Споделете го Вашето искуство со Gosh козметиката Мислам дека имаат пристапни цени и добар квалитет, па затоа и отворив посебна тема Преубави ми се моливите за очи, лесно се нанесуваат, многу трајни се и имаат убави нијанси. Цената им е околу 250 ден. Дали некој ја користел пудрата NATURAL TOUCH и каква е? (била околу 400ден.)
Во последно време се’ почесто ја употребувам козметиката на Гош. Пудрата Natural Touch е убава лесна пудра, средно мат, мала до средна покривност. Пријатно мириса и дава свеж изглед, за летово ми е погодена. На почетокот имав поделено мислење, ама се навикнав сега на неа и добра ми е. Задоволна сум од маскарата Show me volume, сега ја имам Sеrious Volume ама првата ми е подобра. Моливчињата за очи се одлични. Најзадоволна сум од кармините Vеlvet Touch, мазни се, многу трајни и имаат преубави нијанси. Оваа ми е омилена за летово, преубаво стои на блед тен, а сигурно добра ќе е и на исончан. 43 Tropical Pink Спојлер Oд млекото за чистење шминка сум задоволна, а наредно планирам да го пробам тоникот за лице и кремот за сите видови кожа. Ако некој го пробал кремов чекам искуство. Спојлер Порано употребував препаративна козметика на Гош ама не бев многу задоволна, сепак ова е целосно изменета колекција и се надевам дека е подобра. Сите млека за тело ми се преубави, од класичните до новите овошни. И рол-он антиперспирант користам од Гош, одлично заштитува. Ми се допаѓа новиот парфем, Gosh Nothing More, многу специфични и несекојдневни ноти има, не ме потсеќа на ниеден друг. И Gosh In the Box ми се допаѓа за во лето, и прилично е траен, но ја нема таа посебност како Nothing More. Имаат и убави машки парфеми, неколку пати имам подарено, квалитетни се и убаво изгледаат, а цените им се многу пристапни. Спојлер Планирам наредно да се подновам со неколку од пигментите (сенките во прав), па ако некој пробал нека пише искуство. Исто ме интересира дали сте задоволни од руменилата. Презадоволна сум од бронзерот, иако ми падна уште неотворен и се раздроби цел, сепак го користам и одличен е. Цената е малку повисока, но количината е огромна, ми се чини никогаш нема да го потрошам Нов производ им е долготрајниот кармин како фломастер, сличен на тој на Макс Фактор. И тоа планирам да го проверам. Би сакала да ја донесат кај нас и линијата за коса, привлечно ми изгледа. ... Уште нешто заборавив - имам една четка за шминка и задоволна сум, ќе набавам уште некоја. Едит - знаев дека заборавив нешто Тушот за очи е одличен, го нанесувам и не мрда никаде.
Од Гош имам 2 четки (едната закосена, другата за усни), од кои сум презадоволна, и сјај, кој не го користам многу, ама сепак добар е.
Од козметиката на Gosh сум ја користела течната пудра али лично мене воопшто не ми одговараше, ми направи алергија незнам зашто скоро сите ја фалат, али задоволна сум од нивниот сјај, стварно е добар
Имам неколку производи на Гош и од сите сум задоволна. Ги имам сенките- палета од 3 бои. Сјајче за уста- розево ептен си го сакам. И млекото за тело- ова ми е ново откритие , досега немав користено Гош млеко за тело. Мајка ми веќе подолго време ги користи карминчињата, и стварно е задоволна.
LivingGlam, колку пари е парфемот? И зошто велиш дека е изменета колекција? Се ребрендираа, го изменија асортиманот или нешто друго? Пс. за моливот за кој напишав, се работи за Velvet Touch, одличен е
Грл порано беа сосем поинакви кремите, лосионите и млеката за лице. Тие не ми одговараа, еднаш ја пробав цела колекција. Тоа беше пред околу 4 години. Не се ребрендираа, туку таа линија веќе ја нема и е заменета со друга линија на производи Gosh Professional Skin Care што ми изгледа привлечно. Само млекото за лице го имам пробано од тоа и одлично е, ама деновиве ќе се изјаснам и за кремот за лице. Парфемите - Gosh Nothing More e околу 500 денари за 30 мл, In The Box е нешто под 900 денари за 60мл. Машките им се иста цена. Дечко ми ги бендисува сите освен Golden Kaos, тој му е јак.
А колку чинат карминчињата од оваа колекција, ова кремастото ми изгледа привлечно - огромен фан сум на ваквите бои на кармини!
Од гош единствено што ми се допаѓа се сјајчињата, пудра имам земено пред некоја година, и бојата воопшто не ми се погоди, од 6 нијанси јас ја земав третата беше бела како да е најсветла нијанса имам и една сенка дома ништо не е посебно, истиот ефект го има и со поефтини сенки
Од козметиката на Gosh гористам моливчиња за очи од кои сум задоволна воопшто не се размачкуваат,користам сенки за очи тие што амбалажата им е црна тркалезна внатре има четири слични нијанси,јас ја користам сино зелено лилавата палета и црно гри белата добри се но мене лично повеќе ми се допаѓаат сенките на Manhattan некако понежно ми делуваат и исто така од колекцијата на Gosh имам користено млекото за тело со ист таков дезодоранс убави се ми се допаѓаат имаат пријатен мирис.
Каде го има маркерот? Не сум прошетала месец дена по парфимерииве па само на Макс Фактор го имам видено
Па нов е, последниов месец го донесоа, гледам го нема ни на веб страната на Гош, не е ажурирана. Прошетај по парфимериите би требало да го најдеш. Вака изгледа Спојлер Не знам ни цена, ништо, само ги забележав еднаш (во Охрид).
Козметиката на Гош порано ми беше многу по квалитетна, конкретно маскарите беа незаменливи. Незнам зошто но по некое време некако не ми беше иста на квалитет и многу бргу ми се сушеа и од тогаш немам купувано.
од оваа козметика имам: четка за руменило-супер е златест туш за очи и мајка ми ја користи течната пудра 22 Натурал-Лифт ми ап и е многу задоволна
Немам многу користено од гош, но тоа што го имам ми е супер. Тушот со тврда четка е одличен, лесна апликација, не се мачка а и лесно го отстранувам. Исто имам и 2 сјајчиња и исто се супер.. мислам дека ова е квалитетен бренд.