оф топик Само да кажам дека од Боб Марли песнава нема врска со темава, бидејќи во превод насловот No woman no cry не значи „нема жена, нема плачење„ туку насловот значи: „Немој жено, не плачи!„ што и се гледа од текстот на песната, која е отпеана англиски но со јамајкански дијалект кој има поинаква граматика.
Хахаха јас кога бев малечка мислев дека ќе бидам forever alone дека срамежлива бев, ама испадна многу рано да си го најдам него
јас си го сакав,сакав,сакав така две годинки и оп одеднаш се решив шо ќе го сакам...и озбилно сега не го сакам,епа брат шо да си правам кога не ме сака...испари...епа ќе испари како оние дезодорансите 3 за 100 повелете и така на мене му е пишано да си биди во форевр алоне клубот... Ајт 17 терам ни она мува го немам,или мувач беше?Ни дечко... ќе биди се со ред аха...најубаво е самата да си се сакам ете... *СЕ САКАМ МНОГУ!* *ДА?ЕПА И ЈАС МЕНЕ!*
Одкако ме повреди личноста која ми беше се во животот, и јас влегов во овој клуб... Боље форевер алон одколку да патам за некој сељак!!!
Во периодот додека растеме и созреваме потребно ни е да бидеме сами и слободни.Ги искусуваме сите аспекти на животот.И тогаш добро се чувствуваме.Но,кога сме возрасни и самостојни личности ги менуваме мислењата.Сфаќаме дека се се случува во свое време.Има моменти кога ни е потребен другиот покрај нас.На секој му недостасува прегратка и поддршка,убав збор и совет,насмевка и бакнеж. Кога знаеме дека има со кој да ги споделиме сите моменти и да бидеме добронамерно сфатени ќе ги заборавиме деновите кога сме биле сами.Се ќе пребродиме полесно и подобро кога функционираме во пар.
Оваа тема како за мене кроена е.Најслаба страна ми е љубовта.Математиката и физиката повеќе ми одат,од љубовта, .А секогаш кога ќе се почувствувам осамено,без љубов правам 2 работи. *Едната од нив е:ги земам лаковите,четките,сирконите,светките,слушалките на уши и доста е.. Тоа ме релаксира и сфаќам дека тие се мојата вечна љубов. *Втората моја вечна љубов која ме релксира се :задачите по математика и физика.Ќе си земам,пенкало,молив,линијар,шестар,гума,тетратка и повторно слушалките на уши. И решавај задачи Цветанке со саати. Убајни,нема поискрени љубови(така е множина за љубов? ).Лакирањето на ноктите и решавањето на задачи.Јас додека ја пронајдам она љубов,љубов.Ќе си бидам во врска со приборот за лакирање на ноктите и приборот за решавање задачи.Нема поубави љубови.Така и вие кои имате љубовен статус "Forever Alone",на сите оваа им го препорачувам.Да си најдете ваква љубов.Поубао чувство,нема. А и да незаборавам.И во овие врски има недоразбирања!Да не мислите вие така,лесни се овие врски. Еве ви 2 прости примера. *Со ноктите:Ќе ти се направи погешно линијата и еве ти недоразбирање со четката. *Со задачите:Нема добро да ви излезе резултатот и ајде ќе се нервирате со задачата.
Еден предлог. Тие што се forever alone. дај можеме и машки и женски негде да се собереме, форумско исчакање ахаха. може две сродни души да се сретнат....
Стварно така е, од кога раскинав пред година дена, се фатив со компјутеров и стварно подобро функционираме како пар. Никогаш не ме изневерил и секогаш е тука за мене
Сериозно!? Дали ти навистина би се сретнала со некој кого си го „запознала“ ,по форуми?Можеш со секој да се сретнеш и сешто да ти се случи..А за да го смениш статусот од сингл во во врска,треба да поработиш на твојот контакт со машките/жеснските
Како можеш на 14 години да се чуствуваш осамено,јас разбирам напредна генерација сте.Ама ало девојче живтот е пред тебе што толку се глупираш! Неможам да ве разберам бе,неможа.
