Форумџика на годината

GOSH козметика

Дискусија во 'Лице' започната од girl.23, 30 јули 2011.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Споделете го Вашето искуство со Gosh козметиката :)

    Мислам дека имаат пристапни цени и добар квалитет, па затоа и отворив посебна тема ;)

    Преубави ми се моливите за очи, лесно се нанесуваат, многу трајни се и имаат убави нијанси. Цената им е околу 250 ден.

    Дали некој ја користел пудрата NATURAL TOUCH и каква е? (била околу 400ден.)
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Во последно време се’ почесто ја употребувам козметиката на Гош.
    Пудрата Natural Touch е убава лесна пудра, средно мат, мала до средна покривност. Пријатно мириса и дава свеж изглед, за летово ми е погодена. На почетокот имав поделено мислење, ама се навикнав сега на неа и добра ми е. Задоволна сум од маскарата Show me volume, сега ја имам Sеrious Volume ама првата ми е подобра.

    Моливчињата за очи се одлични.
    Најзадоволна сум од кармините Vеlvet Touch, мазни се, многу трајни и имаат преубави нијанси. Оваа ми е омилена за летово, преубаво стои на блед тен, а сигурно добра ќе е и на исончан. 43 Tropical Pink
    [​IMG]

    Oд млекото за чистење шминка сум задоволна, а наредно планирам да го пробам тоникот за лице и кремот за сите видови кожа. Ако некој го пробал кремов чекам искуство.
    [​IMG]
    Порано употребував препаративна козметика на Гош ама не бев многу задоволна, сепак ова е целосно изменета колекција и се надевам дека е подобра.

    Сите млека за тело ми се преубави, од класичните до новите овошни. И рол-он антиперспирант користам од Гош, одлично заштитува.

    Ми се допаѓа новиот парфем, Gosh Nothing More, многу специфични и несекојдневни ноти има, не ме потсеќа на ниеден друг. И Gosh In the Box ми се допаѓа за во лето, и прилично е траен, но ја нема таа посебност како Nothing More. Имаат и убави машки парфеми, неколку пати имам подарено, квалитетни се и убаво изгледаат, а цените им се многу пристапни.
    [​IMG][​IMG]

    Планирам наредно да се подновам со неколку од пигментите (сенките во прав), па ако некој пробал нека пише искуство. Исто ме интересира дали сте задоволни од руменилата.

    Презадоволна сум од бронзерот, иако ми падна уште неотворен и се раздроби цел, сепак го користам и одличен е. Цената е малку повисока, но количината е огромна, ми се чини никогаш нема да го потрошам :D

    Нов производ им е долготрајниот кармин како фломастер, сличен на тој на Макс Фактор. И тоа планирам да го проверам. :wasntme:

    Би сакала да ја донесат кај нас и линијата за коса, привлечно ми изгледа.
    ... Уште нешто заборавив - имам една четка за шминка и задоволна сум, ќе набавам уште некоја.

    :whew: :whew: :whew:

    Едит - знаев дека заборавив нешто :D
    Тушот за очи е одличен, го нанесувам и не мрда никаде.
     
    На senza.parole, girl.23 и duffi им се допаѓа ова.
  3. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Од Гош имам 2 четки (едната закосена, другата за усни), од кои сум презадоволна, и сјај, кој не го користам многу, ама сепак добар е.
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Пудрата ја немам користено моливчињата се предобри зошто тешко се отсртануваат и кармните се топ :D :D
     
  5. Arris

    Arris Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    22
    Од козметиката на Gosh сум ја користела течната пудра али лично мене воопшто не ми одговараше, ми направи алергија :( незнам зашто скоро сите ја фалат, али задоволна сум од нивниот сјај, стварно е добар :D
     
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    Имам неколку производи на Гош и од сите сум задоволна.
    Ги имам сенките- палета од 3 бои. Сјајче за уста- розево ептен си го сакам. И млекото за тело- ова ми е ново откритие , досега немав користено Гош млеко за тело.
    Мајка ми веќе подолго време ги користи карминчињата, и стварно е задоволна.

