Имам само маскара од Гош. За волумен. Препрезадоволна сум. А ја меркам и камената пудра. Некаде 450 денари беше, не се сеќавам баш.
Добри се, неможам да се пожалам. Сум го користела моливчето за очи, потоа сјај, а сега имам сенки. Супер се.
од Гош досега сум купила апликатор за сенка и чешле за веѓи, но не бев задоволна од нив бидејќи сунѓерот од апликаторот се распадна а не го користев многу, додека пак чешлето за веѓи се скрши а со него веѓи од две три влкана сум чешлала, баш чудно . апликаторот инаку е од првата серија на гош незнам за новиот. друго од Гош имам користено маскара и молив tru brown водоотпорен и сум презадоволна и од двете работи, навистина моливот им е перфекција, не се размачкува. од оваа маскара најзадоволна бев, ептен беше супер. сега планирам да си земам и црн молив.
Од оваа козметика имам само дреч најдреч портокалов кармин, нијанса која ја барав којзнае колку време и само од Гош имаше толку чисто портокалова... После, имав сјајче нежно розево порано, добро беше само ептен лепливо за мој вкус.. И лосионите за тело се преубави, сите мириси ммм..
Сакам да прашам тушовите од Гош колку се и колку од вас се задоволни, и ги користат? Спојлер Можеби требаше прашањево да го поставам во темата за туш, но ако и во темава, бидејќи цела е посветена на Гош.
Јас го користам овој туш на Гош и презадоволна сум. Не се размачкува воопшто и трае долго. Мислам дека е околу 320 денари.
Можам да речам дека ми е една од омилените козметички куќи. Не толку скапи, а доста квалитетни. Имам користено камена пудра Од која многу сум задоволна Маскарата е незаменлива! Исто така имам користено и ефектна пудра или руж, со светки, али предобар
Од Гош стандардно си ги купувам кватро и трио сенките - предобри им се и имаат баш нијанси какви што ми одговараат и сакам. Моливчињата за очи им се исто одлично - од нив ги имам само оние повпечатливите за ноќно излегување и навистина се одлични. Во последно време сум навлечена на млекото за тело со мирис на creme brulee кое ме воодушеви. Ја хидратира кожата а мирисот едноставно трае цел ден, преубав е! И секако да не го заборавам парфемот кој го добив благодарение на Фемина - Gosh In The Box и баш е нежен но впечатлив, ми се допаѓа
Јас да си се пожалам нешто сакам. По зборовите на чупево над мене,се заљубив во тој лосионот Creme brulee. И го барав во Веро Тинекс Јуник...ма јок.Денес ми текна во КосмоТинекс да го побарам. И таму да ти ги има сите мириси од таа колекција освен тој што го барам.Абе што да ви кажам разочарење на квадрат. И дечко ми ме спотера дома па немав време и до друг Космо да проверам. Али утре ми е во план. Друго од Гошов,имам руменило.Баш прееска во соодветната тема се искажав. Убаво е ,и бојата ми се погоди и се,ама многу малку трае бе.. После 2 саата,ко никад да не си ставила руменило на лице. Сакав баш и сенки да си купам,ама ме фати страв ко руменилово да не се..м? Да им ги пофалам моливчињата за очи,спешли црното.Интензивно за мерак,поинтензивно амин. Абе ко со туш линија да си правела,прекраснотии. И сјајчиња некои имам користено,и добри се онака,просечни. И толку, мислам дека.
Дали некој има користено од Гош течна пудра? Незнам зошто добив желба да е на Гош дали поради квалитетот на црното моливче што го имам? Инаку имам нормална кожа.
Морам да ги пофалам сјајчињата од gosh , лаковите кои се фантастични , и сега најново вака купив моливчиња едното кафено другото тиркизно ми требаше баш онаа тиркизното ми одговара на едно фустанче и баш сум задоволна
Тиркизно моливче барам веќе подолго време, а никако да најдам! Каква нијанса е поточно - онака баш тиркиз, или светлуцава, бледа ? Ќе дадам и 300 денари ако треба, ама да држи на око. Инаку, 200-250 беа моливчињава на Гош, или ?
Колку пари е моливот велвет тач? Јас во парфимерија го купувам за околу 250ден., ама во Веро мислам дека беше околу 170-180ден. . Не знам точно, зошто многу беа измешани моливите, немаше прегледност на цените...
Лаковите им ги обожавам, пудрата natural touch секој ден ја користам, затоа што е лесна и ми одговара на лицето. Исто имам и туш од гош, задоволна сум. Сега сакам уште некоја сенка да им пробам, и тој огромниот бронзер...