1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Focus T25

Дискусија во 'Фитнес' започната од ma4enceEdno, 23 јули 2013.

  1. theod0ra

    theod0ra Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    14
    Вежба ли некој уште Т25? Јас бев без никаква физичка активност и почнав со вежбиве, втора недела сум и уште ме болат сите мускули. Одвај ги издржувам цели, жива вода сум после 10 мин. али дотерувам до крај со модификациите. Има ли некој што е во тек или ги завршил да сподели впечатоци или мотивација? Барам по нет мислења и мотивации али главно се странски форуми или платени блогови за реклама, нигде искрен муабет :)
     
  2. imfriendswithamons

    imfriendswithamons Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Јас сум презадоволна девојки, ако сте почнале, продолжете ! Навистина оваа програма ветува резултати. Јас моите ги приметив уште по завршувањето на втората недела. Презадоволна сум со целата програма. Некогаш кога не можам да ја издржам вежбата до крај, продолжувам со модификациите нема време за одмарање. Вода никако не пијте додека вежбате, јас еднаш така се зафркнав и никогаш повеќе. Првиот впечаток кога ја разгледав оваа програма беше дека е полесна од инсенити. Не, не, не...никако.Во инсенити имаш одморање, а овде 25 минути напорна работа.Кога завршувам со вежбање тече вода од мене и 10 минути чекам да си дојдам при себе па да се туширам :D Како и да е продолжете нема ништо да изгубите со 25 минути дневно.(Најтешки денови-Cardio; Total body circuit)
     
  3. pikeriste

    pikeriste Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Видов дека има отворено тема за Focus T25.И морам да ви кажам дека подобра програма за вежбање и намалување на салото нема.Јас сум била спортист 6 години и откако престанав да тренирам многу се здебелив.Меѓутоа ја најдов програмава на нет пред 3-4 месеци и додека да се натерам..пуста мрза :D инаку ја комбинирав со UN диета, ама не гладував, си јадев се по ред некогаш дури и знаев да ја прекршам :P но сума сумарум после 40 дена активно вежбање и внимавање на исхраната ослабев 10 килограми.
    Сега ја почнувам бета фазата, а планирам и гама :D
    Така да женски не се обесхрабрувајте, многу е важна менталната подготовка, ако успеете да се спремите психички и со малку напор се може да се постигне :D
     
    На Elen4e89 и Annath им се допаѓа ова.
  4. LGkristal

    LGkristal Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    20
    дечки ај ве молам за помош во сабота или на шести ден што треба да се вежба ?
    јас моментално вежбам Insanity 5 ден ми е ама сакам од сабајле да си вежбам и т 25 а од поручек Insanity ама нз што се везба :)
     
  5. Madilyn

    Madilyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    126
    Се одмараш сабота, нема вежби :D
    И јас да ја пофалам програмава. Многу, многу ефективна. Во комбинација со УН диета за 3 недели ослабев 8кг. килограмите не се враќаат никако ако си ја регулираш колку толку исхраната.
    Од здравствени причини морав да прекинам и со диета и со вежбање, ама сега пак си се вратив овој пат без диетата само вежби, сега завршувам прва недела, ќе ве известам за резултати. :D
     
    На LGkristal му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theod0ra

    theod0ra Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    14
    Јас влегов во четврта недела. Физичката кондиција ми е малце подобрена, и уф ама било добро чувството кога ќе ти успее нешто што претходно изгледало невозможно. Во фаза сум барем 80 посто од вежбите да ги правам без модификации, иако уште со тешки напори. Добро, освен склековите. Total body circiut склековите ми се невозможни, воопшто сите склекови и модифицираните ги забушавам, бидејќи после третиот сум тотално уништена. Веројатно после некој месец ќе ми успеат и тие. Најомилен ден ми е speed, пресреќна сум зошто цел го издржувам и сакам уште после тоа. Не сум сигурна откако ќе завршам со алфа, дали да ја повторам или да продолжам бета.. Имам доста килажа за симнување, и досега во три недели немам разлика на вагата. Варира по кило две помалце, па пак нагоре. Али се мерам со лента, рацете, стомакот и струкот ми се по два см смалени. Како и да е, не ми се брза.. се надевам бар догодина ова време, со константно вежбање ќе ги снема овие 20 кила вишок.
     
