Мене ми беше предобра. Првите две сезони ги изгледав одма. Третата ја чекав да се комплетира зошто премногу ме возбудва за да ја гледам неделно. Се осеќам како брзо да почнува да се расплетва и не гледам иднина поќе од сезона-две, шо е добро, за серијата. Сакам ко ќе завршат со комплетна и добра приказна него да се влечка до недоглед и да ја памтам по лошо. Туку мене друго ме интересира. Спојлер Знајме дека чудовишта се луѓе шо живееле тука претходно, и дека има клучни луѓе. И спомнаа дека другите ваљда заглавиле по пат со овие шо се клучни. Мене шо ме интересира е, шо ако заглавуват луѓе кога на чудовиштата им треба прихрана, настрана од заглавување на клучни луѓе? Пошто иако не умираат, очигледно убиваат од забава, но и се прихранваат со луѓето, шо беше и очигледно со раѓањето на чудовиштето и крејвингот за крв и скапани работи.
Спојлер Мислам дека само зашто пак се раѓаше беше потребна храна, инаку не им е потребна. Повеќе беше потребна поради Фатима, за да опстои и да може да се роди „бебето“, ама они не се хранат. Они добиле вечен живот кога ги жртвувале децата, нема смисла да зависат од храна. Повеќе ми стои дека само се изживуваат врз луѓето. Спојлер Она што мене ми е најневеројатно е дека целиот град ги жртвувал децата за веќен живот. Да, некои психопати би го направиле тоа, ама цел град? Ние луѓето сме длабоко поврзани со своите деца и нивната загуба е нешто најлошо што може да ни се случи во животот, поцрно сценарио од тоа нема. Па, цел град доброволно да го направи тоа, за што, да живее вечно без децата, некако... Ја утепа серијава која и така не ми беше нешто посебно.
Спојлер Мене не ми личи дека е цел град, туку само тие што се чудовишта колку се на број не знам, бидејќи ете Табита и Џејд се оние кои не успеале да ја спасат ќерка им од тие што сакале да жртвуваат деца, па повеќе ми стои дека дури и киднапирале туѓи за да го изведат ритуалот. А сите кои заглавуваат во градот се луѓе кои се поврзани некако со приказната, си имаат своја улога за исполнување. Приказната треба да се заврши до крај и децата да се спасат за да се тргни клетвата од градот (мислам дека овде голема улога игра time travel и Џули која е способна на тоа). Во тој случај чудовиштата инстантно би умреле. Исто така мислам дека не мислеле оти цената на вечен живот ќе е дека ќе бидат чудовишта и ќе убиваат други луѓе. Е сега, најмногу што ме интересира е каква улога има човекот во жолто на крај, дали е тој final boss и причината за сѐ што се случило и случува.
Спојлер Ова не е кажано, што им било ветено и како, ама што и да е, едноставно не е вредно да се плати толкава цена. Дури и во хорор измислена серија еве, I don't buy it. И од тоооолку луѓе само еден пар да си рече, чекај бе, не го даваме детево... Сметам дека бил само еден пар, така кажаа, па затоа уште толку ми е незамисливо. Џули го одигрува своето пак и пак и пак, како што рече брат и, она може да ги посетува поглавјата, не и да ги менува, па веројатно сѐ што прави веќе направила и порано, и само е заглавена во истиот loop, обидувајќи се да го спаси татко и, ама он секако умира. Веројатно само децата да ги спасат би бил крајниот одговор и решение. Или, ќе има уште некоја позадина, ќе видиме. Сакам само да не беа толку досадни епизодите, освен последните две минути, значи толку глупи дијалози да има, не можам еве.
@RainBow @Amellie13 Спојлер Мене ми е скроз нереално толку многу луѓе да се дел од приказната и да заглавуват. Ај парот шо одби да жртвува детето и се реинкарнира и тие со кои патуваат - ок. Ама другите? Која е целта на другите? Колатерална штета? Поќе парој шо не си ги дадоја децата? Зошто немат поќето такви визии и конекција како Табита пример со сонот, или Џејд со шемите шо ги поврзваше? Една теорија ми беше исхрана ради начинот на кој убиват луѓето. Ги мачат ама буквално ги отворат кај органите и на сите шо ги видовме не памтам да имаше остаени органи. Најдов само една слика ама е од првата епизода со детето и неќам да ја ставам. Не можам да најдам друга за пример. Едноставно не ми прај смисла. Се надевам со наредна сезона поќе ќе почнат да ги затворат дупките и да се расплетва приказната.
Спојлер Па, ги немаат дадено како ги јадат, само ги распаруваат, не ми ни паднало ова на памет. На пример, кога почна серијава имаше 86 дена без инцидент на таблата, што значи 86 дена биле без храна и никому ништо. Некои се колатерална штета, овие другиве што имаат визии и соништа веројатно имаат некаква подлабока поврзаност со местото која никако не е објаснета. Можеби биле поврзани со оригиналните луѓе, делат некои гени...
Отворив Редит да видам светот шо мисли Спојлер: слика 1 Спојлер: слика 2 Спојлер: слика 3 Спојлер Исто има теории дека Ethan & Victor се истиот чоек и дека the boy in white бил Томас или бар неговиот духи нешто за колапс на мултиверзум. Ок дефинитивно ќе продожам да читам.
Спојлер Океј, Итан и Виктор не се истиот човек. Табита рече дека она и Џејд се враќаат одново и одново на истото место, они се оригиналниот пар што не успеале да ги спасат децата, потоа биле реинкарнирани во Миранда и Кристофер, сега во Табита и Џејд, што значи дека она кога била Миранда му била мајка на Виктор, затоа се сети кога го гушна, затоа имаше алка иста во колата кај татко му на Виктор, зошто која и да била ги правела истите алки. Така што Итан му е ко брат на Виктор.
