Како шо читав, во Еуцеринот имаше алуминиум. Барај нешто со алуминиум. Да провериш тие на Vichy или другите марки, во кои има алуминиум. Ако најдеш нешто, пиши ми и на мене
Пишува на самиот производ. Јас пред јадење го користам два пати на ден. Само заборавив како беше два пати по 30 или два пати по 60мл.Во секој случај многу е добар за имунитет, имаме искуство дома со класичниот во жолта туба.
Два пати на ден по 30 мл ако е превентивно, на гладно, јас така го пијам. Мене жолтиот ми е горчлив, фаворит ми е со брусница.
Овој изгледа е стариот алое вера гел само со нова амбалажа. Кога купив пред еден месец ми кажаа дека ќе ја сменат. Ама машала и цената ја смениле. Срамота, до колку ќе одат со цените? Ако се работи за тој гел, многу е добар ама 2,3 месеци минимум да се пие. 2 шишиња одат за еден месец.
Плус тој што ми го донесе до работа, ми побара 200 ден достава...... Срамота. Плус не пишуваше дека ќе ми биди наплатена достава. Не можев до Аеродром да појдам цело време сум со обврски.... За 1 месец 2 шишиња??. А од каде може поефтино да се набави? Преку преставници ли? Како се пие? Не можев да најдам или не пишува или јас не видов.
Иста е цена и преку претставник и во аптека. Беше 1800 ден пред еден месец. Пред тоа беше 1600. Јас мислам дека го пиев 3 пати пред јадење пола час, 30 мл. Немам кај мене веќе туба да прочитам. Најверојатно пишува. Според мерките ако се придржуваме така му доага по 2 на месец. Јас за превентива пијам, а на моите редовно и земам. Ако имаш посебно проблем со имунитет користи го, маана е само што е скапо.
Ако како терапија имаш само кревање на имунитет, помага. Мајка ми за ХПВ го користеше, за 3 месеци немаше ништо. Сега редовно го користиме сите, со паузи. Плус земи си и матичен млеч, исто тој е бомба за организмот. Тој за имунитет ми е број еден. Најди си од некој сигурен пчелар. Јас немам свој познат па од Бомед земам, обично на есен земам.
Дали при конзумирање на Алое сокот Жолтиот од Форевер, сте имале проблем со столицата? Јас го пијам скоро 10 дена, сакам да зајакнам имунитет, но ми се чини дека воопшто не ми влијае добро на стомакот. Според она што читам, дијареа е многу честа нус појава од конзумирање алое, но еве чисто барам мислење.
Ние никој досега сме немале проблем а сите го имаме пиено. Можеби не ти одговара, пробај уште некое време дај му шанса затоа што стварно е многу добар.
Добро, жолтиот алое вера од кога е сменет? Блиска особа многу одамна го пиеше, беше прегуст, со парчиња внатре, а и ефикасен. 4 пакувања одеднаш купив (спакувани заедно), се разочарав. Воден, г од геласта структура нема. Ај што е покачен, ама барем квалитетот да го задржале. А, мислев дека како алое бренд се најок.
Прв пат купив, едно шише е 2000 ден. Очекував да биде баш како Але што го продаваат во мали шишенца и со парчиња. Не ми мирисаше баш нај, вкус немаше на Алое, туку како на некоја гума. Ем скап, ем неубав. Си почнав Бета Глукан на Health Aid, да си пијам и ај чао.
На фб им порачувам, ако си од Ск подобро оди земи си ќе ти кажат од каде затоа што на ладно треба да е додека се транспортира.