Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

FWSK моден викенд Скопје

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 21 октомври 2010.

  1. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    А тоа што викате со покана... Јас сакам да прашам,може ли ако имаш некој познат што е поканет и ќе оди,и ти како придружба да речам со него?
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.242
    Допаѓања:
    157.318
    Леле глауком добив од гледање на слики на посетителите на фешн виков...

    Толку неизмиени коси не сум видела...
    Маријана Станојкоска, се збунила,а мож и после тоа имала договорен ескорд. Шала на страна,убаа Аљина. И одговара на личноста. Тука има,онде нема.

    Мики Црнокрак ака олицетворение на злото (па погледнете ја таа фаца...) или ака Кенди мен и жена му која изгледа се помалку женствено. Каде бе стари со таа узвратка?! А тебе Цецо нешто тесно саково. Остај тоа што Кавали ти го подарил од ланска колекција во 98 година, годините си го прават своето...

    Зоки фаци...шта реќи?! Треба ли?! Некога тетка Сатен (ми личи на страшен кугар) и син и...Викторија Лоба на фешн настан со...голо меше...Сасвим на место, после танц со ѕвездите, мора да се истакне резултатот како Кели Озборн што го прослави својот триумф во истоименото шоу.И некој фрик у маскирни панталони и најлон елек и две грди цветни девојки (добро,ова грди не ми требаше...).
    Оп, девојка со уанаби ташња Биркин и дечко хипстер со лиж на коса здесно...Уште лоши коси... Оп,сиво сако и крем здолниште и до неа,мдааа блуза со карнери и црвени,пластични бисерОВи. Хипстери,даље.
    :o Плисирана суќња со карнери?! Зарем постоело вакво нешто??? И дечко со вунена дрвосечачка кошуља!
    Грбави луѓе.
    Сочна црнкиња и до неа црна проѕирна кошуља (или кошуљица шо би рекла мајка ми :rofl: ) и под неа црн прслук на начин на кој што НЕ смее да се носи и со нив една дотка,спакувана у нешто...чипкесто. Оу хелоу дер...дечки со сакоа и фармерки... :$
    Мелита...треба ли коментар?! Се вакумирала ко колбас. Лила...што да кажам,што да лажам? Како на босанска свадба. Лило,старееш и тоа лошо, кожата како штавена ти е,намали со пудрата и другар и,кој шо и да облече,одвратен е. На следната Лила со некои и некој што повеќе личи на месар,него ли на некој што треба на фешн вик да оди.
    Људи моји...ЈЕТИ! Девојка со вуница,елече,шодае овоа??? И панталони на штрафти...а јој...
    Мајка и ќерка...мајката е боље...
    Ох мај...овој ужас...
    Ау кватро фантастико... Ној (па дефинирај ја таа сукња човече), црвени панталони, досадното омре (не ви стои,ок?) и досадни рамни коси со патец (имам фобија од вакви коси :( Мислам дека е патолошки, мајка ми мрази исто, имаме некој фамилијарен комплекс ).
    Облечи црвени чевли,увек се полн погодок...ако имаш под 35 години...драга бабо.
    Леле чичкото Аварел...а јој...а јој...
    Илија танчерот. Ааааав....слаткооооо... не сакате да знаете што мислам... :inlove: :wasntme: Заедно се со Маријана. Оу уејт...сега ми е појасно.
    Есма...најрелевантниот фактор во фешн индустријата у Македонија. Најголема потрошња за платно по метар квадратен на тело. За една хаљина расте БДП за 2 посто! На право место,конечно една вистинска личност!
    Фрик со црвена кожна јакна и ташна со вуница у април.
    ПА ДААА,ПА КАКО МОЖЕШЕ ДО СЕГА ДА НЕ ЈА ВИДАМ ОВАА ВЕЛЕЛЕПНА ФРИЗУРА КОЈА ЈА ПРОМОВИРАШЕ ФЕМИНА? ЛејдиЗ, чарап... па од прееска ја чекам.
    Маичиња од Певекс.
    Хипстерска верзија на Мортиша.
    Убави девојчиња плус една тужна сова.
    Хипстер со шалче,а придружбата мега летно облечена.
    Леле...жени со лудачки шеширчиња А ла Бруно Марс,ама опнати на теме,не ми се јасни...луди ми се.
    Па се разбира, шаширчич, жута ташна,цветни комбенизонки. Грее!
    Дечко со бркови...дечко...
    Дечко со кожна лудачка кошула или што и да треба да претставува ова. Па конечно една комбинација која го погодува настанот!!!
    Саша Греј...жими се личи на Саша Греј...
    Не коментирам,не коментирам,скокам,скокам,скокам,не коментирам..
    Блуза а ла фенг шуи завеса... Мда!
    Еден стар чичко што нема поим што бара таму и еден дечко шо си ја испружил ногата тамам да сопне некоја манекенка.
    Друштво залутани џанкери.