Да, да, памтам то ама многу интересни ми се видоја размислувањата и до кај одат теориите. Мислам дека поинтересно ми е вака читањето шо мислат другите него епизодите. Последниот пат вака ко сум се возбудила дека има теории беше Pretty Little Liars на времето ко излегваше.
Спојлер Ама, многу ми е глупаво што умре едно од суштествата, ко зошто да умре? Значи сепак не е вечен живот, да де, се роди пак, ама умре, тоа е фактот. Плус, за да се роди му требаше жена да го износи, а што ако сите луѓе изумрат? Или ќе си остават жените за да може да ги раѓаат пак, па ќе гледаме handmaids tale? Иначе, погодија сите што носи Фатима и што ќе роди, тоа не беше некој шок.
Спојлер Ова е само моја претпоставка, дека тие 6 пара (ако беа толку чудовишта не знам) биле тие што учествувале во ритуалот, а имало и други, ко Табита и Џејд што не биле дел од тоа. Исто така мислам дека тоа „нешто“ што го кажуваат што е пострашно од чудовиштата е она кое имало влијание да направат тие таква одлука, односно до некој степен изманипулирани да се. Слично како што Сара беше, која сакаше момче да убие ради гласовите во главата, со цел да си одат од градот. А Џули не е само storywalker, идна верзија од Џули го спаси Бојд од бунарот, што значи дека цел парадокс направи со тоа, а исто така во последната епизода се обидуваше да го спаси татко и. За останатите кои се заглавени верувам дека можи и да се само колатерална штета, само неколку ликови да имаат вистинска поврзаност со местото. Ова беше првото нешто што го помислив кога Итан прв пат го виде момчето во бело на почетокот. А јавувањето на Томас на телефон мислам дека беше само манипулација од човекот во жолто, исто како кога му се јави на Џим на радиото. Ова е вистина со третата сезона, многу влечкање имаше за на крај последната епизода да е уау и да те остави на cliffhanger. И дека ќе е последна сезона, искрено. Онака како што заврши третата сезона, веќе се на „пола пат“ до откривање на мистеријата и конечно излегување од таму. Се повеќе од она би било еееептен развлекување.
Спојлер Не, Џули веќе го спаси Бојд, првиот пат кога не ја видовме, кога не видовме кој го фрли јажето. Сега само се врати пак го направи истото, што веќе го имаше направено, не измени апсолутно ништо. Исто ко што знаеше дека татко и ќе биде убиен, се врати да го спаси, ама сепак го убија. Мислам дека она баш никаква улога нема да одигра на крајот, може само вака да видиме што и како се случило со нејзините навраќања. Ова е единственото што би ми имало смисла, да не ги жртвувале по своја волја децата, зашто, како што реков, не е можно, дури и само 6 пара да се, а во првата сезона излегуваа многу повеќе чудовишта, сите да се ненормални. И мистерија е како само едниов пар успеал да одолее на што и да било што ги изманипулирало другиве да си ги жртвуваат децата.
Спојлер: Дел од мистеријата Вака сега...чудовиштата биле луѓе. Односно тие се првите жители на градот. Кога дошле во градот, имале можност да живеат цела вечност, но тоа барало жртва. Извеле ритуал и ги жртвувале своите деца за да бидат бесмртни и да живеат долго. Но еден пар се противел на тоа, а тоа се Табита и Џејд (да, они се сопружници). Смајли е главен на чудовиштата и добро е што го вратија на крајот од 3-та сезона. Ќе биде интересно со него. Виктор крие мн тајни и претпоставувам дека знае баш се. Џули може да патува низ времето, но не може да ги менува настаните. Итан мислам дека е главната фигура и претпоставувам дека е човекот во жолто или човекот во жолто да е Рендал. Дијалозите стварно им се глупи и со глумата мислам дека Бојд и Табита се издвојуваат. Би сакал да стават нови ликови во следната сезона и да има уште поголема мистерија. 4-тата сезона ќе ја снимаат на сред лето, бидејќи сега во Канада е мн ладно и немаат услови за снимање.
Одамна немав гледано серија, немав фокус ама многу ми ја препорачаа оваа и ај. Добра е, сакам мистерии, си имам некои теории а и читав доста на reddit, ќе пишам друг пат ме мрзи сега, ама има мнооогу варијанти и верзии, се надевам нема да забегаат без објаснување со глуп крај ко Lost или Pretty little liars дебаклот. Во однос на дијалозите ко шо имате пишано претходно, стварно некогаш им се глупи, пример буквално во секоја епизода некој на некого вика 'it's not your fault'. На редит имаше зафрканција drinking game, пиеш секој пат кога ќе го каже некој тоа.
Јас ја почнав првата епизода и ја прекинав, уште кога излезе. Не ме заинтригира баш. Не знам дали вреди да продолжам, баш сакав нешто да гледам. Во која насока најмногу се развива дејството, хорор или мистерија?
Мистерија е повеќе мислам ама има и хорор елементи. Јас одма ја изгледавме со маж ми, а втората едвај чекавме секоја недела да излезе нова епизода..
Би рекла повеќе мистерија. Првата сезона е повеќе на хорор акцентот, ама понатаму е повеќе мистерија, барем според мене. Интересна е, не дека не, ама имај у предвид дека следна сезона искача у 2026.. да го знаев ова можда немаше да ја почнам, ама бидна
После првата епизода многу ме потсети на филмот Bird Box со Сандра Булок, изгледа ветувачки. Ќе пишам кога ќе изгледам