Па незнам баш што и фали на таа десно Инаку сакав да прашам кој е условот што треба да го исполнуваш за да присуствуваш на ова? Гледам деца од 18 години, ги знам онака низ школо што сум ги гледала, се тупнале на настанов
Каков е тој фешн викенд со еден куп кичерај и без укус? Од сите слики што можев да ги видам, случајно значи нема да седнам и да ги гледам сите до една сигурно, можам да издвојам буквлано две, три девојки кои ми се допаднаа како се облечени, со стил и пред се без кич елементи и голи стомаци. Мислам дека на вакви настани треба да идат фешнабл пипл (да се изразам во дух на модната недела ), а и веке кога си поканет па бар дотерај се вуксно и со стил. Оно и настанот, како настан е многу јаден, ама ајде па и подобро таков отколку никаков, барем да се пробијат новите млади дизајнери кои заслужуваат да бидат видени. Мене на Ивана Цветковска ми се допаднаа неколку фустани, необични, модерни, младалачки, баш за деовјки со вкус.
Вкус. Инаку, се што ти треба е да познаваш некој или од спонзори или од организација или од дизајнери. И така...затоа таков составот на публиката. Нареден пат коа ќе ми дадат карти ќе организирам томбола на фемина и ќе ги поделам, жими се. Се убив од молење по луѓе да ги дадам, едвај најдов кој да ги земе, ама најсериозно...
Комбинација која остава без здив. Толку уникатно и софистицирано, немам видено ваква комбинација дури ни на пистите на високата мода на модните недели во Париз и Милано. Кроп топ врз бела кошула делува толку убаво, просто ме остава без зборови како побогу му текнало да го искомбинира вака топот, навистина уникатно. Фармерките навидум обични во комбинација со полузакопчаните чизми го даваат оној меси изглед, а сакото ја прави комбинацијата малку по формална и сериозна. Тука се дава оној впечаток на формално лежерна комбинација, чизмите пак даваат и кежуал шмек. Аксесоарите се исто така одлични и само дополнително ја разубавуваат и надополнуваат комбинацијата, воопшто не изгледаат натрупано, ќе ја разбиеа и монотонијата во оваа комбинација, секако ако ја имаше бидејќи комбинацијава е се само монотона не! Капчето дава дополнителна свежина во комбинацијата и го отвара типот. Она што најмногу ми се допаѓа во комбинацијава и секако е јагодтката на шлагот е тексасната кошула врзана околу половината! Мислам зошто да ја има облечено на себе, одоздола под белата или евентуално над белата кошула кога така нема ни да се приметува. Навистина уникатно и иновативно кое дава идеја како да ги искомбинирате сите парчиња што сакате да ги носите на едно излегување, а неможете да одлучите што да одберете, зошто да се мислите со саати кога може се да облечете на вас. Кога се мислите дали да носите фустанче или кошула со панталони ќе си ги облечете панталоните, па фустанот врз нив и кошулата ќе си ја врзете на половина. Браво за дечково што ни реши еден од најголемите проблеми на нас девојките
Мимс, морам да ве надополнам. Концептот на комбинацијата е теорија на хаос. Зарем има нешто што подобро покажува дека суштината на постоењето е постоење на хаос со што универзумот е постојано во борба да воспостави мир, од една незакопчана чизма во комбинација со подвратена чизма? Престанете да се обидувате да внесете хармонија и логика во вашите аутфити вие злобни фешнистки, не го саботирајте универзумот!!! Разберете дека фундаментот на модата е лепилото со кое се премачкувате пред да влезете во вашиот плакар!!! Напред Златко!!!
^ Леле те обожавам!!! Него, колекцијата на Александра Митевска од Vibrazioni мене не ме воодушеви толку многу, шо знам, онака просечно, веќе видено и досадно според мене.. Mислам, се наоѓаат убави моделчиња, носливи, али досадни углавном.
