминала деновиве да проверам. Како и да е, фала
отворена е парфимеријата веке во струмица зборувам за шатци ама блонд мислам дека нема козметика од флормар или пак не им беше пристигната целата роба провери накај диор мислам дека држат нешто од оваа козметика.
Од флормар имам моливче за усни и ок... исто и една сенка која ја користам како илуминатор, ама не е ништо посебно. Ако ја ставам на цел капак се собира на едно место
колку е маскарата? гледам на сликата убаво е четчето,баш како што сакам јас густа со многу влакненца,ја има користено некој??
Од Flormar имам само една сенка тегетна.Мислев дека ќе биди уште потемна ама не испадна така.Иначе ве верувам дека е одлична колекција,наскоро ќе си се подновам со нешто ново од Flormar
од оваа фирма купив само лакче за нокти и тотално разочарување, кога лакирам влакната од четкичката се познаваат, ужас! незнам зашто толку ги фалат!? друго од оваа фирма имам купено бело моливче, исто така се разочарав колку беше суво и една сенка црна, од неа пак сум задоволна.
Јас од флормар ги имам користено лаковите и стварно сум презадоволна. Особено има еден калциум гел за растење на нокти тој е бомбона . Амааа викам ај да си купам и коректор. Го земав тој течниот, со четкичка како сјај за усни шо има, и луѓе жива катастрофа е. Ништо не покрива. 180 денари беше ама не вреди.
Од флормар цело време само на лакови се насочував да земам. Видов убави сенки имаат,не им се скапи. А и воопшто сите производи баш им се со пристојни цени. Последен пат купив моливче за очи,и единствено моливче што најдолго ми трае,и за чудо не ми се размачкува воопшто! Само него си го користам сега! Последното
Единствено моливче за очи-од која сум задоволна, и една сенка имам купено, таа ми се скрши и ја фрлив, но добра си беше. Лаковите сакам да ги пробам.