Goodreads

Дискусија во 'Слободно време' започната од Butterfly14, 27 март 2013.

  1. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    455
    Goodreads е сајт за книги.Се регистрираш и можеш да си обележуваш кои книги си ги прочитал, да ги групираш, читаш критики или бараш препораки. Имате ли вие профил на goodreads?
     
  2. Yang.El.Off

    Yang.El.Off Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Имам...
    само често налетувам на книги кои се плаќаат...и ме нервира! |(
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.828
    Допаѓања:
    53.835
    Пол:
    Женски
    Јас го обожавам сајтов. Си имам профил, си бележам што читам и до кај сум, што сакам да прочитам, има одлични критики и мислења, си ги оценувам прочитаните книги. Си барам нови книги за читање, ми се свиѓа што можеш да видиш оценка и да прочиташ критики... :)
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lokumche

    lokumche Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    7
    штета што не знам добро англискии :(
     
  5. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Имам и после неколку прочитани книги, си бележам на сајтот. Интересно е, си читам критики, одговарам прашања од квизови некогаш. Ама ме нервира фактот што некои деца си прават профили и кога ќе ги отварам гледам 0 прочитани книги, 0 критики, ништо, само така им стои.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.828
    Допаѓања:
    53.835
    Пол:
    Женски
    Се крена доста врева деновиве на сајтов со новата политика за рецензиите. Многу корисници за да го искажат револтот го напуштаат сајтот и се селат на друго место, на пример Booklikes.
    Што мислите за ова?
     
  7. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    49.101
    Јас вчера се регистрирав, практичен е, нема да ги заборавам книгите кои што ги имам прочитано. :)

    Иако прашањето на RainBow погоре е од пред неколку месеци, сепак ќе одговорам. Нормално е да бидат избришани коментари или пак корисници на истите кои што не ги почитуваат правилата на сајтот.
    Повеќе од јасно е дека можеш да пишуваш мислење за книгата или пак за животот на некоја си личност ако е биографија или автобиографија. Но тоа е тоа, сајтот е за давање оценки и коментари, а не за критики упатени кон самите автори. За тоа може да си направат свој блог и нека пишуваат колку сакаат.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.828
    Допаѓања:
    53.835
    Пол:
    Женски
    Јас се бркам со предизвикот, мислам дека малку си претерав. Обично читам 70-80 книги годишно, тешко стотката да ја поминам, ама мислам дека ќе успеам до стотка да стигнам. За следната година ќе знам полабав предизвик да си ставам.
    Вие што имате профил на колку ви е предизвикот?
     
  9. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.291
    citaj i nema gajle, ke go podobris jazikot.
     
  10. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.291
    Ne sum clen, no sekogas procituvam kritika za knigata sto sum zainteresirana. Kolku veruvam? Toa e drugo prasanje. Najcesto baram da vidam dali istata kniga e prevedena od Laguna i slicni ( mislam na balkanski izdavaci), a potoa od blogeri.
    Ne se zatrcuvan odma da citam nesto sto ne e istrazeno.
    Doma imam golema biblioteka i site naslovi na knigi gi imam vo tetratka zapisano. Isto taka imam tetratka so plan od naslovi po kategoori (ona sto planiram da go procitam) i sekako ona sto sum procitala ( vo koj mesec), i broj na stranici.
    Nekakvi predizvici ne si stavam. Citam od ljubov ,a ne da im kazam na drugite kolku knigi procitav ( drugite vo mojot zivot imaat posledno mesto).
    Znam deka lugeto stavaat rokovi, brojki i slicno, pa vo nedostatok na brojka citaat mali knigicki ili nekvalitetni izdanija, za potoa da se pofalat sto napravile. Knigi ne se merat po broj, po stranici i slicno, se merat po kvalitet.

    Kako gi biram knigite?
    Prvo i najvazno mi e koricata, da odgovara na temata koja pretpostavuvam deka se kri vo knigata. Potoa, gledam kolku stranici e. Mali knigi pod 350 retko koga im davam sansa. Sum procitala mnogu i sekogas isto, nema moznost avtor da razvie prikaska i emocii vo kniga pod 350 st.A potoa sledi kratkoto size na red.Ako ne mi e poznata knigata ja slikam i trcam doma da istrazam dali e toa sto baram. Se slucilo i pokraj toa greska da napravam.
    Pa se razbira bezgresni ne sme.
    Citam semejni drami, trileri, biografii i istoriski romani. Nema da izlazam , a da ne kazam deka i Chick Lit citam, ama samo po avtobusi ,vozovi, flizernici i takvi slicni mesta.
     
  11. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    Не,ама кога се работи за било што поврзано со книги и читање,Ај'м он ит :clap:
     
  12. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    1.525
    Имам профил.
    Ги штиклирам книгите кои сум ги прочитала и кои сум во план да ги прочитам.
    Цитатите ми се омилени.
    :)
     
  13. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    1.599
    Пол:
    Женски
    И јас имам профил, страната е одлична за љубители на книги.
     
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    20.388
    Пол:
    Женски
    Јас имам профил веќе подолг период, практично е си запишувам што сум прочитала,до каде сум со некоја книга, и секако наоѓам нови книги и to-read листа.Јас имав ставено 70 книги во предизвикот, ама приметив дека голем дел од книгите ми фалат, затоа што немам ставено датум кога ја имам прочитано книгата.
     
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.224
    Допаѓања:
    6.548
    Пол:
    Женски
    Немам профил и не би имала. Не знам зошто ама не ме привлекува. Си имам оформен вкус и би ми било само губење време.
     
  16. Billy Idol

    Billy Idol Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    1.883
    Допаѓања:
    20.142
    Пол:
    Машки
    Направив профил после подолго време и го исполнив со сите прочитани книги. Некои од нив им дадов и рејтинг што ми беа прочитани во скоро време, на други не се сеќавав добро за да им дадам. Планирав да внесувам уште наслови што ги имам читано уште од дамнина, и си ветив дека ќе ги внесувам новите книги до каде сум и да ми биде up to date профилот.
    Иииии... Од тогаш не го ни отворив. :D

    Зошто и како, и самиот не можам да си одговорам, најпрво затоа што обожавам овакви страници и имам за филмови и серии. Единствено објаснение на самиот себе си што си го дадов беше дека не читам многу книги. Не верувам да се повеќе од 5-6 годишно, па немав потреба за него.

    Се надевам во следната година ќе навлезам подлабоко во светот на книгите, па ќе му најдам и поголема практична примена.
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    14.259
    Допаѓања:
    225.627
    Мене ми требаат пријатели на Goodreads. Кажете ако сакате да се спријателиме :)
     
    На ТрагачПоНадеж, macka91, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Писана

    Писана Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште немам Goodreads иако веќе подолго време мислам да инсталирам, но мислам дека е најдобро прво ти сам да си оформиш мислење за една книга пред да го читаш туѓото зошто кај мене има многу влијание туѓото мислење:sweat:
     
  19. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Машки
    Никој не те тера да го читаш туѓото мислење