    Облечи нешто на риги,викаат визуелно те смалува...Па така бе девојче,да те има. Машала!
    Оф леле,мижам,скокам...туту сукњиче...
    Животински принт...и дечко у црвени панталони и црвени могасини...бел чорап. Аутфитот за новиот филм Маска.
    Леле ружно,скокај. Није лепо коментирати лепоте (леле српски,како ром македонски...),али... фамилијарно не можат да се пофалат со лепота...
    Дечко,геј реинкарнација на Хилтер. Со тул на рамениците...и Бапчо наочари. Ова се вика чувство за идентитет... Замислете го Хитлер со тул на рамениците како држи говор? Хилеријс! :rofl:

    Луѓето шо не ги коментирав,ги знам и ги сакам! :D А и убави се! :!: А дел и жал ми беше што било да кажам... ама сериозно.
    Ама...да,ова е македонската публика на модата. Ете зошто толку кич по улиците. Јас повеќе сакам да ја коментирам публиката зошто нејзиниот стил и воодушевеност директно се рефлектира на модата по пистите. И не,не е толку страшно да носиш маичка Певекс или нешто од Елит или нешто од Бершка или Теранова...препичот е страшниот дел. И толку трудење за да на крај видиш еден куп кловн публика која сериозно под знак прашалник го доведува вкусот. И ги гледаш така внесени се чудат и анализираат...чиниш на изложба во Лувр се. Чиниш го читаат Елијар и песната за неговата баба или толкуваат текст од Коен.
    Абе немој да ме јебеш.

    А и девојчиња,не очајувајте. Фешн вик не е толку недостижен. Што мислите како сите овие фаци се докопале?! Другарка подели карти по се живо и диво... :D Епа ете...епа тоа! Само добро распрашајте се.

    Да не сакате да прејдам сега у модни критики? (смајли што се клешти, ги изнемоштив сите смајлиња и плус бришев!!!)
     
    На mamma-mia, ljubam, eli25 и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425

    Да ви кажам и јас збор-два за момаков. Овој со наочаркиве...
    Значи...сум имала можност да го запознаам и да работам во негова близина.
    И да, од страна да го гледате нема да стекнете баш некое пријатно мислење за него.Размазено дете со многу пари, желба за внимание, и потреба од чудни погледи. Личност која се меша во секоја дискусија како вегета во супа. Ма се е тоа за внимание.

    И сеуште е во средно. Битно си фура свој стил,не се замара, затоа што е целебрити. :emo: Ма дај...!? |-)



    За FWSK генерално, немам некои поголеми замерки. Ми се допаѓаат колекциите некои повеќе, некои помалку , но како и да е од година во година модниов викенд е се подобар. :up: За тоа. Антонија Ристеска според мене е солидна и има доста добри креации. Le Brand има неколку добри парчиња, Микка, Hard To Explain, Viba Teks исто така се доста добри... Не знам, во поглед на ревии овој пат имам позитивни критики...

    Посетителите, хм па да некои од нив можеле и повеќе да се потрудат. Модно случување е сепак, не ? :) Огроомно браво за момците кои биле посмели, и имаа изградено сопствен стил, и девојките кои дошле соодветно облечени на вакво модно случување кое и онака се случува само 2 пати годишно.

    Мило ми е што Скопје полека почнува да заличува на една вистинска метропола, баш како што и всушност му доликува, но сепак му треба уште многу, ама уште премногу модна едукација за да заличи на град во кој целесно е развиена модата.Навистина ова е само еден чекор напред, да бидеме реални, не повеќе. :!: Барем има некои модни збиднувања... ;) Сепак...
     

