Јас имам една прекрасна нијанса црвен лак од флормар, сум го имала од дамна дома ама кој да примети дека е од оваа фирма, а се распрашував овде кај да најдам .. е сега знам Инаку презадоволна сум од лакчето , еден од поиздржливите.
Многу им се добри лаковите Траат, а и плус четкитчата им е некако убава многу добро се става, со други се праам лом, со овие супер ми е Е сега што не се баш ефтинки, за тие пати во Голден роуз два ќе купам, ама некогаш може да си се почастам
Имаат ли кармини кај нас? Не ми текнало да разгледам така подетално што и како има, па доколку ги има, ме интересира како сте задоволни и што цена се. Ми фати око една капучино нијанса, баш би сакала да се подновам.
Има карминчиња. Јас си земав вакво ама нијансиве на сликава врска немаат, да си знаете. Спојлер Видов и вакви во црно пакување ама незнам дали е истава линија Туку да си прашам руменилово и маслово ги има кај нас?
^ Руменилото, да, го има кај нас, а за маслото не сум сигурна. Оваа белава им е нова опаковка на руменилата, порано беа во розеви кутивчиња. Убави се многу, јас сум презадоволна од трајноста, а евтини се, околу 150 денари. Инаку, карминчињата им се супер и имаат особено убавки летни боички, така троа подречливки Летово си земав едно карминче и солидни се. Сега, не се ултра трајни, ама за 200 денари се супер
јас го користам подолго време и предобар е дури и црнките ми ги вади,мазно ми е лицето и не ми се мрси толку многу..јас сум задоволна премногу го користам секој 3ден,заради тоа што имам мрсна кожа ама и да го користам еднаш неделно пак го осеќам свежо лицето. и ми се свига многу тоа што е многу густо т.е тие топчињата (незнам како се викаат де) ги има во мал милион па и мала количина е доволна,за разлика од други пилинзи што сум ги користела и требало да ставам по пет тона за да излезат тие топчињата.
јас како што знам има само две течни пудри на флормар и по 500 или 550 се и двете.. барем само тие две ги имаше на штандот во веро освен ако нема сеа некој нови..или јас нешто сум измешала
Девојки,знае ли некоја од вас да ми каже дали го има кај нас ? Flormar Deluxe Multi Effect Powder Благодарам однапред