Сара Џ. Маас и Емили Хенри пак победиле, се осеќам како да сме заглавени во некој панично и манично повторувачки циклус со наградиве. Емили па и за аудиобук добила, двојна победа годинава. Догодина тројна некоја, да удри уште појако. Ја има некој читано книгава (Funny Story), да каже дали е добра? Мене нејзините книги ми станаа премногу повторувачки некако, сетингот е секаде ист, истиот рецепт само различни имиња на ликовите, па ја ставив на пауза авторкава. Не ме чуди Кристин Хана со победата, знаев. Книгава ми беше далеку од добра мене, многу слабо. А рејтингот 4.62, не можам да се изначудам. Aко не се лажам, беше и повисок. Oд победнициве, ми фатија око за читање: The Wedding People The God of the Woods The Ministry of Time How to End a Love Story И би го читала мемоарот на Кели Бишоп од Девојките Гилмор. Ако некоја од вас читала нешто од листава, нека каже. Имам тежок reading slump, се надевам дека нешто од ова ќе ја разбие кризава.