Дали сте пробале и кое е вашето искуство? Постојат две вакви продавници во Скопје, кое според вас е подобро - Yo!good во City mall или Chillbox во Capitol mall ?
Додека постоеше Yo!Good во City Mall мислам дека јас им бев главен муштерија. Ги испробав сите вкусови, со сите можни додатоци, и иако беше прескапо и калорична бомба беше превкуснооо. Ама изгледа немаа промет, па набрзо го затворија. Chillbox ми се чини уште го има во Capitol или и тоа го затвориле? Ми текнува кога го отворија кај бикот, шемата беше тоа првите неколку недели, сите се сликаа со тие кутиите и објавуваа на фејсбук и инстаграм, како што се случува со речиси секое новоотворено фенси место во Скопје нели. Мислам дека нешто вакво слично има и во Меридијан во City Mall, на истото место кај што беше Yo!Good и во Goody's ама мене не ми се таму нешто посебно.
Нема во Капитол Ништо скоро не остана таму.. А yogood ми беа омилени.. тие со кукис и бадем мислам беше Во Меридијан е обичен сладолед со додатоци, го нема оној специфичен вкус А во Гудис не им се лоши, особено орео-то Ама пак го нема истиот (ни приближен) вкус..
@Dust Откако ми го затворија Yo!Good право да ти кажам си се префрлив на сладоледите со прелив од Burger King, до пред некој месец ги јадев на daily basis буквално. Со јагода ми е најубав, после со чоколадо, па со капина. Уствари сите ми се убави, само карамелата не им ја сакам. A Chillbox не знам зошто го затворија сегде.. И двете беа со некој оригинален вкус, не беше стандард сладолед, плус превкусни додатоци имаше. Ама, тоа е, кај нас вакви работи ќе отворат на две недели колку да не зарадуваат, ќе напукаат некои луди цени, и откако народот ќе стивне после некоја недела, ќе си затворат и така.
Не е во МК Австрија е. Не е кој знај што на вкус, тоа белото е кисело на вкус а од приливот малку ставаат исто како да си направиш кисел сладолед и да го полееш со растопено чоколадо од горе.