Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Goodreads

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Butterfly14, 27 март 2013.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    Најомилениот период од годината кога станува збор за Гудридс.
    Јас си гласав уште сабајле и исто - никогаш не гласам за книги кои не ми се читани.

    Претпоставки за годинава немам, малку книги прочитав од новите и ретко која ми се допадна. Многу слаба година во поглед на книгите.

    Мои фаворити се The Push и Spanish Love Deception. Романсава мислам дека ќе ја земе наградата за најдобра романса на годината, а The Push за мене убедливо беше деби роман на годината.
    И двете книги очекував да се појават во повеќе категории, навистина отскокнаа годинава, барем кога станува збор за мене и моите преференци за добра книга.

    Мислам дека Кристин Хана би можела да победи во категоријата историска фикција. И веројатно редно време е да ја прочитам The four winds за да знам дали да ја гласам. :D
    Другиве од оваа категорија некако што знам, не ми оставија некој убав впечаток.

    За другите категории немам претпоставки. Се надевам дека овие моиве фаворити ќе пројдат во втор круг, им стискам палци. (fingers)

    @ane.bella што ти фати тебе око за гласање и дали има некои добри од другиве жанрови?
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Сега разгледував и сфатив дека уствари скоро па ништо не сум прочитала што излегло оваа година.

    Во Fiction гласав за Infinite Country, книгава нема да е ни во првите три во оваа категорија, но јас ја прочитав и ми беше многу убава и се изнаплакав.

    Во мистерија и трилери мислам дека ќе биде измеѓу The Push и The Maidens.

    The four wind сигурна сум дека ќе победи во историска фикција а сигурно ќр биде и во борба за книга на годината, во Book of the month веќе ја избраа за книга на годината.

    Како што пишав погоре за во Фантаси жанрот 98% сум сигурна дека ќе победи A court of silver flames, дај Боже да сум грешка :D 5 книги има во оваа категорија што ми се на листа за читање, па да видам како ќе поминат така ќе ги читам.

    Од романсите читана ми е само Neon Gods, и дадов 2** а можеби требаше да дадам само 1* Тука мислам дека пак ќе победи Емили Хенри со people we meet on vacation а може да не изненади и The Love Hypothesis, книгава излезе само пред 2 месеци и многу прашина крена за кратко време. Од сите номинирани во оваа категорија нај заинтересирана сум за It happened one summer од Tessa Bailey.

    Во Хорор се знае дека Стивен Кинг ќе победи, години уназад тој е прв во овој жанр (со исклучок на 2020)
     
    На MeckaCia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Goodreads Choice Awards 2021 ги објави победничките книги за оваа година.

    https://www.goodreads.com/choiceawards/best-books-2021?ref=gca2021winners_sa

    Romance - People we meet in vacation - Emily Henry и
    Fantasy - A Court of Thorns and Roses ги погодив победниците.
    Horror - го симнаа Стивен Кинг од тронот, неговата книга е 2 место.
    Young adult fiction - Шокирана сум дека The firekeeper's daughter победи, ја читавме тука во клубот и мислам дека никој не и даде повеќе од 3 sвездички.
    Historical Fiction - Maliby Rising - Taylor Jenkins Reid, не ми е читана не планирам ни да ја читам, повеќе слушав негативни критики од позитивни но ете... Има многу што гласаат за нивните омилени писатели а не за книгите, мислам и со оваа книга така е, Taylor Jenkins Reid, Sarah J Mass, Stephen King имаат цела армија на симпатизери :smirk:
    Mystery & Triller нај многу ме изненади, 100% бев сигурна дека ќе е измеѓу The madens и The Push
    Graphic novels & comics - Lore Olympus, ништо не знам за книгите во оваа категорија, но моментално ја читам победничкава и баш ми се допаѓа.
    За другиве категории немам некое мислење, многу малце имам прочитано од книгиве што беа на листа оваа година.
    Имаме многу феминки што читаат книги и баш ме интересираат вашите мислења :)
    @Mishela
    @Skyfall
    @RainBow
    @Emotional123
    @violetblue
    @sweet-cherry
    @simonna.a
     
    На Annath и Skyfall им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    Малибу рајзинг нема ниту И од историска фикција. Штета голема што не победи Кристин Хана или кој било од другите во жанров. Книгава на Тејлор е светлосни години далеку од историска фикција. Како бре ова е историска книга? Драма е за некоја си измислена фамилија, толку. Никаква историја, ништо.
    Срамота, ко мајтап ми се виде ова.

