Имав четка и руменило, купени пред неколку години. Руменилото беше солидно, ниту нешто ваууу, ниту лошо, ама четката беше фантазија. Ја користев 1-2 години сигурно, абе влакненце не пушти, откако ќе ја исчистев како нова беше, ама или ја изгубив или некој ми ја украде, повеќе ова второво, зошто четка е, не е игла ќе ја најдев ако беше изгубена, и тоа од несер ми ја снема, во смештај на одмор. Незнам кој се зажеле толку за мојата користена четка , ама првата вечер ја користев, а втората ја немаше. Детален преглед низ куферите, и мојот и на другарките и низ апартманот и морав да се помирам со тешко срце, дека ја нема веќе. И од сјајевите сум презадоволна, иако во последно време, купувам поефтини ама во повеќе различни бои (годен роус рулс), овие на Гош се одлични. Користев најчесто нјуд нијанси, на све да ми одговараат. Посебно од овој бев препрезадоволна, и нијансата, и сјај и трајност.
Ја обожавам gosh козметиката.Имам црн молив за очи кој е перфект исто како да имам нанесено туш,тушот исто така трае цел ден,сенките ми се перфекција слични како оние на Artdeco што се продаваат поединечните,пудрата ми е најнов хит-презадоволна и во текстура и во покривност,за разлика од manhattan која иако имам мрсно лице ми го сушеше до крајност.
Од Гош го имам шајмеров и сум презадоволна. Инаку девојки какви се цените на пудрите на Гош и колку сте задоволни од нив? Да ми препорачате некоја за нормална кожа со добра покривност и долготрајност?
Пудрите се околу 580-600 денари со огооомна моќ на покривност,и многу долготрајност.Јас пошто имам мрсно лице долго време ја користев црната од менхетен,ама беше толку тешка што ми го исуши цело лице.Оваа пудра од гош има полесна структура,лесно се размачкува и долго трае. Исто мислам дека и од линијата на антурал велвет од гош пудрите се околу 450-500.
Околу 500 денари од парфимерија РИ-МА Бисер Веќе 2 години го користам и уште не сум го потрошила, а секојдневно ставам Фала за одговорот п.с.Од пудрата што ми ја препорачуваш да ставиш некоја слика, ќе може?
Од сите козметички производи што досега ги имам користено од GOSH сум презадоволна, особено од пудрите и сјаевите за усни.
Да им ги пофалам коректорите, заради нив изгледав како да сум изнаспена сите 10 дена на екскурзија, ни подочањак ми се види ни бубуљица а се нафрлав премногу од нечистотиите во автобус. Е сега земав и едно зелено плус, тоа е за црвенила, не дека имам нешто многу, ама го искористив баш на една гребаница на вратот, ставив прво од зелниот па од обичниот, и денес гледам веќе немам црвенило, вајда се повелекло дали само дали од ова марсовсково незнам стварно Ама зелена боја, мајко моја, прав марсовец, си цртав бркови на зафркнција течниот е подобар него стикот, поприроден изглед дава.
Јас па од подлогата за шминка на Гош сум презадоволна. А и сјаевите им се супер. Се мислев за коректорот, ама Хипстер ми ги разрешни недоумниците и обавезно ќе одам да си купам.
Подлогата ја земав 650 ден. и колку што видов цените скоро сегде и беа отприлика толку. За останатите производи кои ги имам не се сеќавам баш на цена.
Хипстер, ако не ти е тешко гукни колку паринки е коректорот? Мојот е при крај, па ептен ме заинтересираа овие твоиве. И пак да прашам - да не случајно има и фиксатор од фирмава, или подлогата е нешто налик на тоа? Јас ја користeв, ама искрено и немам забележано некоја посебна појава као да ми трае подолго пудрата откако ќе ја нанесам, ами само ми го мазни лицето и дава некој таков ефект на рамно, чисто лице. Ми треба фиксатор, а никако да се одлучам каков да земам, кај нас нема голем избор, а оние што ги има не ми прават ќеф, па ме интересира дали Gosh имаат нешто такво.
Mishela, macаlove i noel сега се обидувам да се сетам на точната сума, на коректорот, ги земав од веро центар од кај мене, госпожата мајка ги плати па затоа не обрнав многу пажња колку се Простете, еве се мислам колку беа баш споредував цени со менхетенот, тука беа некаде, околу 300 сите коректори. Ако одам утре до таму ќе ви пишам колку се, ма да во Космо може се некој денар помалку, или Зегин ако има воопшто. Јас го сакам овој top coat matte nail polish, ако го види некој негде, нека ми каже, без разлика на цена, со месеци ми е во глава, ако не го купам мислам ќе побацам
Провери си во Космо, јас од таму го купив top coat matte-ot 139 денари. П.С. Провери си сама, бидејки кога прашав ми рекоа дека нема, ама јас се снајдов и најдов
Хипстерке, го има лаков и во Еликсир. Знам прееска го заприметив, ама не се распрашав за цената, изумив ете. Ако наминам утре по нешто друго, ќе прашам и ќе споделам тука во темава, ако не - знаеш каде да бараш.
Јааас млеката за тела гиии обожавам и за ништо не ги менвам! Има едно парфемче од гош, KAOS се вика, и ми се чини дека најубав мирис на свето е! Сеа на мене не трај многу,ама не можам да го обвинам,на мене ништо не трај многу