Љубител сум на мода, сакам модни комбинации и креации, ама на фешн викенд не одам.Убаво е вакво нешто кај нас, не викам не, ми се допаѓа ете што се развиваат нашиве модни креатори, ама целата фама што се дигна околу тоа 'сакам да бидам видена на фешнвик со мојата најубава и најкреативна комбинација' ми е ужасна.И да се согласувам дека униформираноста е во големи количини кај нас, иако нормално има исклучоци.И малку ме иритира што мала униформираност има и кај креаториве, гледам доста имаат ставено цвеќиња во коса како детал, убави се не викам не, и едни од новите трендови, ама премногу е премногу. Во однос на на колекциите ќе прокоментирам нешто за поомилените.И да да нагласам, мене добра колекција покрај тоа да ми се допадне, е и тоа колекцијата да биде нослива, зошто не знам искрено кој би се осмелил да ги носи во реалниот живот толку а ла лејди гага парчиња. Олгица Георгиева Сите комбинации во колекцијава не ми се допадна, но затоа ми се допаѓа како изгледа во целост, и ми се допаѓа што парчињата се надоврзуваат и прикажуваат некоја приказна. Спојлер Стефанија Насеска Искрено засега е мојот фаворит, ретро парчиња во микс со она модерното денес, барем така ја доживеав јас оваа колекција.Многу, многу ми остави впечаток и ми се допадна.И голем плус што колекцијата е уникатна, но и нослива. Спојлер Ирина Тошева Уникатна пред се, интересна колекција.Разиграност и бои ме асоцираат на колекцијава.Цвеќињата во коса,цветните наочари и шарените капчиња имаат голем плус од мене.И женските комбинации ми се допаднаа повеќе од машките. Спојлер Ми се допаднаа и колекциите на Viba Teks и Кокев, ама да не ја полнам темава со фотографии.Viba Teks повеќе ми е наменета за модерни деловни жени, а колекцијата на Кокев исполента со пастелни комбинации е сон. P.S. сите фотографии се преземени од фејсбук страната на Fashion Weekend Skopje.
Женски може некоја од вас што оди вечерва на Ready to Wear модната ревија во Сити мол, да ми пише дали е за со без карти и каде точно се наоѓа? Им пратив порака и на меил и на страната на FWSK ништо не ми вратија
Сергеј да се објасни ако може. Под дејство на што го изградил овој аутфит и како овој аутфит има идеја да се претстави пред јавноста. Под какви импресии бил кога го креирал? И дали е здрав? Како тотален неверник во господ и ствари, мене ова пренемагање тотално ми смета. Ама тотално! Одам по симболиката која пренесува една чудна идеја која не ми се допаѓа. И уште ли се лажете дека сте фешн само зошто сте облекле сако и чипка под него? Или ЗДОЛНИШТЕ СО ДРАМАТИЧЕН ПРИНТ што би рекле фешнистите. Или нешто што никогаш не сте го носеле низ град, а се гледа со колкав напор сте ја правеле комбинацијата зошто едноставно не се чувствувате природно во неа и не сте вие.
Се дрзнав да ги искоментирам Сергеј и толпата слична на него, ама така бесрамно ми ги избришаа коментарите сите до еден и добив забрана за било какво коментирање на страната на ФЕШШШН викендов. Поразена сум, признавам, ваши височества јас длабоко се извинувам! У меџувремену и Хелена нека се објасни. Подобро да има некое логично објаснување зошто побогу, ЗОШТО оваа сукња?!
Фустанчево на ќерка и е супер, ми се чини креација на Ирина Тошева е. Девојката е супер, една од ретките нормални дизајнерки кои не се подзанесуваат кај нас. А Хелена Роза... немам коментар. Не и доликува на годините, колку и да подослабела. Мене исто ме интересира што си мисли онаа Богдановска што поим немам што е по вокација, заедно со ќерка и и тој чуден занес кој го носат во себе си и аутфит кој ни помалку ни повеќе ме асоцира на садо-мазо секс аутфит. Сите овие се редат да гледаат фешн вик, а кој нив да ги коментира? Кој? Прееска ги вртам сликине, сако, сако, сако, ДРАМАТИЧНА СУКЊА или панталони, сако, сако, сако. И јас сакам да носам сако и го носам и супер е, ама фасцинантен е моментот што девојкиве мислат дека ако облечат сако по дифолд се фешн.
