Здраво феминки и феминци! Не видов слична тема, и сакам да ве запознаам со овој програм. Значи, ова е програм на кој можете да цртате секакви дизајни, или куќи. Јас цртам на овој програм веќе 2 години и со доволни вежби, стигнав до ова: Што велите? И, да ако сакате да го инсталирате овој програм и да цртате на него: http://google-sketchup.en.softonic.com/
Јас ја спуштив програмава, имам работено на слична ама пред неколку години. Може малку повеќе да објасниш за тоа како се работи (како се црта, внесува други елементи итн) ? Благодарам однапред.
Се разбира! Еве го видеото што го направив пред некој ден: http://www.youtube.com/watch?v=c0mLRR_TFfk Ова е само за почеток. Имам уште видеа кои покажуваат како сум ја правела куќата погоре. Ќе фати време за да се симнат на YouTube. Едит: Го симнав видеото за како да ја направите куќата погоре: http://www.youtube.com/watch?v=vw2Yp5kmr_Q