Три пати напишав коментар па го избришав. Немам коментар, а да не бидам вулгарна Маживе, со големо М станаа станаа загрозен вид Ситуацијава излегува од контрола... Него ова ми дојде посмешно http://www.puls24.mk/magazin/scena/foto ... kolekcija# да не мрчам за посителите, секоја чест на добар дел, ама неколку ликови не разбирам како си дозволиле со одреден.... ајде стајлинг да го наречам... да излезат од дома, а не па да одат на такозвани ФЕШН вик. Смешка е настанов кај нас... Него... само јас сметам дека со натписов е уништен фустанов или? Превртев очи кога прочитав ама изгледа до мене е, пошто други испопаѓаа од несвест од креативноста
кога е следниот fashion weekend во Скопје? И потребни ли се карти да се оди, каде се набавуваат или потребна е само покана?
Ај ств ако некоја знае нека каже како иде со влезниците? има ли воопшто нешто влезници покани? како може да присуствувате?
Треба да имаш покана од дизајнерот од неговата модна ревија, или некои врски, пример да се знаеш со некој од организаторите, или со некој од моделите.
Fashion week - Скопје / Битола Дали некоја од вас има учествувано на fashion week .. Скопје или Битола ....ме интересра кои се условите..кој се може да учествува....како..што..зошто?!?! и се околу тоа!!
Fashion week - Скопје / Битола ^ A, за какво учество прашуваш? Како дизајнер, како модел, шминкер, стилист, спонзор?
^ За жал, не можам да ти помогнам со лично искуство, но ако веќе немаш барем некого што познава некого од тие кругови, обиди се да ги контактираш преку нивната официјална страна или официјалниот ФБ профил. http://fashionweekendskopje.mk/mk/kontakti/ https://www.facebook.com/modenvikend Програмата (а со тоа и селекцијата на дизајнери) за претстоечкиот FWSK, одамна е затворена. Ако успееш да се презентираш во професионално светло, можеби и ќе заинтересираш некого од организацијата, па ќе те гледаме во следното издание. Но, земи во предвид дека сигурно мора да се исполнат некакви услови за учество, затоа информирај се добро. Good luck. *И не заборавај дека за да бидеш добар дизајнер не е доволен само талент и знаење во областа, туку и солидни познавања од маркетинг, моден менаџмент, чoвечки ресурси, па дури и психологија, освен ако не си следниот Галијано (ама дури и тој неславно заврши).
па имам доста искуство на полето на мода..ама никога[ до сега не сум се заинтересирала за овие fashion week случувања..па ај реков да прашам.. во секој случај фала..
Just-M, еве да се дообјаснам. Со мојот претходен пост не сакав да инсинуирам дека си почетник и дека не ги познаваш работите. Ако така прозвучело, се извинувам - не сакав да те навредам. Инаку, еве во спојлер еден линк, што читав пред некој ден: Спојлер http://fashionel.mk/175247/intervju-aleksandra-mitkovska-fotografiite-na-mancevski-preslikano-vo-kreaciite-na-mitkovska/ Обрати внимание на последниот параграф. Комплетно се согласувам со нејзиниот став. Во крајна линија и дизајнерот мора да живеее од својата работа. Затоа велам информирај се добро, па направи си математика за себе што добиваш како дизајнер, а што губиш во процесот. Во секој случај, ти посакувам успех.
Само што гледав некои слики на Фб... Зарем мода ќе ми продава некоја си со сандали во месец октомври (уште некој ден ноември) на 5 степени над нулата А, не е само една повеќе се Што мода ќе беше тоа, ама веројатно им е жал што не им се износени сандалите, дека летото скоро и да немаше, па да не ни бидат џабе фрлени парите, фино лепо ќе си облечеме хулахопки и омилените сандалки. Секоја чест на исклучоците (кои се бројат на една рака) останатите се тотална катастрофа (не знам како се осмелуваат да се најдат на било какво модно случување)
Топ пет стајлинзи од првата вечер на FWSK http://fashionel.mk/177254/top-pet-staj ... r-na-fwsk/ Искрено- на стандард викенд искачање имам гледано многу подобри комбинации ...