https://www.adiva.hr/lifestyle/psih...da-ste-i-vi-zrtva-a-toga-uopce-niste-svjesni/ https://www.insider.com/gaslighting-examples?amp gaslighight manipulate (someone) by psychological means into doubting their own sanity. Дали имате читано или имате лично искуство со оваа форма на манипулација? Многу тешко се препознава, а е многу опасна. Жртвата се доведува до состојба на изместена перцепција, постепено и можеби не намерно, но е многу погрешно.
Да, сум читала нешто за ова. Буквално те убедуваат дека тоа нешто не се случило, дека си параноичен/а, дека се' е само во твојата глава, накратко те прават будала. За жал, мислам дека во една од поранешните врски бев жртва на вакво однесување, но брзо се освестив со кого си имам работа.
Ова го има и по работни организации, буквално. Една особа за да си се ослободи од работна обврска, буквано ме убедуваше дека ме викнале и ме запознале надлежните со таа работна задача. Еј!!!! Те прават заборавен, хаотичен, ти предизвикуваат хаос во умот ти инпутираат дека си рекол нешто некому што не си, оваа појава не е само во врски, верувајте, а ова е далеку пострашно. И во некои бракови се користи, особата се доведува до степен на лудило, тоа се злоупотребува против истата подоцна за дзмеање старателство врз деца, во имотниот спор што следи по разводот и слично.
Ова не е тактика само во љубовни врски туку во секаков тип на конекции и ситуациија.Чиста манипулација, најчесто се среќава во емоционално насилство, кога има гаслајтинг подолг период. Секогаш кога и при најмал конфликт (без разлика за каква врска се работи) ќе приметам дека личноста се прави "наудрена", пробува да ја негира реалноста, негира кажани зборови, те прави да се прашуваш дали си луд/а поради тоа што го чувствуваш, во момент ми се менува перцепцијата за особата и знам дека не треба да го игнорирам тоа црвено знаменце.А често се игнорира, бидејќи на почетокот простуваме ситници.А понатаму веќе реалноста ни е толку изманипулирана што веќе не препознаваме што е правилно а што не. И мислам дека во тие моменти, моменти на такви обични ситници кои секогаш се игнорираат, се отсликува реалниот наш карактер. Еве едно многу добро видео, изгледајте го до крај.
Насилство, психолошко и емоционално. Штета што не може да се пријави како физичкото насилство. Немир ми се создава од вакви личности.
Ауууу добро што ја прочитав оваа тема, јас мислам дека го доживеав ова, поискусните нека кажат дали сум паднала и јас во замката. Имам колешка последнава година муабети општи тераме не секој дневно ама се случувало кафе, чај да пиеме заедно на пауза муабети општи. Последниве 2 месеци некако се наместија работите да мораме секојдневно да комуницираме за работата, од сабајле ќе ме види и ми вика "добро утро ТИ добра си" Јас: добро утро Добра сум... Следниот ден исто, пак исто секој ден така, кога пред извесно време смени тактика Добро утро некако не ми изгледаш добро, добра си ?? И јас целата ???? Добра сум зошто ??? Онака те прашувам ништо лошо !!! И ќе си замине... Кога во понеделникот поради нејзино не ангажирање на работа пред мојата претпоставена ( шефицата) ме направи дека јас сум крива, дека јас сум била таа што не сум ја завршила работата, плус кога и кажа на шефицата моја дека сум седела кафе и цигари сум пушела, а не сум ја завршила работата тоа беше шок за мене. Среќа шефицата знае каков работник сум после тоа во канцеларија ми рече не очекував дека толку ниско ќе падне "колешката" да префрли за кафе и цигара, само ми рече бркај си ја работата како до сега.
мислам дека го опиша нај шаблонскиот пример скроз ама скроз истото ми се има случено. потврдувам дека е често во работни односи, може да се префрли темата во општи дискусии
А зошто тоа го прават? Што добиваат со тоа, не ми е јасно? Како да се заштитиме од такви личности, еве можат да не советуваат и другите што го имаат доживеано и пребродено сето ова. Јас само знам дека со колешката само строго службено ќе биде односот, и на најминимална комуникација ќе продолжи соработката.
Па ништо што ќе им правиш… Секој со својата болест. Најдобро е откако ќе препознаеш дека си вака манипулирана да го завршиш секој контакт со таквата особа а АКО МОРАШ поради xy причини, тогаш стриктно работна комуникација. Како што и кажа ти самата.
Контрола над некој, ослабување на другиот за полесна манипулација. А што ги тера на тоа... не би знаела. Еве некое објаснение на кое наидов: People aren’t born gaslighters like they are born introverts or extroverts. A gaslighter is a student of social learning. They witness it, feel the effects of it, or stumble upon it and see that it is a potent tool. It’s a cognitive strategy for self-regulation and co-regulation. To be frank, it works. The gaslighter may not even know he is doing anything strategic or manipulative. He lacks self-awareness and may just think he is expressing himself directly, or is prone to unflinching honesty, saying it “like it is.” Gaslighters are people, too. For many, gaslighting could be a bad habit picked up from the relationships they grew up around. If a gaslighter’s partner, friend, or parent is willing to do the hard work of changing the way they argue or interact with them, change is possible. But it can be difficult to achieve this if they continue to buffer you from your own reality. Можеби се убедени дека тоа е така, можеби нивната перцепција е навистина од тој агол. Но, тенка е линијата на личност што тоа го прави намерно и личност што го прави несвесно.
Социопатска карактеристика е манипулирањето. Точно е дека и тие се луѓе, ама ако наштетуваат некому, тогаш треба да им се укаже и да се кажат јавно дека се такви. Пошто се деструктивни. *На форумов е многу честа појава.
Буквално насекаде го има, во сите форми. Јас не ги можам таквите, претешки и гнасни се како карактери.
Не ми е тешко да го препознаам, и на форумов го има ова. Во Македонија е презастапено, се смета за нормално и одлика на високо интелигентен човек кој умее да се справува со другите
Има такви луѓе. Но, овие ти се докторирани за манипулација, крајно злобни, и плус се „емоционални“ вампири. Тоа не го може секој.