    Прикачени фајлови:

  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.242
    Допаѓања:
    157.318
    Да ја цитирам мојата вселенска полу-сестра.

     
    На sweet-star, eli25, CoverGirl10 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Еве ви слики, текстот да не го копирам од Лилипутка. :D
    Умрев од смеа, све модно потковани ликови и на дело и у теорија, дома седнале да бубаат стручна литература за да бидат достојни за ваков ивент! Не мо'ам. :D
    Феминизирани мушки примероци, несфатени ликови што ја наоѓаат убавината во бумбар сред пајажина, моми кои модата ја подразбираат како глуп натпревар меѓу скопските караконџули, и крем де ла крем!
    И ќоро и сакато се докопало до карти, циркузи!!!!

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На la-chicka, Lilit и MandyLane им се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    [​IMG]
     
    На mintyflowers и Doozy им се допаѓа ова.
  7. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    1.107
    И ќоро и сакато и шуто и рогато, да дополнам само. :wasntme: Комични сте луѓе. Да, не се оди исто ко на кафе, ама не е поентата ни да се такмичите со манекенките, а токму во овие две крајности си сфатиле најголемиот дел од 'дамите'. Девојчиња мислат богзнае кај тргнале па извадиле летните шорцеви демек нешто со кошула пикната па со сако пошо видела на блог од трајанка дека така требало, абе блазе си ви. Фрчи невкус и незнаење од голи стомаци до балски тоалети. Оние сини/црвени шпиц салонки ко да ви плаќаа од Зара за реклама, 25 пара се прошетаа такви. Не знам дали имаше грешка и неспој на парчиња што фалеше на моднава недела, се сељачко и кич што може да се замисли, беше застапено. Цветни топчиња и фустанчиња за на плажа на ревија, сериозно? Кремот скопски со фејк шанелки и копитата од аванти. Наредила што фатила од чипки до нитни, за една слика од фешн вик за лајкчиња. Што се чудам па јас демек на улица е поинаква сликата, ниту знаеле македонките ниту ќе знаат да се облечат, секогаш униформираност. И аман Лила не си Софија Вергара, ниту па милфица воопшто.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.811
    Допаѓања:
    25.409
    Пол:
    Женски
    Дајте уште слики луѓе, не е интересно да се читаат мислења/критики без слика :!: :)
     
    На Bozica1980 и Springy им се допаѓа ова.
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Цел ден се смеам за коментарот на Лилит во врска во присуството на Есма на FWSK, ама сеа одкако ја видов Лила во хајлината, дефинитивно ќе се смеем недела дена :rofl:
    Мелита сериозно си ги сфати коментарите дека е дебела и машала послаба од манекенкиве се напраила :lol:
    И коментар за менекенките, навистина изгледаат убаво (од тоа што успеав да видам), нема целулитче и салце да се таласа, бравос.
    Фаворт ми се креациите на Кокев.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Страшно иритирачки и навредителен коментар. Не ја знам состојбата на Модни критики во моментов, но еден период особено во таа тема имаше голем број на одлични комбинации.
    Скопската мода конкретно е се ама целосно униформирана не е. Да, не е искоренета едноличноста, но по улиците може да се сретнат одлично облечени девојки.
     
    На sweet-star, La.Reina.Del.Sur, pamelche и 6 други им се допаѓа ова.
  11. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    1.107
    Навредлив, не навредителен. ;)

    Сакаш да ми кажеш дека едно те исто сако и микс на црно-бело и исти салонки и исти пластични геометриски огрлици не е униформа? Линијата меѓу тренд и униформираност е тенка. Нека се носи истата основа, но со индивидуален печат доволно силен да зборува за личноста и одбивањето да биде дел од масата, а тоа недостига овде, да не се лажеме. Сефора, мислам дека во многу наврати сум ти упатила комплименти за стилот и изгледот, не знам од каде кај тебе иритирање. Исклучоци се тип топ спастрените жени и девојки, и не се во прашање пари туку чувство, што е факт дека не се поседува генерално. Многу непотребно и неблагодарно реагираш, да не речам ме чуди од тебе, кога совршено знаеш и самата дека зборуваме за исклучително ретки изданија.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Вчера бев со две другарки и успешно не се сликавме за да бидеме дел од албумот ГОСТИ на FWSK :lol:
    И аплаудирав на сестра ми, тоа е важно :inlove:

    Инаку, солидни креации на Христина Деспотовска, многу бои, минимализам, чат пат некоја откачена форма/боја што отскокнува од редот, но според мене, фалеше концептуалност. Иако веќе долго време е на модната сцена, според моја визура, креациите имаат уште поголема потреба од перформативност. Многу машнички, врвки, врзулки, ситници во дреч боја, наспроти едноставни кошули, фустани и палта.
    На Деа Споса брендот, венчаниците си имаа своја прикаска, но барем во моментов, не беа my cup of tea. Многу пердуви, светки, обид да се спои регуларниот фустан со габаритноста што венчаницата треба да ја претстави, и некако, освен неколку исклучоци, поголемиот дел не ме воодушевија.
    Не можам да најдам фотографија од вечерните фустани, имаше еден во сребро боја со пулејки, тој беше за мене врв. Чиста линија, футуризам и мноогу елеганција во скроз поинаков поим.

    На крај јаготката на шлагот. Лидија Георгиева. Прво, од музиката. Пост панк и инди, мошне креативно. Доза Париз/Лондон underground инспирација и чисти линии. Мотиви од вез и симболични крвчиња (тоа е во ек моментално на европска мода, користење византиски мотиви на облеката,но и на ниво на невкус), во спој со лелеави кошули, темно сини неглижеа/фустанчиња, покриени очи со црн вез и доста инспиративен буклет. Во Лидија верувам како дизајнер, прво зошто со искуството што го има, самодовербата и е прв фах, е во допир со познати имиња од надвор и реално ја претстави тековната струја на модниот израз, што не е "веќе видено" на овдешните простори.

    Публиката - чат пат некој изгубен Германец, и веќе доста докажани Скопјани 8) :lol: :) Многу глупирање, многу позерај и чалам, ама за тоа и служат овие настани, нели? Имаше пар луѓе, што ги познавам и надвор од рамки на настанот, комплетно можат да служат за пример како треба да се појави човек на вакво збиднување. Личен печат, скромни детали кои изгледаат светски и целосно опуштен изглед. Нафатирани сатени, паштета пудри, минич до пич и штикла со дезен на стрип, може и у дискач да си видиш, фала богу! И овде имаше за извоз, офкорс.
    Друго, момаков што го оговарате нагоре О-О :rofl: се појави во бохо бела кошула со раменици закинџурени со златни светки и штрас. Мајкл Џексон би позавидел. Златните чевли би му ги простила, од проста причина што и јас би носела такви, признавам! 8) :D
    Ќе одам и во текот на наредната недела, па ќе пробам да доловам уште неколку колекции. Од претходниве, успеав да ги видам ем лично да продискутирам со Ирина Тошева. Младелачки и чисти линии, боја и носливост. Неа и е примарен тој момент, така што сега за сега експериментирање на тоа поле нема да има. Млада е, но верувам во неа, па очекувам уште повеќе во иднина.
     
  13. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Друго нема да коментирам.
    Мелита изгледаше далеку подобро елегантно пополнета отколку вака исушена. Не е убавината само во отцртаните ковчиња!
     
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Штотуку му го изроварив блогот на дечково и единствен заклучок што го изведов за него е дека единствената намера му е да биде ексцентричен и забележан.Поинаку кажано центар пажња и да биде тема на муабет.Воопшто не ми е модерен ниту ми е репер за мода.Побогу Боки 13 поубаво се облака од дечково иако носи женска облека. :lol:
    Му го видов последнот пост со тул на рамената.Шта речи. Македонскиов јазик не содржи толку зборови со кои би се илустрирала бесцелноста и глупоста на типов.
    Сигурно се води по мотото-Јас светот на модата го разбирам како поле на кловнови,дворски шутови и паљачовци. :D
    Нималку модерен не ми е ,а уште помалку дечко со стил.На исто рамниште го ставам со Лејди Гага. И двајцата ексцентрици кои покушаваат на секаков начин да привлечат внимание.

