1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Garage Revival (Алфа Тв)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од TinaM25, 14 септември 2011.

  1. TinaM25

    TinaM25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Конечно и во Македонија, емисија која ги оживува гаражните рок бендови. Секој четврток се презентираат по три бенда, и публиката има можност да гласа за својот фаворит.
    Според мене, во нашава држава има толку многу талентирани луѓе и на овој начин доаѓаат до израз. Што мислите вие за оваа емисија? Дали имате фаворити? :rock:

    Ако има ваква тема (иако барав и не најдов), слободно нека се избрише.
     
  2. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Garage Revival (Alfa tv)

    Емисијава ја гледав само еднаш, и тоа кога беше кичевската група Stream (еден од моите симпатии свири таму :$ ) е сега не знам што направија тие. Не ја ни сфаќам емисијата, што, како се дешава, ниту што беше наградата за победници, ни кога започна, ни кога заврши, дали е воопшто завршена...



    Требало да напишеш во описот кое време е, отприлика кои групи се, за што се борат... :)
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Имам фаворит, The Light од Велес. Басистот ми е другар :) И многу добри свирки прават дечките. Баш го прашав пред некој ден се видовме, рече уште малку и ќе завршело ова. Ќе видиме кој ќе ја однесе наградата :) Штета што не е толку експонирано шоуво, или што и да е :)
     
  4. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Не ја следам често но е одлична идеа и рок групите во македонија да дојдат до израз, да се престават во јавност, вчера мислам една ја пееше Nobod`s life ама ептен фалш ја испеа, ми се допадна една група од Скопје мислам Хамерхед се викаа, девојката имаше супер вокални способности а мислам само 16 години има.

    Да и јас приметив дека ова шоу не е толку популарно а и се гледа по самата тема. Многу добра емисија и дај боже да опстане и развие во поголемо шоу и да го засени Идол, бидјеќи ова е нешто различно, интересно и рокерски :rock: .