Еве и јас сум немала дечко, ама многу ме нервираат девојчињата што на фејзбук пишуваат за тоа како немаат дечко, па како им било многу убаво, форевер алоун, но бојфренд но проблем, колку биле грди, а имаат 13, 14 години.Па на тие години сериозна врска да не сакаш да имаш? И да, сакаат да имаат дечко и да привлекуваат вниманиие штом такви статуси пишуваат. Спојлер Особено ми се интересни тие што се имаат измувано со повеќе и имале дечко, ама сега коа се сингл се прават јаки и се лигават со такви статуси
Гледам поминала година и повеќе.... се кладиме дека имаш дечко? Ако ништо друго, барем си имала некој за мување. Како што ти не ги разбираш другарките, јас не ги разбирам девојчињата како тебе што уште на 13-14-15 години се изјаснуваат дека донеле одлука НИКОГАШ да немаат дечко. Зашто, твојот омилен лик од серијата те разочара и мислиш дека врските се само мачење и мажите не вредат пет пари? Или пак најдобрата пријателка на мајка ти се разведе и под дифолт дека на никој во врска или брак не може да му е убаво? А уште полошо, некоја од другарките кои ги критикуваш дека имале дечко на 15 години се разочарала и затоа НИКОГАШ не треба да се има дечко? Боже, боже.... како зборите нешто вакво кога сте во години кога мислењето го менувате како што го менувате вашиот валкан веш? Значи знам дека или си го сменила или ќе го смениш мислењето, не е за тоа, проблемот е што ме револтираат вакви паметувања од некој што не знае ништо за врските, за љубовта, за спротивниот пол.... Имав другарка таква во основно, одвратно е да слушаш такви „калуѓерски“ ставови од девојче на кое сеуште не му ни започнал официјалниот љубовен живот. Одвратно. И да, луѓе навистина се разочаруваат, и раскинуваат и се разведуваат, па продолжуваат понатаму во љубовниот живот, а таа од ич ништо „решила“ дека не сака никогаш да има дечко.
Forever alone!? Во пρвите 2 децении од животот !? Смешκи , тогаш е пеρиод во κој можеби си alone но заρем 4ever ??? Во вистинсκа смисла, FOREVER ALONE може да се употρеби да возρаст од 50-60, бидејκи е тогаш сте ПΡЕстаρи моми и еееρгени (језда и тогаш не се знае, може ќе запознаете неκое деденце/бабенце, бидејκи во годините на вљубување нема гρаници). Бидејκи сеκогаш постои можност за вљубување, можам да се наρечам FOREVER ALONE дуууρи κога ќе го видам дедо боже κаκо ме чеκа за да ме земе на оној свет .
Зошто ли зошто господи има 15 годишни што се forever alone, па греота се господе, пушти им некој принц И јас имам 15, ок? Само јас не паметам во овие малкубројни 15 да кажам дека НИКОГАШ нема да фатам дечко. Ај за заљубување ќе ве сфатам, зошто и самата сум заљубена, бар често се изјаснувам во ,,Што би му кажале...’’. Но не ви признавам љубов од два месеца..упс чекај две недели или сепак два дена. Толку брзо се заљубувате знам јас, сведок сум цел мој живот. Од што сте толку разочарани бе? Ви рекол мувачот дека многу брзате и го напнувате со љубомора и параноја? Или ви раскинал оној кој сте го мислеле за дечко, па кога ќе ви каже момакот дека не сте биле во врска ви паѓа круната. Случајно твојт ,,бивш’’ се фатил со другарка ти? Па нормално ќе се фати, ќе ве смота и двете и ќе стави плус две ресички над креветот. Ај не се лупајте и гледајте да ги живеете годиниве во забава. Фала многу пријатно