ОоО машала ќерка и на Хелена .. Ај овие селебрити личности што се подзанесуваат не дека нешто им личи ама пак да ги разберам, но овие па нашиве, не селебрити, другачки,обични смртници, што идат и што се занесуваат, е па тоа не можам да го разберам. Наречете ме не фешн или како сакате, ама овие напумпани настани ми се тотално безвезе, поготово кога видов кој се отишол што не треба да биде таму. Јас не би, фала.
Демократско општество, што сакаш. Особено овие ултралиберали кај нас колку знаат да бидат демократични не сте свесни. Не губете време да ги коментирате фриковиве. Џабе им се дига цената на Сергеј Гага, Елена Коза и ќерка и што најверојатно има 10 години а носи фустанче (деколте) ко за 20. Овие на фешн вик - селски панаѓур.
Леле да си жива и здрава за муабетов, мислам WTF? Ајде стилот и изборот на гардероба (што ми е тотално awkward ко за мајка и ќерка) ама каде тргнала оваа со голиот бунар пупак? Или ова па на што личи стварно немам зборови Таа розе туника минимум 50 години е стара, до тука можам да го осетам мирисот на нафталин. И ќе ми објасни некој што е со дивите коси и подраснатиот корен?
Си викам ова со Сергеј којзнае што е, кликам вју имиџ.. ништо страшно ниту посебно. Сакал да остави впечаток, да побуди контраверзи, кај дел ете му успеало, кај мене лично не. Ајде Лејди Гага да ја земеме за пример, кај пошироката јавност шокираше со вакви сцени кога се појави, ни таа не е интересна веќе 3-4 години, камоли Сергеј (кој и така веќе одамна е влезен во некои религиозни шеми). Она што ми е малку за чудење е дека оваа Богдановска е моден критичар. Ама што знам, лош ден можеби.. во најдобар случај. А понатаму модни викенди во.. Скопје.. не би коментирала.
Фешн Виков ми е еден од најглупавите настани кои се одржуваат кај нас, не толку колку што како целокупна замисла е стварно ок, ајде и ние да си имаме таков догаџај, ама за сомнителниве фаци што се појавуваат таму. Алооо, кои се овие изроди? До организаторите: Се упатуваат покани на луѓе кои стварно имаат што да покажат, т.е. како да се покажат на фешн вик, а не овие изроди ко Хелена Роза... Што придонела она за модата во Македонија? Се појавила некаде топ облечена па дала пример за тоа дека може да се нарече модерна женска? Не, каде и да се појави изгледа ко ученичка од порно филм, и она треба да присуствува на фешн вик??? Не, таквите ликови треба да си стојат понастрана од вакви евенти, и Боки 13 заедно со целиот негов кичерај. Не треба да си моден критичиар, ниту пак упатен којзнае колку во мода за да знаеш дека пола наши јавни фаци не треба воопшто да се појавуваат и да се брукаат на модни викенди затоа што се сељанки. Секоја чест на дизајнерите, навистина има добри парчиња облека што се шетаат низ пистите, ама се тоа паѓа во сенка затоа што повеќе акцент им се дава на јавниве ни фацки кои како едвај да го чекаат настанов за да се натпреваруваат кој најголема будала ќе искочи. Стварно многу повеќе фотографии видов од фациве него ли од креациите. До кога ќе биде ова само уште еден настан на кој ќе се докажуваат јавниве фаци за нивната „огриналност„... Е затоа ми е ова толлу глупа. А да не ги редам па пријателиве од социјалниве мрежи кои се напатија за да стигнат до фешн вик само за таа глупава фотографија да им стои на кавр, ко некое големо достигнување да е да си гостин на фешн вик. Не сте фешн ако сте биле на фешн вик, ок? Абе пари да ми даваат не идам!
