Од она што го видов, „Inside out“ на „Марсин“ е колекција достојна да се коментира, останатите се мех. Марија Трајанова дизајнирала добра колекција, секси а софистицирана. Овие фустани и комбинезони се ко за ревија ама сепак може да се носат и на други свечености. „Bohemian rhapsody“ на Сара Реџиќ - девојкава се умислила дека круната е сосем океј идеја. Не е, крадена е, Долче & Габана одамна ја направија препознатлива. „Love the spark“ на „Minna Fashion“ - прекрасни тоалети, ама сите креации се за ревија и црвен тепих.
Гостиве на фешн виков у Скопје забораваат едно изузетно битно правило: Simplicity is the Ultimate Sophistication.
90% од гостиве не се облекуваат приватно/ во секојдневниот живот ниту слично вака како на Fashion Week. Тоа е тоа што ми пречи, затоа што сметам безразлика на настанот во стилот треба да бидеш тој што си. Мене лично блогерката Емилија ми е секогаш најдобро облечена, зрачи со елеганција и клас и не е нешто многу различна од она што го носи во секојдневниот живот.
Изгледа не пуштаат на Fashion Week без вишок 10 кила, по можност што повеќе стегнати и истакнати... Топ 3 утки:
Да, се гледа дека на повеќето не им е удобно во тоа што го носат, а и не знаат да го носат. Многу, многу лошо, ретко некој ќе видиш дека има вкус и знае да го носи. А и не сме бе толку грда нација, ама се некои чудни фаци насликани. Дали со сила се извештачени, којзнае. Битно многу лошо, дури мислам рејтингот на манифестацијата паѓа ради грев умислени фаци.
Во модни критики се боље облечени него овие Добро бе , што мислеле онакви кога се облачиле,?? Да се забранат под итно коментарите од другарките и роднините : Колку си убава , лепота , срце си, преубава си , колку си слатка ваууу и слично . за да се спречат вакви катастрофи
Оваа цицки има на кошулата нацртано??? И сака да истакне колку нејзините се свиснати?!?! Или можеби кошулкаѕа и е мала па под гуша и дошле хахаха
Искрено, ама да треба да се бира најголема утка на Fashion Weekend нема да може да се избере, толку многу е тешко. Кој од кој, еден нема со стил, ко унакажани ми се сите, од глава до пети.
Не е јавна фаца , но со самото тоа што онака се појавила на fashion week каде има камери и утре ќе бидат сликите и видеата прикачени а социјални мрежи , реално требала да се потруди малку поскладно да се облече . Боде очи па колку сака ревијата нека е ефтина , мизерна итн . Мене повеќе ми боде очи тоа колку публиката има вкус за мода .
Незнам зашто мислат дека ако одат на Фешн Фикенд треба да ги облечат сите партали врз себе за да изгледаат уникатно и божем модерно и несфатено блогерски. Зашто не идат обични бе по фармерки и штикла и некое маиче, ја незнам што толку филозофии требаат или црно фустанче, ај чао.
Ама си го носи жената стилот секоја чест. Како од фешн вик на некоја светска метропола излезена да е.Стилски пар екселанс. И женава од левата страна ми се многу свиѓа како е облечена, замерка неможам да најдам.Браво, браво за парчињата и комбинацијата.Чизмите и се лудница
@sorbet Не е позната и не е јавна личност. Не би да откривам идентитет на личност која не е јавна. Лично не ја познавам, но ја знам. На улица кога и да ја сретнам е средена тип топ, секогаш убави парчиња носи.
Ај од мене некои што ми се бендисаа Лоба ми е океј со стајлингов... Оваа лево: Екстраваганции и пренатрупаност не ми е баш по вкус