    Пресреќна сум само за Елена Армас, заалужена победа за најдобро деби. По мене, требаше да победи во категорија романса, книгата на Емили Хенри не беше нешто посебно ама ајде.
    Дебито беше печено за The Push, но ете не ја гласале доволно.

    Во принцип, секоја година е исто такво - Сара Џ. Мас со иста, пардон, слична корица и исто толку слична книга. Same old, same old. :D

    Баш ми е мило за Project Hail Mary, ја прочитав во меѓувреме и баш ми се допаднa.
    Некои од другиве што победија тек ќе ги читам па ќе видам како ќе ми се допаднат. Ми се чини интересна новата од Сали Руни и The last thing he told me. Другиве некако не ме заинтересираа. :D
     
    На Annath, crimson, Skyfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    @Mishela и ја се зачудив за Малибу рисинг во таа категорија. Никако не ми се вколпуваше. Ама ај си викам, што се разбирам јас :D
    Не сум разгледала убаво кои се победници. Оваа година најслабо гласав само во една категорија.
    Гласав само за Personal Librarian od Historical Fiction. Ги разлистав другите категории, или немав читано ниедна книга или за читање ми се книгите.
    Едниствена друга што ми беше читана е The 100 years of Lenni and Margo. Ама не гласав за неа.
    The last things he told me ја даваат на giveaways ама никако да ме извлечат мене :D ќе почекам уште малце и ќе си ја купам сама. Ми се гледа интересна за читање.
     
    На Annath и Mishela им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    И ти ја читаше Малибу, нели @Skyfall? Оваа ми е најбезвеза победник годинава, скроз е офтопик во таа категорија и еве се чудам што толку ја гласале покрај авторки како Хана, Кејт Квин, па ете и оваа авторката на Eternal што ја читавме во клубот беше подобар избор од Малибу.

    Тhe last thing he told me може треба да ја читаме во клубот. :lol:
    Поинаку не верувам да се решам да ја читам, ептен сум без мотивација и којзнае кога ќе дојде на ред.

    Personal librarian добра беше?
     
    На Annath и Skyfall им се допаѓа ова.
  7. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ја прочитав и јас Малибу да. Ок книга, ама покрај книгите во таа категорија не ми беше за победник. Да, Етернал имаше повеќе смисла да победи, иако и таа не беше толку wow.

    Personal librarian мене лично ми беше многу интересна. Баш мој стил на книга :) И одма почнав да гуглам за библиотеката на Морган, за Бел :D

    Може во клубот да ја прочитаме The last thing. :)
     
    На Annath и Mishela им се допаѓа ова.
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Од победничкиве немам ништо прочитано, па не би можела да коментирам, но голем дел од номинираните беа прекрасни книги
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.543
    Не читам баш многу жанрови, по мој избор се драма/трилер/мистерија/доместик ноир, и нешто од групата од овде кога читаме книга од друг жарн, така да не можам баш многу да кажам, освен дека во последно време оценките на книгите ми се нереални. Еве The Push не победи, ама победи The firekeeper,s daughter можеби затоа што се дигна повеќе прашина за неа и поголема реклама. А држи вода и тоа дека некогаш се гласа по дифолт за авторот во името на претходните добри книги.
    Некако сума сумарум оваа година немаше нешто екстра добри книги, барем за мој вкус, листата за книги за читање ми е речиси празна.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    За историска и мене не ми е јасно како Кристин Хана не победи. The Maidens не ја читав, некако мислев дека нема да ми се допадне, не знам зошто, ама ете. Сакав The Push да победи, а и мислев дека ќе победи, ама ете. Може да ставиме во клубот да читаме нешто, ама ајде веќе нека се погоди, годинава никаква со книгиве.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Почнавте ли со гласање годинава?
    Како ви се чини изборот на книги?
     
  12. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Нема да гласам оти од сите книги само онаа од Сара Џеј Мас што е во фантаси ми е читана а не сакам да ја гласам, и без мојот глас ќе победи во таа категорија :smirk:
    Имам претпоставки само за книги од жанрови што ги читам и следам. Како и секоја година така и оваа година 99% сум сигурна дека во фантаси ќе победи House of sky and breath од Sarah J. Mass.
    Во Романси една од двете на Хувер.
    Во мемоари I'm glad my mom died од Џенет МкКрди
    Во график новелс Heartstopper
    Во јанг адолт фантаси има доста голем избор, само да не е Belladonna, книгава ептен избувна наеднаш сите ја сакаат, мене ме мачи цел месец, едвај до 80 страна сум.

