^Имаат Шатци козметика на Flormar, баш пред некое време си купив камена пудра на Flormar од Шатци во Сити мол
Од неодамна очигледно им е штандот, ама не може ни да му се фати на оној во Веро или во Рамстор. Не си троши време за џабе, само дел од козметиката има, и тоа само декоративна.
Купив руменило од Флормар, но не ми се допаѓаат нијансите. Лаковите им се супер, од сенките исто така сум задоволна.
На сликата пишува дека бројчето е L16, a јас уште не сум била да проверам дали го има. Ако те носи патот натаму, пиши дали ја имаат нијансава, сакам да си се почастам со ваков во скоро време.
Дури сега открив дека постои посебна тема за флормар па да прашам и овде, да не ја има некој пробано оваа пудра, мислење?
И мене ме интересира мислење за оваа пудра, ако може некој што ја користел да ни каже мислење и цена .
Во оваа пудра јас се кнам ..поубава пудра со повеќе покривност немам пробано ја користам 1 година веќе и не ја менувам за било која друга..инаку имам мрсна кожа и ептен ми ее погодена не се поместува од лицето цел ден
Cenata i e okolu 300 denari, zatoa i prasav dali nekoj ima iskustvo so nea, po google barav recenzii i bea prilicno pozitivni no ne mi se veruvase deka za taa cena bi bila tolku odlicna