Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

GOSH козметика

Дискусија во 'Лице' започната од girl.23, 30 јули 2011.

  1. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    Сакам да купам сенки од гош. дали ги има некој користено и како е задоволен??? Поздрав
     
  2. Marija9

    Marija9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дали некој го има користено парфемот од Gosh in the box?
     
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    За мирисот претпоставувам дека знаеш каков е штом те интересира- свеж и пријатен, баш за пролет.
    Трајноста му е одлична, тоа можам да ти го потврдам. Трае не само на облека туку и на кожа.
     
    На kitty.m му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marija9

    Marija9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Да, го мириснав пред некој ден во една парфимерија случајно ама првпат тогаш го видов, немав слушнато досега за таков парфем и мн ми се бендиса, 1000 денари мислам дека беше а 100 ml ако не се лажам.
     
  5. darlingB

    darlingB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    127
    Поделено е моето мислење во врска со оваа козметика.
    Имам купено 2 руменила, па и не ми се допаднаа баш ич. Некако се многу пигментирани, колку и малку да макнеш со четката, пак некако како валкано изгледа.
    Пудрите не им ги имам пробано, но само пофални зборови за новите маркери за уста, 5ка се !
     
  6. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Не е многу добра а не е ни многу лоша .
     
  7. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Прашав и во темата цени, ама изгледа тука е посоодветно. Лосионите за тело која цена се да ми каже некој?
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Зависи кои.
    [​IMG]
    ^Овој е 150-160 денари,најефтин е во Космо мислам
    [​IMG]
    ^Oвие се мислам 320-30 денари, ама пе се и поголеми по 300 милилитри.
    И двата сум ги користела супер се.
    Имаш различни видови, со разни мириси.
    [​IMG]
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    ^ Јас имам лосион од Гош, 150 мл, од кокос е, во бела опаковка, и го земав од Космос неповеќе од 160 денари.
    Мене лично воопшто не ми се допаѓа ни густината, ни миризот, и ете го ми седи нечепнат. Можеби дека се навикнав на Викторијас Сикрет и ништо друго не ми прима кожава, затоа пробај си и одлучи.
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Јас сум го имала ама не ми е нешто омилен а за траење е солиден не е лош мада мајка ми го дотроши и си купи жената пак нејзе и се допаѓа :)
     
  11. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Мене ми се супер , едни од поомилените ми се . Така да би ти препорачала да ги користиш !
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    106.058
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Користам ваков молив за исцртување веѓи на Гош и сум задоволна :)
     
  13. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Јас не сум задоволна од Гош, како девојка користев нивни производи заради пристапните цени :) Сјаевите на пример им се катастрофални по некое време се усмрдуваат и мирисаат на смрдливи чорапи,фуј!Ружевите им се многу пигментирани, а сенките воопшто не се трајни!За тие пари денеска има и подобар избор!
     
  14. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.478
    Ми се допаѓаат лосионите на Гош, лесни се и веднаш се впиваат :inlove: .
    Oвој од крем бруле многу ми се допаѓа, мирисот му е траен :inlove:
    [​IMG]
    A овој од брузница ми е одвратен мирисот :puke:
    [​IMG]
     
    На detelinkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    106.058
    Пол:
    Женски
    Женски а сенкиве колку пари се дали знаете? Тие што се со три и четири бои?
     
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Какви се лосионите за тело од Гош?
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    Па не се лоши - јас го зедов оној крем бруле пред скоро, си ја потрошив залихата лосиони и ми требаше било што.
    Хидратантен е, нежен, убаво мириса, ама не ми се виде баш траен мирисот. :?:
    Наредниот пат ќе земам некое друго од колекцијата, може ќе потрефам некое подолготрајно. :D
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Имам користено само ББ крема, една маскара порано што ја имаше со силикон од едната страна што беше и моливи за очи. Друго ништо немам пробано, ок и четка една за руменило. ББ кремата е одлична, и моливчињата се супер, т.е. црното само го имам, трајно е и веднаш пушта линија, нема потреба од притискање. Сакам да ја пробам пудрата во црно пакување X ceptional, ми се виде убава, па дали би одговарала за сува кожа, каква и е покривноста, трајноста, итн... нека ме просветли некој :)
    Друго што ме интересира е дали има некоја маскара што има гумена(силиконска) четкичка со кратки влакна од оние што се повеќе за издолжување и дефинирање на трепките, затоа што немам видено,а гледам многу ги фалите па би си земала.
    Кога станува збор за парфемите, другарка ми користи еден ДНА мислам дека пишува на шишенцето и има отпечаток, во жолта кутија околу 600 ден. го купила ама мириса на километар и предолго и трае мирисот. Навистина има убав специфичен мирис, јас мислев дека се работи за некој скап парфем кога ја мириснав. Лајк за парфемите од мене.
     
  19. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    [​IMG]

    Moментално само ваков парфем имам од гош и сум презадоволна!! Долготраен е и прекрасно мириса :)
     
  20. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Не којзнае колку, ама досега имам користено повеќе производи од гош и нема утка дефинитивно! :)