    Во врска со моднава недела. Како настан ми се допага.Нешто поразлично во градов кој ке ги собере дел од лугево на едно место. Ја почитувам најмногу ради можноста што се пружа на нашиве дизајнери да го покажат својот квалитет,имагинација и умешност. Не бев до сега на ниту една ревија , но од тоа што го гледам на сликиве можам да кажам едно големо БРАВО за дизајнериве. Убави креации,интересни повекето од нив носливи.

    Во врска џет сетов. Секогаш успеваат да ме остават без зборови ,нормално во негативна конотација. Рандом посетителиве ми се далеку поубави,поскоцкани и посредени од џет сетериве. Не знам што сакаат да постигнат со тоа кловновско понашање.Се сомневам дека немаат вкус па макар и личен стилист кој би ги средил за оваков настан. Но не, они упорни во замислата да изгледаат смешно.Мора да поработат на случајот дефинитивно.

    До некаде се слагам со goddess.Of.chaos.Колку и да негираме кај нас несомнено постои униформираност.Кај некого повеке забележителна кај некој помалку. Сакале нејкеле тешко се гради претпознатлив стил тука со оглед на тоа дека постојано по бутиците се врти едната иста облека .Завеса кошули,чевли од Зара,ланци/околувратници,кожни панталони/хеланки и тако даље.. Но,секоја чест на оние кои и покрај безсомненава униформираност успеваат да дадат свој печат на она што го носат. Можам да забележам дека се повеке има такви девојки и тоа многу ми се допага. За останатите што друго да се каже освен,Пробајте да бидете тоа што сте без разлика што е во мода денес. :)
     
  15. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    ^Дечково како и да се вика е по дефиниција фејкер, во жаргонски речник под зборот фејкер негова слика треба да стават.
     
  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Што се фативте за Златко?
    Не го бранам, премногу е екцентричен за мој вкус, меѓутоа од една страна зборувате за едноличност и униформираност, а од друга страна плукате лик кој е поразличен од сите собрани луѓе на настанот. Која е средината?

    Just sayin'.
     
    На SparkyAngel, She, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Според мене за да бидеш уникатен и забележан во поглед на мода и облека не значи дека треба да бидеш ексцентричен,да шеташ со чалма на глава и пердуви на рамења. Уникатен изглед можеш да постигнеш на поинаков начин а сепак да изгледаш убаво и тоа што е на тебе да биде одбрано со вкус. Личностите како Златко и Боки 13 се се' само не модно изградени личности.Како што кажав мене лично ми оставаат впечаток дека единствената намера им е да бидат забележани и центар пажња а не да презентираат определен стил и мода.
     
    На MissDior му/ѝ се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.301

    Колку само се сложувам со цитираните зборови.
    За Фешн неделава лично немам присуствувано, погледав само дел од фотографии.
    Со чесни исклучоци морам да кажам дека состојбата е страшна. Не конкретно на самите комбинации, туку целото опкружување кое владее.
    Ми делува смешно и истовремено трагично целава оваа еуфорија за овој настан која се создаде годинава.
    Гледам девојки, а и некој дечко се сликале, позираат... и они презентираат мода :x
    Се извадила најуникатната комбинација од плакар(читај меѓу редови уникатна оти друг гарант нема никад така да шета).
    Плитокост и фејмус вонна би.
    Чуството на ред карпет да се доживее, па слик слик дека и јас бев таму.
    Лила, Црнокрак....боже боже, уште за на фешн вик се спотерале со тој аутфит.
    Ноа машконо маскота што изиграва очигледно си ја постигнал поентата.

    Туку и со блоговине не знам што е работава, никнуваат како кокичиња.
    Не дека е забрането де, напротив, мило ми е што девојките развиваат сенс за мода и сакаат да го развиваат и презентираат својот стил.

    Морам да се сложам дека неколку девојки се стварно прекрасни(да не редам, да не испуштам некоја, се надевам ќе се препознаат) но во последно време веќе ми станува напорно.

    Според мене за да презентираш нешто треба да имаш барем делумно комплетен производ.

    Не ја сваќам форава ајде ми текна ќе правам блог.
    Немам многу време, многу алишта, добар апарат, добра локација или посебна идеја и инспирација ама сите ми викаат браво кога ќе си се дотерам. Многу убаво дека ми стои.