Никола Миров, кој и да е, лом прави со коментари по сликите! Хелена е позната по сукњичките до пич, шо се чудите, она и се препрослави со нив во спотот на ДНК кога цицките и газот апла и беа извадени. Од неа не ни може нешто повеќе да се очекува, да ја видиме во елегантен фустан ај да се чудиме, ама овој порно аутфит е својствен за неа, баш и лежи... И, нормално, каков фешн викенд би било ова ако Маријанчето, еј кеј лото добивна насмевка не е присутна...мислам една иста фаца секоја година ја прави...ко статуетка е, незнам, не им верувам на тие девојки кои имаат една обична насмевка...посебно не секоја година на ист евент - да земеме пример! Пре вештачка, пре пре... Катерина Ивановска не ми се свиѓа. Вилицата нонстоп и изгледа како закочена и секогаш ми е како загубена во просторот. И шо?! Иваннннна испадна поубаво облечена од сите овие горе... Шала на страна, многу повеќе ми се допаднаа како се облечени рандом непознати тетки, со средени фризури и одличен аутфит. Златно Еф-ти-ви на телевизор!
Росица Мршич секоја година последна ја оставаат и со право зашто мене единствена ми се двои. Јас посетителите избегнувам да ги коментирам, од селебритис до аноун, 90% ми беа несфатени у комбинациите. Али па тоа е реално драги нашата состојба на улициве недостаје машта што би рекле србите. Или па некои малку не го сфатиле зборот машта, но нема везе. Ревииве се за самопромоција али според мене кога идеш на нечија ревија посебно константно и на сите треба значи после да и купиш некое парче, барем јас така ги подразбирам догаџаиве модни дека идаш да видиш што има ново за да купиш нели?А има лица кои редовно идат на сите ревии а не ми е јасно зашто. Можда и јас да се излажам некад да и отидам на Росица, не викам не али па да им плескам руку на Елена и ред други за кои после ќе се смеам надвор мене не ми е јасно искрено зашто? Или желбата да бидат по секоја цена видени на некои луѓе им е и над ставовите, а по се изгледа дека е така.
Од се што изнагледав по сликиве единствено овие 2 девојки ми оставија позитивен впечаток. Остатокот шта речи.Копи пејст.Едното исто ни малку креативно ,со сила натнато на себе.Дури на моменти преобични и без идеја. Не дека ко кловн треба да излгедаш на ваков настан ама малце од малце потруди се коа веке си решил да идеш и да се испосликаш со надеж дека утре сите ке те гледаат како woow што си бил таму.
Хахахаха фешн вик или по правило - Денови на циркузантска облека. Шеташ низ Скопје и гледаш нормални девојки и една-две ќе се истакнат со комбинација што ќе ти фати око, и тоа нормална комбинација, ама затоа на фешн вик сите се ексцентрични Лејди Гага чудовишта. Да им влезеш на блог на половина од девојкиве комбинациите им немаат врска со тоа што облекле на евентов кој патем треба да го претставува нивниот стил а не смислата за костум за Ноќ на вештерките. Има некој чуден ефект фешн вик, одеднаш на сите им се побудува некое гласче во главата што им вели - биди ексцентрична!
Омилен ми е модниот викенд ака недела бе. Прави да се осеќам подобро у врска со себе кога ги гледам сите тие о толку со смисла за мода сурати. Ако нафукате на себе се` што е популарно во моментот од чипка до нитни до тексас до златните ебени огрлици до омбре до карирано до рок парчиња... Летниот шорц врз хулахопка хит. Полн погодок, тотални фешнисти. Освен што не сте. И после ќе ми продаваат пуфки како Македонките знаеле да се средат и поседувале вкус. Да, од 4 вечери, 4 жени се веројатно навистина средени. Фрикови не ни коментирам, имуна сум веќе на таа фела. Десно, мислам втф.