Не ви е јако што сте forever alone мене баш ми е кул сите околу мене се гушкаат јас само си се пијанчам има време за се безгрижи
20 год. и сингл. Па што тоа е тоа не дека ми е сеедно далеку од тоа само не се замарам . Моментално си испаѓам се дружам а ако наиде нешто супер ако не ... имам трпение.
Ги читам статусиве на девојки од 14 години кои се жалат дека немаат дечко а јас до моето полнолетство немав ниту еден, и воопшто не се секирав поради тоа. Сега сум пак сингл и ќе почекам додека да си најдам некој друг. Нема зошто да се брзам.
Одам кон 30- ката , и си одлучив нема брак никогаш , ниту емотивно да се врзувам за некого ! Боемски живот !
Бидејќи веќе си размислувала и одлучила, би сакала да те прашам што има боемски во самотијата според тебе? Да останеш сама, да се будиш секое утро во празен кревет, кога ќе се вратиш дома да нема на кого да кажеш - миличок, јас стигнав.. да готвиш за еден не е многу интересно .... Бидејќи и јас размислувам ... нешто...
Што се стресуваш толку? Ако така си одлучила, во ред !!! Јас не те прашав ЗОШТО и ДАЛИ си одлучила, туку прашав што има боемски во тоа?! Сепак форум е, за дискусија! За мене нема поубаво нешто од слободата, ама слободата до мажот кој секое утре ме бакнува и ми вика добро утро мила, е најубавиот подарок .. и можам да го добивам секој ден.
@Justicija сум те читала и во други теми и разбирам низ што поминуваш. Ова ти е само период, личи како да бараш некаква утеха или ете ако не е утеха, тогаш сигурна сум дека само сакаш да се убедиш себеси колку е убаво да си сингл. Од некој аспект убаво е, но се согласувам со @Dust дека празниот кревет и тишината не можат да ни бидат поубави и да прават да се чувствуваме среќно и задоволно. Ако досегашните врски не ти успеале, ништо страшно, ќе дојдат подобри денови, нема потреба од ваков став forever alone.
Знаев дека ова ке треба да го објаснувам ! Вака Не сум човек што некој би ме контролирал , мразам прашања од типот кој е оној ? Зошто ти рече здраво ? И сл. Не готвам , не сум домакинка и сл. Љубовниот живот признавам имало и добри и лоши моменти... Сега најтешкото ... Кога ке сватиш во животот дека не е битно дали знаеш да готвиш , или дали носиш лујвитон ташна или шкарт , туку човек до себе , фали чувство наречено љубов . Мене ми се истрошила љубовта , немам љубов во себе ... Ке бидам во врски , но без емоции... Не знам како го замислуваш заедничкиот живот но ... Кога ке дојдеш од на работа уморна не верувам дека ке те чекаат рози на подот и свеки на масата и зготвен ручек... Гушкање ,будење сабалје е сето тоа на почеток , се додека цела вечер нема да спиеш од неговото рчење , и тмн си заспала ке те разбуди неговиот канализациски здив .... Не го замислувам бракот или заедничкиот живот како бајка... Сум за лабава врска, за шетање , лудување по дискотеки , секакви лудории... Не сакам да имам биолошки наследници , можеби звучам себично но тоа не е за мене.. Си имам куче .... Подобро да живеам исполнето боемски живот , него неисполнето во брак ( заеднички живот со партнер) Набрзина ти одговорив, ова го кажувам за себе за мојот живот
Битер секој со своите проблеми , секој со својот живот Некои одлуки ги донесов уште пред лошиот период што го доживеав , не мора да се согласувате со мене , но тој е мој став ...