1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

GNOCE накит

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Gosh, 25 февруари 2024.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    40.922
    Gnoce е фирма за накит со седиште во Њу Јорк, Америка, основана во 2015 година.

    Which-Brand-is-Best-for-Charms-Jewelry-Gnoce-or-Pandora-beauty-and-fashion-freaks-3.jpg

    Функционира на принципот на Пандора и сличните на неа, каде целта е купувачот сам да си создаде персонализиран и со интимно значење накит, преку комбинација на различни привезоци.

    Она што ги разликува од останатите, и причината поради која се популарни во Европа, е што нивните привезоци се универзални, значи пасираат на било која конкурентска алка, и што буквално имаат линии подложни на било каква персонализација - од гравура на имиња до ставање слика од вашите најмили.

    Исто така, според мене, имаат и поубав, побогат и поелегантен избор на привезоци, па и одат во крајност каде имате и накит изработен во црно, од тарот карти, до костури и слично.
    Имаат дури и камчиња кои светат во темно, или па оние кои рефлектираат слика по ваш избор.

    Се гледа дека тоа им е целта, и дека не се фокусираат многу на алките, затоа што се изработени од обичен нерѓосувачки челик, за разлика од привезоците кои се од сребро.

    Дали, и кое е вашето искуство со овој накит?
     
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    40.922
    Кога решив така да си се почастам некое алче у три саат сабајле, отворив Пандора, али искрено приврзоците не ми се баш нешто по ќеиф, нема баш некој избор.

    Знам сеа другарка доби за Валентин, и други ми имаат зборено, па отворив да видам што има.

    Буквално не можев да се одлучам што да нарачам. Едвај се прибрав. Нарачав денес, коа ќе стигне ќе пишам пак. Па и за некој месец ќе пишам шо како, оти искрено не знам што ќе биде.

    Планирам алката да не ја вадам, да си ја носам стално, али приврзоците се сите со циркончиња, па не знам колку ми е паметно тоа.

    Иначе, на секоја нарачка добивате алка бесплатно, што ја немаат у асортиман, и шо секако е со чкљ квалитет. На другарката скршена и стигна, па ај и пратија нова, и таа не се затвара. Таа шо си ја купи добра е, се држи.
     
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.842
    Допаѓања:
    5.591
    Прв пат слушам за фирмава, ама многу лош впечаток од примерот за скршена алка или не се затвора иако е поклон сепак остава впечаток дека продаваат неквалитетна роба. Подобро и да не даваат поклон таков.
    Не знам колку ќе траат цирконите на постојано носење. Треба да се ептен квалитетно залепени, што знам.
    Јас сум пандора фан, ја имам 5 години и не е мрдната, е приврзоците не ми се со циркони.
     
    На CameliaMiller, Трагедијаупмм и Gosh им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.395
    Допаѓања:
    13.840
    Пол:
    Женски
    Не сум љубител баш на ваков тип алки, првенствено заради начинот на затварање. Приврзоците најмалку па ќе ме убедат да купам. Едноставно не сакам да ми висат на рака толку додатоци.
     
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.880
    Допаѓања:
    8.312
    Колку што прочитав на Интернет, тие всушност препродаваат накит од различни кинески компании. Само се регистрирани во Њујорк во обид да се претстават дека тие го дизајнираат накитот.

    Затоа на некои потрошувачи, нарачките им пристигнуваат од Кина, на некои од Њујорк. Nothing new, мислам.

    Во однос на рецензиите, како и за се друго, пола се задоволни, пола не. Вторите се Пандора тим - Swifties верзија :D

    Мое лично мислење е ако си задоволна и ти одговара, go with it. Сепак, секој е различен :)
     
    На Oriental, CameliaMiller, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    1.365
    Пол:
    Женски
    Kaj gi ima kaj nas? Shto cena drzat?
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.216
    Допаѓања:
    269.853
    Јас сум Пандора фан.
    Прво имав ваква, класична
    upload_2024-2-29_12-27-47.png
    Сега имам ваква

    upload_2024-2-29_12-59-55.png
    Само што јас ја носам обратно од што ја рекламираат, односно отворот ми е од внатрешната страна на раката.

    Лично, ја преферирам втората многу повеќе од првата, и на лик, ама и не се развлекува туку баш затоа што е цврста не ми пречат привезоците. Првата со носење се прошири малку, плус и сигурносно синџирче имав и лично малку ту мач ми беше.
    Привезоци имам и со циркони и без циркони, сите си се ок, сребро е, нормално дека потемнува со носење, ама со нивното крпче или во било која сребрара, или со сода и оцет, супер си се чисти :)

    Не се ефтини со оглед дека е сребро, реална вредност среброто и нема баш, меѓутоа за мене ептен е мераклиска оти секој привезок точно имам зошто го носам, секој си има приказна :) Затоа за мене е бесценета ете.
    Ја вадам само за бањање.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  8. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    2.619
    Имам јас Gnoce нараквица, еве 3та година терам, одлична ми е :)
     
    На Gosh и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.216
    Допаѓања:
    269.853
    Како е шипинг за Македонија?
     
  10. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    2.619
    Ja добив на подарок од личност која живее во Италија, така да не знам
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.