    Ми делува дека не сите го имаат сватено вистинско значење на блогерството и што се презентира.
    Свесна сум дека блогерството како гранка е во зачеток кај нас, и е потребен период за развој а со тоа и голема поддршка, но за мене е бламирање сето ова што се случува.
    Ако можеле Сефора, Роуз, Анабела...да достигнат толку високо ниво на развој за волку краток период, сепак и предходниов коментар и обид да се извади малку од малку ситуацијава паѓа во вода.

    Се се сведува пак на фактот дека не ги бива.
    На сета оваа експанзија на модни блогови, артикли и медиумска покриеност за секој поважен моден настан, макар и прв или меѓу првите постови да е, кога не бива не бива.

    Некои комбинации не ми се ни за едно браво во модни критики, а не па за палче нагоре во еден моден блог.
    Не знам јас ли сум преголем критичар, па сум единствена која има некоја модна критика додека сите други се делат комплименти или интензивно се користи копчето за селективно објавување на коментарите.


    Некогаш си велам ова стварно ли така шетаат девојкиве по македонските улици, или стварно комбинациите нема никад да бидат прошетани.
    Таа уникатност само на блог ќе биде презентирана.

    Некои парталчиња, па и без веза искомбинирани...
    Немам никакви предрасуди или негативно мислење против облека купена во Шутка, Певекс...а не дека Зара или Манго се бренд но ја презентираш својата облека и својот стил.
    Некаде доаѓа до израз креативноста , некаде големината на плакарот..ама нешто барем да дојде до израз ако веќе не постои идеалниот баланс.
    Оти добро око и во Еко ќе најде парче и ќе го искомбинира на начин да биде рамо до рамо со многу брендови.
    Ако немаш ни едно ни друго од старт ќе се примети и преку комбинациите.
    Едноставно нема да бидат на потребното ниво.
    И да сакам не можам да замижам очи и да дадам некаква поддршка.
    Се ми е некако исфорсирано.

    За крај, уште еднаш пофалби за Сефора, Розе, Анабела, Анита, Марама...
     
    На lackygirl, MacenceEna, ljubam и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Monicaa

    Monicaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    ќе може некој да ми каже како може да се присуствува на овој настан? :)
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Додуша јас не реков ништо, ни планирам да се задлабочувам во коментари за дечкoто, али мислам дека на останатите им паѓа во очи што е пре ексцентрично облечен.
    Знаеш и Лејди Гага е упер ексцентрична па не значи дека е добра, зашто само се издвојува.
    Не мислам дека за да бидеш различен од другите дека треба да носиш пердуви на себе.
    Додуша мене нешто посебно не ми смета, секој си има право на избор како ќе се облака, ако него тоа му е убаво океј, не се согласувам јас, но тоа е што е нели.
    Јас не видов еден маж добро облечен, она интересно и модерно, да се истакне а да не биде ексцентричен. Пораветеме ако грешам.
    Инаку кога збориме за уличната мода, секоја чест на исклучоци, али да сеуште неможам да кажам дека имаме некој диверзитет. Додека слепо пратиме трендови, без разлика дали тоа тебе ти стои или не, неможам да кажам дека сме модно свесни, глобално кажано.
    Пример скор врежен во моиве рожници, пеплумот, абре точно секоја втора поседува нешто такво и сите решиле сега да го фураат секое излегување и сите се слично облечени за излегубвање, а дека им стои на сите, не би рекла.
    Со боите па ич да не праиме муабет, а се дојде таа боја да биде боја на годината, од старо до младо ќе ги видиш сите таа боја ја фураат, се друго што имаат е небитно. И не ми се свија тоа мене ама ич.
    Поединци секогаш имало и ќе има нормално.
    Додека секоја девојка/жена не си го научи својот тип на тело, што таа треба да носи, и што треба да избегнува зашто скоро секој човек има нешто што не му стои реално гледано, неможеме да зборуваме за некоја си иновативност и модна свест во нашата држава- како и за селебритисите наши, така и за обичните граѓани. Што е потрагично овие извиканиве наши пеачки и остали вана хев талент ѕвезди се полоши и од обичните граѓани, кои можеби немаат многупари али барем некои имаат поише вкус од некои ѕвезди.
    Али не дека не сме на пат, нешто да промениме нели :)