Девојки сакам да си почнам своја страница на Инстаграм за храна ( десерти поконкретно ). Што мислите, дали ве привлекува вака на прв поглед да го отворите профилот? Ви се допаѓа ли како изгледа? Добредојдени се совети и мислења, само планови си правам засега.
Креативна си, јас те следам, имаш моја поддршка Совет: сликај ја храната со убави детали од страните(бар тоа е она што јас секогаш го заприметувам освен убавата и вкусна храна) цвеќиња, кафиња(интересни шољички) еве сега е зима, па нешто со зимски мотиви, или зависи од сезона сликај од интересни агли за по убаво да излезе сликата и мислам дека ќе си имаш успешна страна Си бара време и енергија и многу креативност ама тебе супер ти оди Десерти како десерти, секако се вкусни гледај да ставаш некогаш брзи и лесни(доколку пишуваш и рецепт) за сите да се радуваат за брзо време да имаат благце Со среќа и многу успех
Фала ти за мислењето, многу ми значи! Секако ќе се потрудам повеќе околу сликите. Овие што ми се ставени така си ги сликав, не беа наменети специјално за Инстаграм па не се баш совршени.
@SofiMar_ одлично изгледа дури нереално добро. Јас немам Инстаграм, но од сликата што си ја постирала мислам дека е супер... Јас мислам дека фокусот треба да биде на храната, а ако имаш многу украси од страна тоа ќе го одвлекува вниманието. За тоа дека треба да постираш и рецепти, се согласувам. Пробај, нема што да изгубиш, се гледа дека имаш талент и дека си креативна.
Фала ти! И мене повеќе внимание би ми привлекла слика каде фокусот е на храната, ама и во позадина да има некој интересен детал. Експериментирам моментално, едитирам на Lightroom. Немам професионален апарат па колку што можам ќе се потрудам да ги средам сликите да изгледаат поубаво. Не знаев каде да го сместам мислењево, ако не е за во оваа тема нека преместат.
Не не, не мислев фокусот да е на деталите од страна, секако да е на храната, туку како целосна да би била сликата да има и интересни детали. Доволен би бил еден детал, не 10, тогаш вистина тие би биле во фокус
Јас не сум баш по десерти, ама твоиве мамат. Само напред, се гледа дека имаш чувство за естетика и убаво ти изгледаат сликите. Мене ми се допаѓаат слики како овие на блогов http://kuhinjica-mignone.blogspot.com/ мали детали, а сепак фокусот е на подготвеното. Ти посакувам успех со Инстаграм страната и многу следбеници.