Ништо посебно, евентуално имаат убави чашки. И не знам дали е до мене ама ми се чини дека нашиов е доста поскап од другите држави што сум била.
Бев денес, затоа и прашав мислев да не има нешто ново интересно. И да ти кажам ни шолјите не ми се допаднаа. Цветните убаво изгледаат кога ги ѕиркаш од далеку вака од излог на пример, ама предебели им се ѕидовите, некако не ми се допаднаа. А онака низ полици, стварно ништо не ми фати око.
Мислев дека сум единствена што ми се чини поскапо, јас па мислев и дека во странство нели обично во евра ги се цените и затоа ми се гледало поевтино и секогаш сум си земала нешто, а тука ништо не ми фаќа око
Во споредба со другите држави, каде што има многу повеќе практични работи за дома, кај нас главно се застапени сезонски производи и играчки. Некако има многу непрактични работи. Јас, на пример, си купив 4 in a Row од Италија. Кај нас го има, но е многу помала верзија, а цената е речиси иста. Продавницата кај нас повеќе личи на продавница наменета за тинејџери.
Продавницата во Ист Гејт некако ми личи ко послабо опремена од онаа во Сити Мол. Ништо поразлично од мала маалска книжарница, само поскапа. Купив една тетратка, друго не ми фати око.