  7. MonikaIlieva

    MonikaIlieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    како е програмата?
    јас имам симнато 6 клипциња алфа и 65 клипа бета
    како е распоредо
    или па дајте ми линк да ги симнам
     
  8. theod0ra

    theod0ra Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    14
    По 6 клипови се алфа и бета, од кои еден е само истегнување. Пиши на гугл т25 calendar и одма ќе ти извади.
    Ја почнав 5 недела, (три пати total body circuit :sweat: ) и после бета. Има тука некој што е на бета? Какви тегчиња користите?
     
  9. janaw

    janaw Нов член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    девојки да Ве замолам да ми пустите линк од кај можам да ги симнам везбите..сеа ке почнувам..некоја ваша препорака пред да почнам...фала :* :*
     
  10. Madilyn

    Madilyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    126
  11. MonikaIlieva

    MonikaIlieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    сабота и недела се одмара ? или
     
  12. ma4enceEdno

    ma4enceEdno Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    465
    Сабота е ден за одмор, а во недела имаш стречинг, односно истегнување на телото. Имаш посебно видео за во недела Stretch.
     
  13. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Јас ја почнав денес програмава и тоа кардиото до 20 минута едвај го издржав и тоа со модифицираните вежби :sweat: Мене премногу ми е тешко. Не знам сега другите видеа какви се ама го мразам кардиово уште од прв ден :worried:
    Го спуштив денес и 21 day fix, интересно изгледа, па не знам со кое да продолжам :wasntme:
     
  14. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Второво видео полесно ама имаше некои брзи потези никако да го фатам ритамот па правев некои што можам колку да не стојам, инаку нормално, модифицираните ги пратам за почеток. Нема шанса да скокам онолку :^)
     
  15. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    8.482
    Пол:
    Женски
    Девојчиња абе линковиве што се поставени за превземање, сите ги искликав и демек симнав нешто ама, пола се со вируси и антивирусот автоматски ми ги отфрла. Успеав да симнам само од едниот линк што е поставен, ама сега гледам дека ги има само алфа и бета. Гама каде да го барам? Имате линк некој само за тие видеа? Или пак да споделите линк за целата програма?
     
  16. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Јас симнав преку торент од torrentz.eu пиши T25 fokus и првиот линк е целосен, си пишува алфа,бета и гама.
    Инаку 3 дена пропуштив јас, добив, имав и некои обврски ама до понеделник кје извежбам кои било видеа па од понеделник почнyвам поново :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  17. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    8.482
    Пол:
    Женски
    Пробав и вака, ама пак ми го одбива има вируси...
    И само уше едно прашање, за петок, се бира едно од тие две видеа во табелата или и двете видеа се вежбаат по 25 мин =50 мин?
     
  18. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    ЈАС КОЛКУ ШТО ЗНАМ ДВЕТЕ, А АКО НЕ МОЖЕШ ЕДНОТО ВИДЕО ВО САБОТА НАМЕСТО ОДМОР
     
  19. thesanja

    thesanja Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Јас денес почнав со focus t25,малце напорно али издржав некако.. Е сеа имам еден “проблем“, го испринтав календаров и не знам како да го пополнам. Бидејќи нели има таму две квадратчиња за секој ден и не знам кое да го штиклирам, левото или десното.По некоја моја логика десното е ако ги правиш вежбите како Шон Ти, а левото модифицираните, или грешка сум?
     
  20. Elen4e89

    Elen4e89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    492
    Пол:
    Женски
    Ги почнав вежбиве денеска по препорака од една другарка која е многу задоволна од нив. Резултати дефинитивно има јас гледам по неа. Ги почнав во комбинација со УН диетата па ќе видиме. Напорно е стварно малку ама се издржува. На почеток почнав да ги правам модификациите. Shaun T го обожавам. Многу мотивира типот. :rock::muscle: