Еве ја мојата теорија: Спојлер: Теорија Клетвата на градот не се тргнува и секојпат се повторува истото. Ова сега е една од групите што стигнале најдалеку со откривањето на вистината на местото. Детето во бело и Човекот во жолто се две спротивставени страни. Детето во бело може да дава совети, од кои повеќето не му се прифатени од луѓето во градот, иако за се испаднал во право (последно беше со дрвото со шишињата). Ритуалот требало да се направи со 8 деца, за да се тргне клетвата на градот, но се направил со 7 деца (тие што се појавуваат како веќе умрени). Кристофер требало да го жртвува Виктор кога бил дете, но одбил. Овојпат, треба да се жртвува единственото дете во градот, а тоа е Итан, за да бидат 8 жртвувани деца и сите да можат да си одат дома. Чудовиштата се родителите на децата. Иако талисманите веќе ги нема, сепак сметам дека во следната сезона, коските ќе ги чуваат луѓето од чудовиштата. Ако треба да се жртвува Итан, не знам како ќе го изведат тоа. Мислам дека ќе се испокараат и некој несакајќи ќе го убие. На Табита и Џејд им се врати дел од сеќавањето, а ако им се врати целосно, ќе знаат дека условот за да си одат е жртвувањето на Итан. Човекот во жолто мислам дека работи на случајот за да влезе во групата на чудовиштата, а ова е како тест. Ако ја заврши работата, ќе го примат, а ако не, тогаш повторно ќе биде отфрлен од нив. Инаку Човекот во жолт е еден од сопрузите на Табита.
Mnogu dosadna stana serijava. Nema kraj i se pogubija nekako. Glumcite se super ama ostanatoto e bez vrska.