     

    Прикачени фајлови:

    • gosh-body-moist-balsam-do.jpg
      gosh-body-moist-balsam-do.jpg
      Големина на фајлот:
      6,4 KB
      Прегледи:
      1.925
    • SDC11377.JPG
      SDC11377.JPG
      Големина на фајлот:
      109,8 KB
      Прегледи:
      1.925
    • trios.jpg
      trios.jpg
      Големина на фајлот:
      26,3 KB
      Прегледи:
      1.925
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    LivingGlam, колку пари е парфемот? И зошто велиш дека е изменета колекција? Се ребрендираа, го изменија асортиманот или нешто друго?

    Пс. за моливот за кој напишав, се работи за Velvet Touch, одличен е :)
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Грл порано беа сосем поинакви кремите, лосионите и млеката за лице. Тие не ми одговараа, еднаш ја пробав цела колекција. Тоа беше пред околу 4 години.
    Не се ребрендираа, туку таа линија веќе ја нема и е заменета со друга линија на производи Gosh Professional Skin Care што ми изгледа привлечно. Само млекото за лице го имам пробано од тоа и одлично е, ама деновиве ќе се изјаснам и за кремот за лице.

    Парфемите - Gosh Nothing More e околу 500 денари за 30 мл, In The Box е нешто под 900 денари за 60мл.
    Машките им се иста цена. Дечко ми ги бендисува сите освен Golden Kaos, тој му е јак.
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    А колку чинат карминчињата од оваа колекција, ова кремастото ми изгледа привлечно - огромен фан сум на ваквите бои на кармини! :D
     
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    Мислам дека се околу 400 ден.
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Velvet Touch се околу 230 денари.
     
  12. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.038
    Пол:
    Женски
    Од гош единствено што ми се допаѓа се сјајчињата, пудра имам земено пред некоја година, и бојата воопшто не ми се погоди, од 6 нијанси јас ја земав третата беше бела како да е најсветла нијанса |( имам и една сенка дома ништо не е посебно, истиот ефект го има и со поефтини сенки |(
     
  13. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    Од козметиката на Gosh гористам моливчиња за очи од кои сум задоволна воопшто не се размачкуваат,користам сенки за очи тие што амбалажата им е црна тркалезна внатре има четири слични нијанси,јас ја користам сино зелено лилавата палета и црно гри белата добри се но мене лично повеќе ми се допаѓаат сенките на Manhattan некако понежно ми делуваат и исто така од колекцијата на Gosh имам користено млекото за тело со ист таков дезодоранс убави се ми се допаѓаат имаат пријатен мирис.
     
  14. unique-s

    unique-s Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    9

    Каде го има маркерот? Не сум прошетала месец дена по парфимерииве па само на Макс Фактор го имам видено
     
  15. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Тушот и маскарата на Гош се преквалитетни :)
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Па нов е, последниов месец го донесоа, гледам го нема ни на веб страната на Гош, не е ажурирана.
    Прошетај по парфимериите би требало да го најдеш.
    Вака изгледа
    [​IMG][​IMG]
    Не знам ни цена, ништо, само ги забележав еднаш (во Охрид).
     
  17. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Козметиката на Гош порано ми беше многу по квалитетна, конкретно маскарите беа незаменливи. Незнам зошто но по некое време некако не ми беше иста на квалитет и многу бргу ми се сушеа и од тогаш немам купувано.
     
  18. MELISSA-69

    MELISSA-69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    од гош имам само од моливите велвет, и се супеееер, а останато нешто немам, не сум наклонета кон гош :?:
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    од оваа козметика имам:
    четка за руменило-супер е
    златест туш за очи
    и мајка ми ја користи течната пудра 22 Натурал-Лифт ми ап и е многу задоволна :)
     
  20. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Немам многу користено од гош, но тоа што го имам ми е супер. Тушот со тврда четка е одличен, лесна апликација, не се мачка а и лесно го отстранувам. Исто имам и 2 сјајчиња и исто се супер..
    мислам дека ова е квалитетен бренд.