    Овие ми се моите претпоставки, па ај ќе видиме колку сум во право :)
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Не ми се верува дека The Maid победи во Mistery & Thriller. :x

    Јас гласав само во Romance за Reminders of him - Colleen Hoover
    Debut novel, Every summer after - Carley Fortune.

    Имав и уште од неколку други категории прочитано книги. Ама не заслужуваа глас според мене.
    Претпоставив во Романса дека ќе победи Book Lovers. Ми се појавуваше насекаде.
    Taylor Jenkis Reid пак победник во historical fiction. Уште кога ја видов номинирана, претпоставив ќе победи. ЃНе ми е читана книгата од неа, неможам да искоментирам дали е годинава заслужено.

    @ane.bella погоди за победниците :)
     
    На sweet-cherry и ane.bella им се допаѓа ова.
  14. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Ги следам цела година и знам во одредени категории кои се фаворити.
    Како сум ја пропуштила Тејлор ЏР во историскине не знам, и таа како Сара Џ Маас има верни следбеници што гласаат за нив без разлика дали книгите се добри или не. Во Фантаси никој не може да дојди на ред од Маас веќе 3 години со ред, ако во 2023 ја издаде и 3та книга од Кресент Сити пак таа ќе победи, треба да има под категорија за фантаси романс за да можат оние од епик фантаси да се истакнат.
    Ете ја и Емили Хенри пак на врвот иако има доста поделени мислења за книгата, викаат дека и е нај слаба до сега, ама има многу фоловерс и таа. Јас мислев дека една од двете на Хувер ке биде ама ете не е, Thank God!!
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    Јас не гласав годинава, го пропуштив рокот. Не ми се ни читани голем дел од новите во жанровите кои ги следам, само набрзина ги видов номинираните и овие што победиле.

    За ТЏР е скроз заслужена победата годинава, книгата беше одлична и не ни може да се спореди со дебаклот лани, само категоријата е малку промашена. Книгата е спортска драма, каква историска фикција. Требало да ја стават во fiction, на пример.

    Книгата на Емили Хенри не беше лоша, само и таа станува малку досадна со истиот шаблон во сите книги. Меѓутоа, далеку подобар избор е книгава споредена со двете нови очајни книги во обид на Хувер.

    Нита Проуз за греота, прошла Меид откај трилер, не па најдобар. Од ваму Дејзи Даркер ми е читана (не ми се допадна) и The night shift која и не беше така лоша, со неколку исклучоци.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Во почетнава рунда гласав за Evil Eye, The fourth wing, All the Dangerous Things и The covenant of Water.
    За романса не гласав, ништо од наведеното не ми се допадна, иако нешто имам читано, ама сите беа мех.
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    Ставиле romantasy категорија, видовте? :lol:
    Ама ко малку штуро да е, им фалат poetry, graphic novels & comics, детскиот оддел фали. Не верувам дека до толку немало избор, што знам.

    Гласав за The covenant of water, убедена сум дека ќе победи. :inlove:
    И за Салман Ружди, иако мислам дека имал далеку подобри книги ама тоа е сега, поддршка за омилените автори. :D

    Слабо читав нови книги годинава, а и од тоа што успеав да прочитам, ретко нешто што ми остави впечаток.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Да, имаше порано детска категорија, немаше сега, не ми ни текна, ама баш фали сега кога ја спомна.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Ама јас скоро ништо ново не сум прочитала оваа година. Многу од номинираните ми се на листа за читање ама не можам да гласам пошто не знам дали се добри.
    Нормално дека гласав за Fourth wing :D и само уште 2 други романси имам прочитано, таа од Р.Јарос и другата на Лиз Томфорд, ама и двете ми бес мехх и затоа нема да ги гласам.

    @Mishela да, јас одма пишав во другата тема, ама и време беше романтаси да има своја засебна категорија, нај сериозно :)
    А баш ми фалеше нешто ама никако не мошев да регистрирам што, и сега откако ти пиша за poetry, graphic novels и comics ми светна, да бее.. :D навистина штуро.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    А сега ајрон флејм нема да ја има за гласање, или ќе влезе во следната година? Или лош е датумот, па нема да влезе во ниеден избор?
    Не знам како им се правилата.