Едни од поквалитетните лакови ги имам купено од Flormar. Постојано си зголемував колекција и на секое поминување си купував барем по еден лак, а последно донесоа и нова линија со огромен избор на секакви состави и лакчиња кои изгледаат преубаво и самостојно и како „toppers“. Третина од колекцијата на лакови ми е од нив, а беа и со пристапни цени па не се мислев дали да купам повеќе па некогаш ќе земев и по 3-4 наеднаш. Не морало да ги затворат сите или барем да отворат некое продавниче.... Штета, баш ми е мака.
Имам купено многу убав лак од Flormar. Сега ве читам дека затвориле секаде. Дали има некоја страна од каде може да се нарача онлине или некоја дрогерија што ги има нивните производи?
Порано многу ја сакав козметиката на флормар,имав купено еден преубав циклама кармин од Vero,од нивни штанд.Е сега,нив ги нема повеќе,кај можам да ги најдам?Негде во Мк има шанса?Да се нарачаат од негде може или тешко?
A штандот на приземје во Рамстор кај маркетот не е на Флормар? Како така да памтам, нека ме корегира некој ако погрешно сум видела