Во ноември минатата година заврши снимањето, за неколку месеци треба да излези, значи би требало пролет-лето ако сѐ е како што треба. Нема уште конкретен датум, но се знае дека ќе е 2026. Не ми треба да ја прегледувам последната сезона, како добро памтам што беше бидејќи заврши на cliffhanger. Едвај чекам.
Да ти кажам искрено, и покрај моето мрчење поназад за серијава, и јас на све се сеќавам, дури нема да треба ни recap да гледам, а заборавам и серии што навистина ми се допаднале.
На 19 април ќе излезе. Според тоа што го видов на трејлерот, имам неубаво претчувство дека ќе ја расипат. Сакам да ми е грешна интуицијата.
Јас се надевам ќе е добра сезонава. Но ако ја развлекуваат уште, нема да е интересно веќе. Со оваа треба да стават крај и да се реши мистеријата.
Од кој аспект ти беше чудна? Мене океј ми беше, онака стандард, ништо спектакуларно, ама не беше ни досадна.
Мене ми беше интересна првава епизода, баш да те остави на cliffhanger. Спојлер Не очекував дека девојката е човекот во жолто сѐ до крајот кога почна да се однесува сомнително. Мислам дека тој стои зад сето ова што се случува, има најмногу "моќи" од сите. И what the fuck беше со сцената во кујната? Сега да ми тропни нешто дома ќе се извадам од памет.
Ја изгледав и океј ми беше. Ништо wow, ама океј. Малце со сила им беше глумата, али ај се простува. А и малце сум фрустрирана што не разбирам што се дешава поготово со тој Shape-Shifterot ама ми се свиѓа што потврдија дека ќе има тајм травел, обожавам филмови и серии со тајм травел концепт.